Дејвид Полицер
Дејвид полицер (31 август 1949) — американски теоретски физичар. Ја поделил Нобеловата награда за физика со Дејвид Грос и Франк Вилчек за ниното откритие на асимптотска слобода во квантната хромодинамика.
Дејвид Полицер | |
---|---|
Роден(а) | 31 август 1949 Њујорк, САД |
Националност | американец |
Полиња | Физика |
Установи | Калифорниски институт за технологија |
Образование | Мичигенски универзитет Харвард |
Докторски ментор | Сидни Колман |
Докторанди | Стивен Волфрам |
Познат по | Квантна хромодинамика, асимотска слобода |
Поважни награди | Нобелова награда за физика (2004) |
Живот и кариера
уредиполицер се родил во Њујорк. Неговите родители, Алан И Валери Полицер, се преселиле во САД по Втората светска војна и двајцата биле доктори. Тој матурирал во средното училиште за наука во Бронкс во 1966 година, дипломирал на Мичигенскиот универзитет во 1969 година, а докторатот го стекнал на Харвард во 1974 година, каде надгедувач му бил Сидни Колман.
Неговиот прв објавен член, во 1973 година, во кој Полицер го опишал феноменот на асимптотска слобода: во кој се велело дека колку што се поблизу кварковите, толку послабо е силното заемодејство меѓу ним. кога кварковите се во непосредна близина, јадрената сила меѓу ним е толку мала, што тие се однесуваат како слободни честички. Овој резултат бил откриен независно околу истиот период од страна на Грос и Вилчек од Принстонскиот универзитет кој бил екстремно важен за развојот на Квантната хромодинамика. Заено со Томас Апелквист, Полицер имал централна улога во предвидувањето за постоењето на „хармониум“, субатомска честичка создадена од волшебен кварк и волшебен антикварк.
Полицер бил помлад член на Харвардското друштво од 1974 до 1977 пред да се префрли на Калифорнискиот институт за технологија, каде тој е моментално професор за теориска физика. Во 1989 година, тој имал мала улога во филмот Дебелиот човек и малото момче, како физичарот Роберт Сербер од проектот Менхетен.
Занимливоти
уредиТој исто така бил водечки вокалист во групата „Професор Полицер и ро мезоните“ во 1980-ите, која ја објавила песната, „Прост хармонски осцилатор“.[1][2]
Полицер е познат по тоа дека секојдневно носи хавајски кошули.
Наводи
уреди- Politzer, H.D. (1973). „Reliable Perturbative Results for Strong Interactions?“. Physical Review Letters. 30 (26): 1346. Bibcode:1973PhRvL..30.1346P. doi:10.1103/PhysRevLett.30.1346.
- Politzer, H.D. (1974). „Asymptotic Freedom: An Approach to Strong Interactions“. Physics Reports. 14: 129. Bibcode:1974PhR....14..129D. doi:10.1016/0370-1573(74)90014-3.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-03-17. Посетено на 2015-03-03.
- ↑ http://theory.caltech.edu/people/politzer/[мртва врска]
Надворешни врски
уреди- Biography and Bibliographic Resources, from the Office of Scientific and Technical Information, United States Department of Energy
- Nobel Citation
- Nobel Lecture, "The Dilemma of Attribution" Архивирано на 1 декември 2008 г. (pdf document. Adobe Acrobat required)
- List of papers, from SPIRES Архивирано на 11 декември 2012 г.
- Webpage at Caltech[мртва врска]
- Entry in IMDB
- Caltech press release on Politzer winning the Nobel Prize Архивирано на 4 март 2007 г.
- Дејвид Полицер — Проект „Математичко родословие“ (англиски)
- [1] Архивирано на 17 март 2012 г.