Алфред Кастлер
Алфред Кастлер (француски: Alfred Kastler 3 мај 1902 — 7 јануари 1984) — француски физичар и нобеловец.[1]
Алфред Кастлер | |
---|---|
Роден(а) | мај 3, 1902 Гибвилер, Алзас, Германско Царство |
Починал(а) | 7 јануари 1984 Бандол, Франција | (возр. 81)
Националност | Французин |
Полиња | Физика |
Установи | Париски универзитет (Сорбона) Француска академија на науки |
Докторски ментор | Пјер Дор |
Поважни награди | Нобелова награда за физика (1966) |
Животопис
уредиКастлер е роден во Гибвилер, Алзас, Германско Царство и подоцна го посетувал средното училиште "Bartholdi" во Колмар, Алзас и ENS (École Normale Supérieure) во Париз во 1921. По студиите, во 1926 почнал да предава физика во средното училиште на градот Милуз, а потоа предавал во Бордискиот универзитет, каде бил универзитетски професор сè до 1941. Жорж Брут го повикал назад во ENS, каде конечно станал директор во 1952.
Во соработка со Жан Бросел, истражувал на полето на квантната механика, интеракцијата помеѓу светлината и атомите, а исто така и спектроскопијата. Кастлер, работејќи на комбинација од оптичка резонанца и магнетна резонанца, ја создал техниката на „оптичко пумпање“. Оваа работа довела до комплетирање на теоријата за ласери и масери.
Ја добил Нобеловата награда за физика во 1966 „за откривањето и развојот на оптички методи на изучување на Херцова резонанца во атомите“.
Тој бил претседател на одборот на институтот за теоретска и применета оптика и работел како прв претседател на невладината организација „Акција против гладот“.
Кастлер исто така пишувал поезија (на германски). Во 1979 тој објавил "Europe, ma patrie: Deutsche Lieder eines französischen Europäers" („Европа, моја татковина: Германски песни од француски европеец“).
Кастлер-броселова лабораторија
уредиПрофесор Кастлер го поминал поголемиот дел од неговата истражувачка кариера во ENS каде по војната со неговиот студент, Жан Бросел, основал мала истражувачка група за спектроскопија.
За време на наредните четириесет години, оваа група тренирала многу млади физичари и имала значително влијание на развивањето на науката на атомска физика во Франција. Херцовата лабораторија за спектроскопија тогаш била преименета во Кастлер-броселова лабораторија во 1994 и има дел од лабораторијата во универзитетот „Пјер и Марија Кири“, главно во ENS.
Професор Кастлер починал на 7 јануари 1984, во Бандол, Франција.[2]
Наводи
уреди- ↑ Happer, William (May 1984). „Obituary: Alfred Kastler“. Physics Today. 37 (5): 101–102. Bibcode:1984PhT....37e.101H. doi:10.1063/1.2916219. Архивирано од изворникот на 2020-03-27. Посетено на 2015-03-21.
- ↑ Sullivan, Walter (8 January 1984). „Dr. Alfred Kastler, 81, Nobel Prize-Winner, Dies“. New York Times. Посетено на 2010-11-06.
- Nobelstiftelsen (1972). Nobel Lectures, Physics 1963–1970. Amsterdam: Elsevier Publishing Company. ISBN 0-444-40993-9.
- Kastler A (October 1967). „Optical Methods for Studying Hertzian Resonances“. Science. 158 (3798): 214–221. Bibcode:1967Sci...158..214K. doi:10.1126/science.158.3798.214. PMID 17839496.
- Kastler A (July 1950). „Applications of polarimetry to infra-red and micro-wave spectroscopy“. Nature. 166 (4211): 113. Bibcode:1950Natur.166..113K. doi:10.1038/166113a0. PMID 15439165.
Надворешни врски
уреди- Alfred Kastler biography во хронологија на нобелови добитници
- Алфред Кастлер — Проект „Математичко родословие“ (англиски)