Хенри Веј Кендал (англиски: Henry Way Kendall 9 декември 192615 февруари 1999)[1] — американски честичен физичар кој ја освоил Нобеловата награда за физика во 1990 година заедно со Џером Ајзек Фридман и Ричард Едвард Тејлор „за нивните пионерски истражувања поврзани со нееластичното расејување на електроните од протонитеи сврзаните неутрони, кои се од основна важност за развојот на кварковиот модел во честичната физика.“[2]

Хенри Веј Кендал
Хенри Кендал кој се искачува над Јосемитската Долина. Фотографија Том Фрост.
Роден(а)9 декември 1926(1926-12-09)
Бостон, Масачусетс
Починал(а)15 февруари 1999(1999-02-15) (возр. 72)
Вакула Спрингс Стејстс Парк, Флорида
НационалностАмериканец
ПолињаФизика
УстановиМИТ, Стенфорд
Образованиеколеџ Амхерст, МИТ
Докторски менторМартин Дојч
Поважни наградиНобелова награда за физика (1990)
Викицитат има збирка цитати поврзани со:

Животопис

уреди

Кендал е роден во Бостон како дете на Евелин и Хенри Плимптон Кендал, кој бил индустријалец. Кендал растел во Шерон, Масачусетс и се образувал на Дерфилдовата академија.[3] Се запишал на Трговскоморнаричката академија на САД во 1945 година, и служел во воениот транспорт преку северниот Атлантик во зимата 1945-46 година.

Во 1946 година, се запишал на колеџот Амхерст каде изучувал математика, и дипломирал во 1950 година. Додека бил во Амхерст, тој работел како нуркач за претпријатие за вадење потоната стока во текот на две лета. Бил соавтор на две книги, една за нуркање во плитки води а другата за подводна фотографија.

Тој дипломирал истражување на МИТ, каде работел на експериментално проучување на позитрониумот, и својот докторат го стекнал во 1955 година. Подоцна тој наредните две години ги минал како подокторски член на Брукхејвенската национална лабораторија. Потоа пет години минал во истражувачката група на Роберт Хофштадтер при Стенфорд во подоцнежните 50-ите и раните 1960-ите, каде работел со Џером Ајзак Фридман и Ричард Едвард Тејлор, проучувајќи ја структурата на протоните и неутроните, користејќи го унииверзитетскот линискиот електронски забрзувач со должина од 100 м. Тој развил блиска работна дружба со Волфганг Панофски од Стенфорд.

Тој подоцна се вратил на одделот за физика при МИТ, каде останал до крајот на својот живот.

Во доцните 60-и и почетокот на 70-ите, Кендал во соработка со истражувачите при Стенфордскиот линиски забржувачки центар (SLAC) заедно со Фридман и Тејлор. Овие експерименти вклучувале расејување на високо енергетски зраци од електрони од протоните и деутеороните и потешките јадра. При пониски енергии, веќе било познато дека електроните ќе се расејат само при мали агли, што било во согласност со идејата дека јадрата немаат внатрешна структура. Сепак, овие експерименти покажале дека електроните со повисоки енергии ќе се расејат со поголеми агли, со загуба на дел од енергијата. Ова длабоко нееластично расејување обезбедило разултати за првиот експериментален доказ дека протоните и неутроните се состојат од точкести честички, подоцна препознаени како горни и долни кваркови кои претходно биле биле предвидени од теоретичарите.[4] Експериментите исто така го обезбедиле првиот доказ за постоењето на глуоните.

Кендал не бил само многу успешен физичар, туку и доста умешен планинар и фотограф. Тој се искачувал во Јосемитската долина, какои експедиции на Андите, Химелаите и Антарктикот, фотографирајќи ги неговите искуства. Тој бил избран за член на Американската академија за науките и уметностите во 1982 година.[5] На 7 април 2012 година, Американскиот планинарски клуб го вброил Кендал во Аулата на планинарската извонредност при наградната церемонија во Голден, Колорадо.[6]

Услужни активности

уреди

Кендал бил оеден од основачите на Сојузот на загрижени научници (UCS) во 1969 година.[3] Тој бил претседател на ова здруќение сè до неговата смрт во 1999 година.[7] Неговите јавни интереси вклучувале и избегнување на јадрената војна, Стратегиската одбранбена иницијатива, B2 бомбардерот, безбедноста на јадрените реактори и глобалното затоплување.

Тој исто така бил член на одбранбената советодавна група JASON.[8]

Смрт

уреди

Кендал починал додека нуркал во паркот „Едвард Бол“ во Вакула Спрингс, Флорида како дел од проектот Вакула 2.[3][9] Тој ги заобиколил двете преднуркачки процедури на списокот за провеерка на неговиот Цис-Месечев MK-5P измешан гасен вдишувач и влегол да нурка без својот нуркачки придружник од Националното географско друштво.[9][10] Кендал заборавил да го вклучи доводот на кислород до вдишувачот изгубил свест и се удавил.[9][10] Аутопсијата покажала дека истиот имал медицински причини поради кои ги заобиколил протоколите за безбедност.[9]

Наводи

уреди
  1. Kendall, Henry W. „Autobiography“. Nobelprize.org. Архивирано од изворникот на 2010-12-14. Посетено на 2011-01-08.
  2. „Nobel prize citation“. Nobelprize.org. Посетено на 2011-01-08.
  3. 3,0 3,1 3,2 Sales, Robert J (1999-02-16). „MIT Nobelist Henry Kendall dies at 72 while scuba diving in Florida lake“. MIT News Office. Посетено на 2011-01-08.
  4. Dye, Lee; Maugh II, Thomas H (1990-10-18). „Four U.S.-Based Scientists Share Nobel Prizes“. Los Angeles Times. Посетено на 2011-01-08.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  5. „Book of Members, 1780-2010: Chapter K“ (PDF). American Academy of Arts and Sciences. Посетено на 14 April 2011.
  6. Osius, Alison (April 11, 2012). „Beautiful minds: Blum, Reichardt, Kendall, Molenaar in Mountaineering Hall of Fame“. Rock and Ice. Архивирано од изворникот на 2012-04-12. Посетено на April 11, 2012.
  7. Oliver, Myrna (1999-02-17). „Henry Kendall; Nobel Prize-Winning Nuclear Scientist“. Los Angeles Times. Посетено на 2011-01-08.
  8. Berkeley Scientists and Engineers for Social and Political Action (1972). „The Story of Jason - The Elite Group Of Academic Scientists Who, As Technical Consultants To The Pentagon, Have Developed The Latest Weapon Against Peoples' Liberation Struggles: "Automated Warfare". Архивирано од изворникот на 2011-06-07. Посетено на 2011-01-08.
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 Kakuk, Brian J (1999). „The Wakulla 2 Project: Cutting Edge Diving Technology for Science and Exploration“. In: Hamilton RW, Pence DF, Kesling DE, eds. Assessment and Feasibility of Technical Diving Operations for Scientific Exploration. American Academy of Underwater Sciences. Архивирано од изворникот на 2012-09-28. Посетено на 2011-01-08.
  10. 10,0 10,1 Associated Press (1999-02-18). „Safety Lapse Suspected in Scientist's Diving Death“. Los Angeles Times. Посетено на 2011-01-08.

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: