Кенет Вилсон
Кенет Вилсон (англиски: Kenneth G. Wilson 8 јуни 1936 – 15 јуни 2013) — американски тепретски физичар и пионер во употребата на сметачите во проучувањето на честичната физика. Тој бил награден со Нобелова награда за физика во 1982 година за неговата работа на Фазните премини — објаснувајќи го потајниот бит на појавите како што се топењето на мразот и настанувањето на магнетизмот. Сето ова било во неговата основна работа кај ренормализационата група.
Кенет Вилсон | |
---|---|
Роден(а) | Кенет Вилсон 8 јуни 1936 Волтхам, Масачусетс |
Починал(а) | 15 јуни 2013 Сако, Мејн | (возр. 77)
Националност | Американец |
Полиња | Теориска физика |
Установи | Корнел (1963–1988) Охајски државен универитет (1988–2008) |
Образование | Харвард (B.A.) Калтех (Ph.D.) |
Теза | „Испитување на Лововата равенка и Чо-Манделстамовите равенки“ (1961) |
Докторски ментор | Мари Гел-Ман[1] |
Докторанди | Хуликал Кришнамурти Роман Џакив Пауло Калдас Мајкл Пескин Серж Рудаз Пол Гинстарг Реј ренкен Стивен Вајт[1] |
Познат по | Ренормализациона група Фазен преминs Вилсонови јамки |
Поважни награди | Хајнеманова награда (1973) Волфова награда за физика(1980) Нобелова награда за физика (1982) Дираков медал (1989) |
Физика
уредиНеговата работа во физиката вклучувала запишување на сложената теорија на величините: како основните својства и сили на системот се менуваат на скалата на која тие се мерат. Тој развил сеопфатна „раздели па владеј“ стратегија за пресметување на нашинот на кој се случува фазниот премин, со разгледувањето на секоај величинска скала одделно и потоа со издвојување на врската меѓу соседните скали, како ново објаснување преку теоријата на ренорамлизационата група. Овоа обезбедило длабоки погледи во полето на критичните појави и фазните премини во статистичката физика со што се овозможиле точни пресметки.[2][3][4] едне пример за важен проблем кој тој го разрешил со употреба на ренормализацијата е квантитативното опишување на Кондовиот ефект.[5]
Тој подоцна овие погледи ги проширил и на величинските скали за да даде одговори на основните прашања за природата на теоријата на квантните полиња и проширувачкиот операторен производ[6] и физичкото значење бна ренормализационата група.[7]
Тој исто така бил пионер во објаснувањето на нераздвојноста на кварковите во хадроните,[8] употребувајќи ја решеткаста баждарна теорија, започнувајќи пристап кој дозволувал пресметување на сметачи на одамна предвидените силнопарни заемодејства. На таква решетка, тој ја објаснил и хиралната симетрија, значајна особина на заемодејатвата на елеентарните честички.[9]
Животопис
уредиВилсон е родден на 8 јуни 1936 година, Во Валтхам, Масачусетс, tнајстарото дета на Емили Вилсон и Едгар Вилсон, истакнат хемичар на Харвард, кој ги изучувал микробрановите. Неговата мајка била физичар. Тој посетувал неколку училишта, во Англија и Пенсилванија.
Тој се запишал на Харвард на возраст од 16 години, на математика и во два наврати бил меѓу првите петмина на Путнамовиот математички натпревар. Тој исто така бил и добар атлетичар, претставувајќи го Харвард на трката Милја. За време на неговите летни распусти тој работел во Океанографска институција „Вудс Хол“. Тој својот докторат го стекнал на Калтех во 1961 година, под менторство на Мари Гел-Ман.[10] He did post-doc work at Harvard and CERN.[11]
Се вработува на Корнел во 1963 година на одделот за физика како помлад член на персоналот, станувајќи професор во 1970 година. Тој исто така вршел испитувања во овој период и на SLAC.[12] Во 1974 година станува Виксов професор по физика на Корнел.
Во 1982 тој е награден со Нобелова награда за физика за неговата работа на критичните појави користејќи ја ренормализационата група.[13]
Тој ја поделил Волфовата награда за физика во 1980 година, со Мајкл Фишер и Лео Кандоф. Некои од позначајните освоени награди се: Ерингеновиот медал, Френклиновиот медал, Болцмановиот медал, Хајнемановата награда. Тој бил избран за член на Националната академија на науките и Американската академија на науките и уметностите, во 1975година а воедно бил и член на Американското друштво на филозофите.
Во 1985 година, била назначен за Директор на Центарот за теорија и симулации во науката и инженерството на Корнел, денес познат како Корнелов тероретски центар), еден од петте супекомпјутерски центри создадени од Националната научна фондација. Во 1988 година, Вилсон се вработува на Охајскиот државен универзитет, се преселува во Греј, Мејн во 1995 година. Продолжил да работи за Охајскиот универзитет сè до неговото пензионирање во 2008 година. Пред неговата смрт, бил активно вклучен во истражувањето на начинот на кој се спорведува наставата по физика и бил еден првите кој се залагал за „активно вклучување“ на учениците и студентите во науките и математиката.
Некои од неговите докторанти се Хуликал Кришнамурти, Роман Џакив, Мајкл Пескин, Серж Рудаз, Пол Гинспарг ии Стивен Вајт.[1]
Влсоновиот брат Даид исто така бил провесор на Корнел на одделот за молекуларна биологија и генетика, и неговата сопруга, Алисон Браун, е истакант сметачки научник.
Тој починал на возраст од 77 години во Сако, Мејн на 15 јуни 2013 година.[14][15] На погребот му била оддадена почит од многубројни колеги и соработници.[1][14][16]
Почести и награди
уреди- Хајнеманова нагада, 1973
- Болцманов медал, 1975
- Волова награда, 1980
- Харвард, почесен докторат, 1981
- Калтех, Награда за истакнат поранешен студент, 1981
- Френклинов медал, 1982
- Нобелова награда за физика, 1982
- Ерингенов медал, 1984
- Раманова награда, 1993
- Американско друштво ан физичарите член, 1998
- Австралиски анционален универзитет, истакнат годишен член, 1996
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Кенет Вилсон — Проект „Математичко родословие“ (англиски)
- ↑ doi:10.1103/PhysRevB.4.3174
Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно - ↑ doi:10.1103/PhysRevB.4.3184
Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно - ↑ Wilson, K. G. and M. Fisher, Critical exponents in 3.99 dimensions, Physical Review Letters, 28, 1972, p. 240
- ↑ doi:10.1103/RevModPhys.47.773
Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно - ↑ Wilson, K. G. Non-lagrangian models in current algebra Physical Review, 179, 1969, p. 1499–1512 ; Model of coupling constant renormalisation, Physical Review D, 2, 1970, p. 1438–1472; Wilson, K. G., Operator product expansions and anomalous dimensions in Thirring model, ibid., p. 1473–77; Anomalous dimensions and breakdown of scale invariance in perturbation theory, ibid. p. 1478–93; doi:10.1103/PhysRevD.3.1818
Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно; doi:10.1103/PhysRevD.7.2911
Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно - ↑ Wilson, K. G.:Problems in physics with many scales of length, Scientific American, August 1979 Архивирано на 10 јули 2012 г.
- ↑ doi:10.1103/PhysRevD.10.2445
Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно - ↑ doi:10.1103/PhysRevD.25.2649
Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно - ↑ Wilson, K. G. (1961). "An investigation of the Low equation and the Chew-Mandelstam equations", Dissertation (Ph.D.), California Institute of Technology. [1] .
- ↑ http://www.nytimes.com/2013/06/21/science/kenneth-wilson-nobel-physicist-dies-at-77.html?pagewanted=all
- ↑ Wilson, K. G. "Broken Scale Invariance and Anomalous Dimensions", Stanford Linear Accelerator Center (SLAC,)Stanford University, Laboratory of Nuclear Studies, Cornell University, United States Department of Energy, (May 1970).
- ↑ doi:10.1016/0370-1573(74)90023-4
Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно; doi:10.1103/RevModPhys.55.583
Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно; doi:10.1016/0031-8914(74)90229-8
Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно - ↑ 14,0 14,1 Overbye, Dennis (June 20, 2013). „Kenneth Wilson, Nobel Physicist, Dies at 77“. NY Times.
- ↑ „Physics Nobel laureate Kenneth Wilson dies“. Cornell Chronicle. June 18, 2013.
- ↑ doi:10.1038/500030a
Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
Надворешни врски
уреди- Photograph, Biography and Bibliographic Resources, from the Office of Scientific and Technical Information, United States Department of Energy
- Kenneth G. Wilson
- Kenneth G. Wilson's Homepage (on Archive, the original at Ohio State University no longer exists) на Семрежниот архив (англиски)
- Kenneth G. Wilson's brief CV, from Ohio State University (PDF file)
- Publications on ArXiv
- Wilson's Nobel Lecture
- Interview with Ken Wilson in 2002
- Kadanoff, Leo P. (29 Jun 2013). „Kenneth Geddes Wilson, 1936-2013, An Appreciation“. arxiv.org. Посетено на 2 July 2013.