Филип Ворен Андерсон

Филип Ворен Андерсон (англиски: Philip Warren Anderson 13 декември 1923 - 2020) — американски физичар и добитник на Нобелова награда за физика. Андерсон има големи придонеси и во теориите за локализација, антиферомагнетизмот, нарушувањето на симетријата, високотемпературна суперпроводливост и за филозофијата на науката низ неговите записи за емергенцијата.[1]

Филип Ворен Андерсон
Роден(а)13 декември 1923(1923-12-13)(101 г.)
Индианаполис, САД
НационалностАмериканец
ПолињаФизика
УстановиБелови лаборатории
Принстон
Кембрички универзитет
ОбразованиеХарвард
Американски поморска истражма лабораторија
Докторски менторЏон Хазбрук ван Флек
Поважни наградиБаклиева награда (1964)
Нобелова награда за физика (1977)
Национален медал за наука (1982)

Биграфија

уреди

Андерсон е роден во Индианаполис, Индијана и израснал во Урбана, Илиноис. Тој дипломирал во месното училиште во Урбана во 1940 година. Подоцна, тој се запишал на Харвард на додипломски и подипломски студии, каде за време на војната работел во Американската поморска истражна лабораторија. додека бил дипломец ментор му бил Џон Хазбрук ван Флек.

Од 1949 до 1984 година тој работел за Беловите лаборатории во Њу Џерси, каде раотл на ралични проблеми кај кондензирана материја. За време на овој период тој ја равива т.н. Андерсонова локализација (идејата била дека издолжените состојби можат да се локализираат со присуство на неред во системот), го измисил Андерсоновиот хамилтонијан, кој го опишува месното заемодејство електроните кај преодните метали, го развил денес познатиот „Хигсовиот“ механизам за создавање на масата кај елементарните честички, го создал псевдоспинскиот пристап до BCS теоријата на суперпроводливоста, има направено истражувања во областа на не-S брановото спарување (оние за нарушување на симетријата и микоскопскиот механизам) кај супертечниот He3, и помогнал да се основа областа на вртежните-стакла. Тој бил избран за член на Американската академија на уметностите и науките во 1963 година.[2]

Од 1967 до 1975 година, Андерсон бил и професор по теориска физика на Кембричкиот универзитет. Во 1977 година Андерсон бил награден со Нобелова награда за физика за неговите истражувања на електронската структура на магнетните и неуредните системи, кои овозможиле развој на електронското прекинување и мемориските направи кај сметачите. Коистражувачите Невил Франсис Мот и Џон Хазбрук ван Флек ја поделиле Нобеловата награда. во 1982 година, бил награден со Национален медал за наука. Тој се пензионирал од Беловите лаборатории во 1984 година и денес е Џозеф Хенриев професор по физика, во пензија на Принстон.

Андерсоновите Концепти на цврстите тела (Concepts of Solids), Основни поими во физиката на кондензираната материја (Basic Notions of Condensed Matter Physics) и Теоријата на суперпроведливоста на високо-Tc купрати (The Theory of Superconductivity in the High-Tc Cuprates). Андерсон моментално е член на одборот на советници на Научници и инженери за Америка, и организација за промовирање на науката во американската влада. Тој е сертифициран првпстепен мајстор за кинеската игра Го.

Андерсон има направено важни придонеси за филозофијата на науката низ неговото објаснување на емергенцијата. Во 1972 година тој напишал мошне цитиран натпис наречен „Повеќе е поразличнп“ во кој се опфатени ограничувањата на редуктитизмот и опстојувањето на хиерархиските нивоа на науката, од која секоја побарува сопствени основни принципи за напредок.[3]

Во 2006 година статистичката анализа на научните истражувања од Хосе Солер, кој спредува бројни наводи во трудот со бројот на цитати, го прогласил Андерсон за најкративен меѓу десетте први физичари во светот.[4]

Андерсон е атеист[5] и е еден од дваесетдвајцата добитници на Нобелова награда кои го потпишале Хуманистичкиот манифест.[6]

Објавени дела

уреди
  • Anderson, P.W. (1958). „Отсуство на дифузија кај одредени случајни решетки“. Phys. Rev. American Physical Society. 109 (5): 1492–1505. Bibcode:1958PhRv..109.1492A. doi:10.1103/PhysRev.109.1492.
  • P.W. Anderson (1963). „Plasmons, Gauge Invariance, and Mass“. Physical Review. 130: 439. Bibcode:1963PhRv..130..439A. doi:10.1103/PhysRev.130.439.
  • Anderson, P.W.; Halperin, B.I.; Varma, C.M. (1972). „Аномалии кај нискотемператирни топлиски својства на стакла и вртежни стакла“. Philosophical Magazine. 25 (1): 1–9. Bibcode:1972PMag...25....1A. doi:10.1080/14786437208229210.
  • Anderson, P.W. (1972). „Повеќе е поразлично“ (PDF). Science. 177 (4047): 393–396. Bibcode:1972Sci...177..393A. doi:10.1126/science.177.4047.393. PMID 17796623.
  • Anderson, P.W. (1987). „Резонантната валетна врсковна состојба кај La2CuO4 и суперпроводливоста“. Science. 235 (4793): 1196–1198. Bibcode:1987Sci...235.1196A. doi:10.1126/science.235.4793.1196. JSTOR 1698247. PMID 17818979.
  • Поими за теоријата на магнетизмот, Tokyo, 1954
  • Концепти за цврсти тела, 1963 ISBN 981-02-3231-4
  • Основни поими во физиката на кондензираната материја, 1984 ISBN 0-201-32830-5
  • Кариера во теориската физика, 1994 ISBN 981-238-866-4
  • Теоријата на суперпроводливоста кај високотемпературните купрати, 1997 ISBN 0-691-04365-5
  • Повеќе е поразлично: Белешки од промислениот скржавец, 2011 ISBN 978-981-435012-9
  • Филип Андерсон, Дејвид Пајнс, Кенет Ароу (уредник) Економијата како сложен развоен систем Архивирано на 2 јануари 2017 г., случувања во развојните патеки на светската економска работилница, одржано септември 1987 во Санта Фе, Ново Мексико ISBN 978-0-201-15685-0
  • Роџер Пенроуз; Филип Андерсон. „Големото, малото и човековиот ум“, Nature 386, no. 6624, (1997): 456
  • „Размислувајќи големо“ Nature. 437, no. 7059, (2005): 625
  • "Brainwashed by Feynman?" Physics Today. 53, no. 2, (2000): 11
  • „Сметање: решавање на проблеми во одреден временски рок“ Nature 400:6740, (1999): 115
  • „Кога електронот се распаѓа - во физиката на кондензираната материја, некои честички се однесуваат како делови од електрони“ Physics Today 50:10, (1997): 42
  • Physics: The opening to complexity“ 92:15, (1995): 6653
  • „Дваесет години зборувајќи еден спротуи друг: теоријата на висок Tc“ Physica 460, (2007): 3

Наводи

уреди
  1. Horgan, J. (1994) Profile: Philip W. Anderson – Gruff Guru of Condensed Matter Physics, Scientific American 271(5), 34-35.
  2. „Book of Members, 1780-2010: Chapter A“ (PDF). American Academy of Arts and Sciences. Посетено на 18 April 2011.
  3. Anderson, P.W. (1972). „More is Different“ (PDF). Science. 177 (4047): 393–396. Bibcode:1972Sci...177..393A. doi:10.1126/science.177.4047.393. PMID 17796623.
  4. A Rational Indicator of Scientific Creativity, José M. Soler, 2006.
  5. Philip W. Anderson (2011). More and Different: Notes from a Thoughtful Curmudgeon. Imaginary Friend, Who Art in Heaven. World Scientific. стр. 177. ISBN 9789814350129. We atheists can, as he does, argue that, with the modern revolution in attitudes toward homosexuals, we have become the only group that may not reveal itself in normal social discourse.
  6. „Notable Signers“. Humanism and Its Aspirations. American Humanist Association. Архивирано од изворникот на 2012-10-05. Посетено на September 15, 2012.

Извори

уреди
  • Anderson, P.W. (1997). THE Theory of Superconductivity in High-  Cuprates. Princeton: Princeton University Press. ISBN 0-691-04365-5.
  • Anderson, P.W. (1997). Basic Notions of Condensed Matter Physics. Reading: Addison-Wesley. ISBN 0-201-32830-5.
  • Anderson, P.W. (1998). Concepts in Solids: Lectures on the Theory of Solids. Singapore: World Scientific. ISBN 981-02-3231-4.
  • Bernstein, Jeremy (1987). Three degrees above zero: Bell Laboratories in the information age. Cambridge: Cambridge University Press. ISBN 0-521-32983-3.

Надворешни врски

уреди