Симон ван дер Мер (холандски: Simon van der Meer 24 ноември 1925 - 4 март 2011) — холандски честичен физичар кој ја поделил Нобеловата награда за физика во 1984 година со Карло Рубија за придонесите во проектот CERN кој довел до откривањето на W и Z честичките, две од повеќето основни составни делови на материјата.[1][2]

Симон ван дер Мер
Симон ван дер Мер (лево) и сопругата на прием кај кралицата Беатриса и принцот Клаус во 1985 година
Роден(а)24 ноември 1925(1925-11-24)
Хаг, Холандија
Починал(а)4 март 2011(2011-03-04) (возр. 85)
Женева, Швајцарија
ЖивеалиштеШвајцарија
НационалностХоланѓанец
ПолињаФизика
УстановиCERN
ОбразованиеДелфтски технички универзитет
Познат поСтохастичко ладење
Поважни наградиДуделов медал и награда (1982)
Нобелова награда за физика (1984)

Животопис

уреди

Како едно од четирите деца, Симон ван дер Мер е роден и растел во Хаг, Холандија, во семејство на учители.[3] Тој сеобразувал во градската гимназија, дипломирајќи во 1943 година за време на германската окупација на Холандија. Тој учел техничка физика на Делфтскиот технички универзитет, и се стекнал со инженерска диплома во 1952 година. Откако работел неколку години за Филипс во Ајндховен високо напонска попрема за електронски микроскопи, во 1956 година заминал да работи во CERN каде останал сè до своето пензионирање во 1990 година.[4][5][6]

Се оженил со Катерина Купман во средината на шеесеттите години на минатиот век и имале две деца: Естер ван дер Мер и Матијс ван дер Мер. Тој исто така имал сестра: Ге ван дер Мер, и внука.

Научна работа

уреди

Симон ван дер Мер ја осмислил техниката на стохастично ладење на зраците честички.[7] Неговата техника била употребена за собирање на моќните зраци на антипротоните за челните судири со спротивно кружно насочените протонски зраци со енергија од 500 GeV во суперпротонскиот синхотрон во CERN. Ваквите судири предизвикувале добивање на W и Z бозони кои можеле да се забележат за првпат во 1983 година од страна на групата UA1, кја била раководен од Карло Рубија. W и Z бозоните биле теоретски предвидени пред неколку години, и нивното експериментално откривање се сметало за значаен успех за CERN. Ван дер Мер и Рубија ја поделиле Нобеловата награда за физика за нивните одлучувачки придонеси за успехот на овој проект.[8]

Ван дер Мер и Ернест Лоренс се единствените физичари кои работеле на забрзувачи кои добиле Нобелова награда за физика.

Наводи

уреди
  1. „The Nobel Prize in Physics 1984“. The Nobel Foundation. Посетено на 31 October 2009.
  2. Darriulat, Pierre. „The W and Z particles: a personal recollection“. CERN Courier. 44 (3): 13–16.
  3. „Obituary: Simon Van der Meer“. The Daily Telegraph. 9 March 2011. Посетено на 10 March 2011.
  4. Telegdi, Val (January 1991). „Simon van der Meer retires“. CERN Courier. 31 (1): 14–15.
  5. Simon van der Meer – Biographical. Nobelprize.org (4 March 2011). Посетено на 3 April 2014.
  6. Caspers, Fritz; Koziol, Heribert; Mohl, Dieter (June 2011). „Simon van der Meer: a quiet giant of engineering and physics“. CERN Courier. 51 (5): 24–27.
  7. Nobel Press Release. Nobelprize.org (17 October 1984). Посетено на 3 April 2014.
  8. The Economist, "Simon van der Meer", 19 March 2011, p. 96.

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: