Херберт Кремер (германски: Herbert Kroemer 25 август 1928- 8 март 2024) германски професор по електротехника и сметачко инженерство во Калифорнискиот универзитет, а го добил неговиот докторат по теоретска физика во 1952 од Гетингенскиот универзите, Германија, со есејот за топлотните електронски ефекти во тогаш новиот транзистор, поставувајќи ја основата на кариера за истражување на физичките својства на полупроводнички уреди. Во 2000, Кремер, заедно со Жорес Алферов, бил награден со Нобеловата награда за физика „за развојот на полупроводнички хетероструктури кои се користат во големобрзинската електроника и оптоелектрониката“. Другиот кодобитник на Нобеловата награда бил Џек Килби за неговиот пронајдок и развој на интегралното коло и микрочиповите“.

Херберт Кремер
Херберт Кремер (2008)
Роден(а)25 август 1928(1928-08-25)(96 г.)
Вајмар, Германија
ЖивеалиштеСАД
НационалностГерманија Германец
САД Американец
ПолињаЕлектротехника, Применета физика
УстановиТелекомуникациско-техничка централна канцеларија
RCA лаборатории
Варијански соработништва
Колорадски универзитет
Калифорниски универзитет
ОбразованиеЈенски универзитет
Гетингенски универзитет
Докторски менторФриц Шутер
ДокторандиВилијам Френсли
Познат побазен транзистор
Двоен хетероструктурен ласер
Влијание одФридрих Хунд
Фриц Хутерманс
Поважни наградиЕберсова награда (1973)
Нобелова награда за физика (2000)
IEEE медал на честа[1](2002)
Херберт Кремер во 2008 година

Животопис

уреди

Тој работел во бројни истражни лаборатории во Германија и во САД и предавал електротехника во Колорадскиот универзитет од 1968 до 1976. Се придружил на факултетот UCSB во 1976, фокусирајки се на неговиот полупроводничи истражен програм за зголемување на технологијата на полупроводнички материи наместо на силициумската технологија.

Кремер бил избран како член на Националната академија на инженерство во 1997 и Американската академија на науките во 2003. Тој отсекогаш работел на проблеми кои се понапредни од мејнстрим технологијата. Во 1950-те, тој го пронашол базниот транзистор и бил првиот кој посочил дека може да се стекне предност во бројни полупроводнички уреди преку инкорпорирање на хетероструктури. Најважно, во 1963 тој го предложил концептот на двојниот хетероструктурен ласер, кој сега е централен концепт во полето на полупроводничките ласери. Кремер станал ран пионер во молекуларната снопова епитаксија, концентрирајќи се на применување на технологијата врз нови неиспробани материјали.

Заедно со Чарлс Кител е соавтор на полуларното дело "Thermal Physics" (македонски: „Термиска физика“), првпат објавено во 1980 и сѐ уште употребувано и денес. Тој исто така е автор на делото "Quantum Mechanics for Engineering, Materials Science and Applied Physics" (македонски: „Квантна механика за инженерство, материјална наука и применета физика“).[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Herbert Kroemer“. IEEE Global History Network. IEEE. Посетено на 10 August 2011.
  2. H. Kroemer, Quantum Mechanics, Prentice Hall (1994)

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: