Јоичиро Намбу

јапонско-американски физичар

Јоичиро Намбу (јапонски: 南部 陽一郎 18 јануари 1921) — американски физичар со јапонско потекло, моментално професор во Чикашкиот Универзитет.[1] Познат е по својот придонес во областа на теориската физика. Во 2008 година тој ја добил Нобеловата награда за физика. Половина од наградата ја добил за неговото откритие во 1960 година за механизмот на спонтано нарушена симетрија во субатомска физика, прво поврзана со хиралната симетрија на силното заемодејство а подоцна и на електрослабото заемодејство и Хигсовиот механизам.[2] Другата половина од наградата ја поделил со Макото Кобајаши и Тошихиде Маскава за „Откривање на потеклото на прекршената симетрија, со што се предвидува постоењето на барем три семејства кваркови во природата“[3]

Јоичиро Намбу
南部 陽一郎
Роден(а)18 јануари 1921(1921-01-18)(103 г.)
Токио, Јапонија
НационалностАмериканец
ПолињаФизика
УстановиТокиски универзитет (1942-49)
Осачки универзитет (1949-52)
Институт за напредни студии (1952-54)
Чикашки универзитет (1954-)
ОбразованиеТокискиот кралски универзитет
Познат поспонтано нарушување на симетријата

Детство и образование

уреди

Намбу, е роден во Токио, Јапонија, во 1921 година. По дипломирањето на Фукуиското средно училиште во Фукуи, тој се запишал во Кралскиот универзитет во Токио каде што студирал физика од 1940 до 1942 и каде што магистрирал. По војната тој се вратил на Токискиот универзитет како научен соработник и во 1952 година докторирал.[4] Во 1950 година станал професор во Осачкиот универзитет, позиција на која останал до 1956 година. Од 1952 до 1954 година, тој бил член Институтот за напредни студии во Принстон, Њу Џерси, САД а од 1954 до 1956 година како вонреден професор на Чикашкиот универзитет, кога во 1958 година бил унапреден во професор. Од 1973 до 1976 година бил и претседател на одделот за физика. Во 1970 година станал легален американски државјанин а се пензионирал во 1991 година. Тој се оженил со Чиеко Хида во 1945 година и има син, Јуниичи.

Кариерата во физиката

уреди

Намбу ја предложил „промената на бојата“ во квантната хромодинамика има првично работено на спонтано нарушената симетрија во физиката на честичките и открил дека моделот на двојната резонанца може да се објасни како квантно механичка теорија на струните. Тој се смета за еден од основачите на теоријата на струните.

Намбу-Готова акција во теоријата на струните е именувана по Намбу и Тецуо Готи. Како и, добивањето на безмасени бозони кај теориите кај кои доаѓа до спонтано нарушена симетрија, кои понекогаш се наречени и Намбу-Голдстоунови бозони.[5][6]

Признанија и Награди

уреди

Намбу има освоено бројни награди и признанија вклучувајќи ги и Хејнеменовата награда за математичка физика (1970), наградата Роберт Опенхајмер (1977), Националниот медал за науки на САД (1982), Макс Планков медал (1985), Диракова награда (1986), Бенџамин Френклинов медал од институтот Френклин (2005). Тој исто така бил награден и со половина од Нобеловата награда за физика во 2008 година „за откривањето на механизмот на спонтано нарушена симетрија во субатомски физика“.[2][7][8]

Наводи

уреди
  1. Mukerjee, M. (1995) Profile: Yoichiro Nambu – Strings and Gluons, The Seer Saw Them All, Scientific American 272(2), 37-39.
  2. 2,0 2,1 Nambu, Yoichiro (2008). Karl Grandin (уред.). Les Prix Nobel. The Nobel Prizes 2008. Stockholm: The Nobel Foundation. Архивирано од изворникот на 2014-10-11. Посетено на 22 May 2012.
  3. (according to the NP citation).
  4. „2005 Franklin Medal in Physics citation“. Архивирано од изворникот на 2008-10-10. Посетено на 2015-02-24.
  5. Y. Nambu and G. Jona-Lasinio, Phys. Rev. 122, 345-358 (1961) doi:10.1103/PhysRev.122.345
  6. Y. Nambu and G. Jona-Lasinio, Phys. Rev. 124, 246-254 (1961) doi: 10.1103/PhysRev.124.246
  7. Jonathan Amos (2008-10-07). „Cosmic imperfections celebrated“. BBC.
  8. Pollard, Niklas (October 7, 2008). „Two Japanese, American win 2008 physics Nobel“. Reuters.

Надворешни врски

уреди