Волтер Хаузер Братејн
Валтер Хаузер Братејн (англиски: Walter Houser Brattain 10 февруари 1902, Амој, Кина - 13 октомври 1987, Сиетл, Вашингтон, САД) — американски научник.
Волтер Хаузер Братејн Walter Houser Brattain | |
---|---|
Волтер Хаузер Братејн | |
Роден(а) | 10 февруари 1902 Сјамен, Кина |
Починал(а) | 13 октомври 1987 Сиетл, Вашингтон, САД | (возр. 85)
Националност | Америкаско |
Полиња | Физика, Електронско инженерство |
Установи | Колеџ Витман Лаборатории Бел |
Образование | Колеџ Витман Универзитет на Орегон Универзитет на Минесота |
Докторски ментор | Џон Тејт |
Познат по | транзистор |
Поважни награди | медал „Стјуард Балантин“ (1952) Нобелова награда за физика (1956) |
Неговите родители, кои биле Американци, го донеле во САД набрзо откако се родил. Откако се здобил со титулата доктор на филозофски науки од Универзитетот во Минесота, станал истражувач во лабораториите Бел во 1929 година. Со Џон Бардин и Вилијам Б. Шокли ја делел Нобеловата награда за физика во 1956 година за развојот на транзисторот и за истражувањето на својствата на полуспроводниците.