Пол Дирак

британски теоретски физичар

Пол Адриен Морис Дирак (англиски: Paul Dirac 8 август 190220 октомври 1984) — англиски теориски физичар кој ги поставил темелите на раниот развиток на квантната механика и квантната електродинамика. Тој бил професор по математика на Кембричкиот универзитет, член на Центарот за теориски студии во Мајамскиот универзитет и ја поминал последната деценија од својот живот во Флоридскиот државен универзитет.

Пол Адриен Морис Дирак
Роден(а)8 август 1902(1902-08-08)
Бристол, Англија
Починал(а)20 октомври 1984(1984-10-20) (возр. 82)
Талахаси (Флорида), САД
ЖивеалиштеОбединето Кралство
НационалностШвајцарија Швајцарец (1902–19)
Обединето Кралство Британец (1919–84)
ПолињаФизика
УстановиКембрички универзитет
Мајамски универзитет
Флоридски државен универзитет
ОбразованиеБристолски универзитет
Кембрички универзитет
Докторски менторРалф Фаулер
ДокторандиХоми Баба
Хариш Чандра
Денис Сиама
Фред Хојл
Бехрам Куршуноглу
Џон Полкингхорн
Поважни наградиНобелова награда за физика (1933)
Кралски медал (1939)
Коплиев медал (1952)
Медал „Макс Планк“ (1952)

Неговите колеги го сметале за човек со необичен карактер. Алберт Ајнштајн за него рекол „Оваа урамнотеженост на вртоглавиот пат помеѓу гениј и лудило е ужасна“.[1] Меѓутоа, со својата математичка надареност се смета за еден од најзначајните физичари на XX век.

Личен живот

уреди

Семејство

уреди

Пол Адриен Морис Дирак е роден во куќата на своите родители во Бристол, Англија, на 8 август 1902 година.[2] Татко му, Чарлс Адриен Дирак, бил имигрант од Швајцарија кој работел во Бристол како професор по француски јазик. Неговата мајка, ќерка на бродски капетан е родена во Англија и работела како библиотекарка во Бристолската централна библиотека. Пол имал помлада сестра, Беатриче Изабел Маргарит, позната како Бети, и постар брат, Чарлс Феликс[3][4] кој извршил самоубиство во март 1925 година.[5] Дирак подоцна изјавил: „Моите родители беа ужасно потресени. Незнаев дека се грижеле толку многу [...] Никогаш не сум знаел дека родителите треба да се грижат за своите деца, но оттогаш натаму знам.“[6]

Дирак имал толку многу затегнати односи со својот татко што по неговата смрт Дирак напишал: „Се чувствувам многу послободно и сум свој човек.“ Чарлс ги присилувал своите деца да му се обраќаат само на француски јазик за да го научат. Во ситуација кога Дирак не можел да се изрази на француски, останувал тивок.[7][8]

Дирак се оженил со Маргит Вингер во 1937. Тој ги посвоил двете деца на Маргит, Џудит и Габриел. Пол и Маргит Дирак заедно имале две деца, и двете ќерки, Мери Елизабет и Флоренс Моника. Истражувањето на Дирак вродило со плод само затоа што Маргит била задолжена за сè останато.[9]

Смрт

уреди

Во 1984, Дирак починал во Талахаси (Флорида), и бил погребан во Роуславновските гробишта на Талахаси.[10][11] Неговиот дом од детството во Бристол е одбележан со сина плоча и патот „Дирак“ кој е во близина претставува белег на дираковата врска со градот. Комеморативен камен бил подигнат во градината на Св. Морис (Швајцарија), градот од каде потекнувал неговиот татко, на 1 август 1991.

 
Пол Дирак со жена му во Копенхаген, јули 1963

Образование

уреди

Дирак најпрво се образувал во основното училиште "Bishop Road"[12], а потоа во техничкиот колеџ "Merchant Venturers" (подоцна "Cotham School"), каде што неговиот татко бил професор по француски јазик.[13] Училиштето било институција како дел од Бристолскиот универзитет, споделувајќи простор и училиштен материјал.[14] Преовладувале технички предмети како ѕидарство, чевларство, работа со метали и модерни јазици.[15] Ова било необично во времето кога средното образование во Велика Британија во голема мера било посветено на класиците и нешто за кое Дирак подоцна ќе искаже благодарност.[14]

Дирак продолжил со своето образование и студирал електротехника на факултетот во Бристолскиот универзитет, кој бил ко-сместен со техничкиот колеџ "Merchant Venturers" .[16] Непосредно пред завршувањето на студиите во 1921 година, започнал со приемниот испит за во колеџот "Св. Џон" во Кембриџ. Поминал со успех и добил стипендија од £70, но таа сума не била доволна за да живее и студира во Кембриџ. Покрај тоа што бил дипломиран научен инженер не успеал да најде работа поради повоената депресија по Првата светска војна. Наместо тоа тој ја прифатил понудата бесплатно да студира за дипломата по математика во Бристолскиот универзитет. Му било дозволено да ја премине првата година на курсот поради неговиот инженерски степен.[17]

Во 1923, Дирак дипломирал, уште еднаш со првокласни почести, и добил стипендија од £140, доделена од одделот за научно и индустриско истражување во Велика Британија.[18] Заедно со стипендијата од £70 доделена од колеџот "Св. Џон" било сосема доволно да живее во Кембриџ. Таму, Дирак ги насочил своите интереси кон општата теорија за релативноста, интерес кој го стекнал претходно како студент во Бристол, и во зародишот на квантната механика, под надзор на Ралф Фаулер.[19] Станал доктор на филозофија во јуни 1926 со првата објавена теза за квантната механика.[20] Тој продолжил со своето истражување во Копенхаген и Гетинген.

Кариера

уреди

Дирак ја основал најопштата теорија за квантната механика и ја открил релативистичката равенка за електронот, која го носи неговото име. Тој е основоположник на квантната теорија за полето, на која денес подлежи сета теориска работа на суб-атомски или "основни" честички, работа која е темел на нашето разбирање за природните сили. Тој го предложил и го истражувал концептот на магнетниот монопол, објект сè уште емпириски непознат, кој значи добивање на уште поголема симетрија на равенките од електромагнетизмот на Џејмс Кларк Максвел.

Гравитација

уреди
 
Гробот на Дирак на Роуславновските гробишта, Талахаси (Флорида). Погребана е и неговата жена Маргит Вингер. Нивната ќерка Мери Елизабет Дирак, почината на 20 јануари 2007, е погребана до нив, но, не се гледа на сликата.

Тој го определил гравитациското поле и ја развил основната квантна теорија за полето со динамички ограничувања. Влијанието и важноста на неговата работа се зголемува со текот на времето, а физичарите секојдневно ги користат концептите и равенките кои тој ги развил.

Квантна теорија

уреди

Дирак првпат се запознал со квантната теорија во септември 1925. Неговиот истражувачки ментор, Ралф Фаулер, добил доказ-копија истражна хартија од Вернер Хајзенберг во рамките на старата квантна теорија на Бор и Сомерфелд, единствено со изменети равекни коишто директно вклучуваат видливи количини. Фаулер му ја испратил хартијата на Дирак, кој бил на одмор во Бристол, барајќи од него да ја разгледа внимателно. Дирак длабоко се заинтересирал и набрзо успеал да развие квантна теорија. Тоа го довело до подлабока и значајна основна формулација на квантната механика.[21]

Диракова равенка

уреди

Во 1928, градејќи 2×2 спин матрици кои ги открил независно од работата на Волфганг Паули за нерелативистичките спинарни системи, тој ја предложил дираковата равенка како релативистичка равенка на движење за брановата работа на електронот.[22] Оваа работа го довела Дирак да го предвиди постоењето на позитронот, толкувајќи го со поимот „дираково море“.[23] Во 1932, позитронот бил набљудуван од страна на Карл Андерсон. Дираковата равенка исто така придонела да се објасни потеклото на квантниот спин како релативистички феномен.

Магнетни монополи

уреди

Во 1933, Дирак покажал дека постоењето на единечен магнетен монопол во универзумот би било доволно за да се објасни набљудуваната квантизација на електричниот полнеж. Во 1975,[24] 1982,[25] и 2009[26][27][28] интригирачки резултати сведочат за можно постоење на магнетни монополи, но и на денешен ден нема директен доказ за нивно постоење.

Наводи

уреди
  1. Sukumar, N. (2012). A Matter of Density: Exploring the Electron Density Concept in the Chemical, Biological, and Materials Sciences. John Wiley & Sons. стр. 27. ISBN 9781118431719. Посетено на 3 April 2013.
  2. Farmelo 2009, стр. 10
  3. Kragh 1990, стр. 1
  4. Farmelo 2009, стр. 10–11
  5. Farmelo 2009, стр. 77–78
  6. Farmelo 2009, стр. 79
  7. Mehra 1972, стр. 17
  8. Kragh 1990, стр. 2
  9. Kim, Y.A. (1995). „Wigner's Sisters“. Посетено на 4 April 2013.
  10. „Dirac takes his place next to Isaac Newton“. Florida State University. Архивирано од изворникот на 1997-04-27. Посетено на 4 April 2013.
  11. Paul Adrien Maurice Dirac на Find a Grave (англиски)
  12. Farmelo 2009, стр. 13–17
  13. Farmelo 2009, стр. 20–21
  14. 14,0 14,1 Mehra 1972, стр. 18
  15. Farmelo 2009, стр. 23
  16. Farmelo 2009, стр. 28
  17. Farmelo 2009, стр. 46–47
  18. Farmelo 2009, стр. 53
  19. Farmelo 2009, стр. 52–53
  20. Farmelo 2009, стр. 101
  21. „Paul Dirac: a genius in the history of physics“. Cern Courier. Посетено на 13 May 2013.
  22. Dirac, P. A. M. (1 February 1928). „The Quantum Theory of the Electron“. Proceedings of the Royal Society of London. Series A, Containing Papers of a Mathematical and Physical Character. 117 (778): 610–24. Bibcode:1928RSPSA.117..610D. doi:10.1098/rspa.1928.0023.
  23. Dirac, Paul (12 December 1933). „Theory of electrons and positrons“ (PDF). Nobel Lecture. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-02-14. Посетено на 13 May 2013.
  24. P. B. Price; E. K. Shirk; W. Z. Osborne; L. S. Pinsky (25 August 1975). „Evidence for Detection of a Moving Magnetic Monopole“. Physical Review Letters. American Physical Society. 35 (8): 487–90. Bibcode:1975PhRvL..35..487P. doi:10.1103/PhysRevLett.35.487.
  25. Blas Cabrera (17 May 1982). „First Results from a Superconductive Detector for Moving Magnetic Monopoles“. Physical Review Letters. American Physical Society. 48 (20): 1378–81. Bibcode:1982PhRvL..48.1378C. doi:10.1103/PhysRevLett.48.1378.
  26. „Magnetic Monopoles Detected in a Real Magnet for the First Time“. Science Daily. 4 September 2009. Посетено на 13 May 2013.
  27. D.J.P. Morris, D.A. Tennant, S.A. Grigera, B. Klemke, C. Castelnovo, R. Moessner, C. Czternasty, M. Meissner, K.C. Rule, J.-U. Hoffmann, K. Kiefer, S. Gerischer, D. Slobinsky, and R.S. Perry (3 September 2009). „Dirac Strings and Magnetic Monopoles in Spin Ice Dy2Ti2O7“. Science. 326 (5951): 411–4. arXiv:1011.1174. Bibcode:2009Sci...326..411M. doi:10.1126/science.1178868. PMID 19729617.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  28. S. T. Bramwell, S. R. Giblin, S. Calder, R. Aldus, D. Prabhakaran & T. Fennell (15 October 2009). „Measurement of the charge and current of magnetic monopoles in spin ice“. Nature. 461 (7266): 956–9. arXiv:0907.0956. Bibcode:2009Natur.461..956B. doi:10.1038/nature08500. PMID 19829376.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Извори

уреди

Литература

уреди

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: