Клаус фон Клицинг
Клаус фон Клицинг (германски: Klaus von Klitzing 28 јуни 1943 Шрода) — германски физичар познат по откривањето на целобројниот квантен Холов ефект, за што бил награден со Нобелова награда за физика во 1985 година.
Клаус фон Клицинг | |
---|---|
Роден(а) | 28 јуни 1943 Шрода, Вартеланд, Германија (денешна Полска) |
Националност | Германец |
Полиња | Физика |
Познат по | Квантен Холов ефект |
Поважни награди | Нобелова награда за физика (1985) Дираков медал (1988) |
Во 1962 година, фон Клицинг матурирал во гимназијата во Квакенбрик, Германија, пред да започне да студира физика на Брауншвајгскиот технолошки универзитет,каде ја добил својата диплома во 1969 година. Тој со своите студии продолжил на Вурцбуршкиот универзитет на катедрата на Готфрид Ландвер, завршувајќи ја својата докторска теза Галваномагнетни својства на телурот во силни магнетни полиња во 1972 година, и хабилитација во 1978 година. Неговите истражувања биле правени во Кларедоновата лабораторија во Оксфорд и во Греноблската лабораторија за високомагнетни полиња во Франција, каде продолжил со својата работа сè до станувањето на професор на Минхенскиот технички универзитет во 1980 година. Фон Клицинг е директор на Макс Планковиот институт за истражување на цврстите тела во Штудгарт од 1985 година.
фон Клициговата константа, RK = h/e2 = 25.812,807449 ± (86) Ω, е именувана во чест на фон Клицинг поради неговото откривање на квантниот Холов ефект, ие запишана во списокот на Националениот институт за стандарди и технологија Прирачник за константи, единици и неизвесност. Инверзната вредност од фон Клицинговата константа е еднаква на половина од вредноста на спроводниот квант.[1]
Денес, фон Клицинговото истражување е фокусирано на својствата нискодимензионалните електронски системи, типични за ниски температури и при силни магнетното поле.
Почести и награди
уреди- 1981 Шотцкиева награда
- 1982 Пакардова награда
- 1985 Нобелова награда за физика
- 1985 Доживотен директор на Макс Планковиот институт за истражување на цврстите тела
- 1986 Орден за заслги од Баден-Виртемберг
- 1988 Почесен докторат од Техничкиот универзитет на Карл Маркс Штат
- 1988 Баварскиот Максимилијанов орден за наука и уметност
- 1988 Дираков медал
- 1992 Почесна диплома од Батскиот универзитет[2]
- 1999 Почесен член на германското друштво на физичарите
- 2005 Гаусов медал од Брунсвиковото научно друштво
- 2006 Почесен докторат од Олденбуршкиот универзитет
- 2007 Член на Кинеската академија на науките
- 2007 Член на Папската академија на науките
- 2009 Австриско одликување за наука и уметност[3]
- 2012 Истакнат придружен професор на Минхенскиот технички универзитет
- Улица фон Клицинг во Квакенбрик и Улица Клаус фон клицинг Ландау се именувани по Клицинг
Наводи
уреди- ↑ „Fundamental Physical Constants—Extensive Listing“.
- ↑ „Honorary Graduates 1989 to present“. bath.ac.uk. University of Bath. Архивирано од изворникот на 2015-12-19. Посетено на 18 February 2012.
- ↑ „Reply to a parliamentary question“ (pdf) (германски). стр. 1841. Посетено на 10 December 2012.
Надворешни врски
уредиСколија има авторски профил за Клаус фон Клицинг. |
- Nobel e-museum, Klaus von Klitzing - Curriculum Vitae
- Klaus von Klitzing - Photo & short Bio
- Artland Gymnasium Quakenbrück
- Homepage of von Klitzing's department at the Max Planck Institute for Solid State Research
- K. von Klitzing, G. Dorda, M. Pepper (1980). „New Method for High-Accuracy Determination of the Fine-Structure Constant Based on Quantized Hall“. Physical Review Letters. 45 (6): 494–497. Bibcode:1980PhRvL..45..494K. doi:10.1103/PhysRevLett.45.494.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- Original article on the Quantum Hall Effect: K. v. Klitzing, G. Dorda, and M. Pepper; Phys. Rev. Lett. 45, 494-497 (1980). Архивирано на 18 септември 2004 г.
- National Institute of Standards and Technology (NIST)
- NIST Reference on Constants, Units, and Uncertainty