Џон Хазбрук ван Флек

Џон Хазбрук ван Флек (англиски: John Hasbrouck Van Vleck 13 март 189927 октомври 1980) — американски физичар и математичар, награден со Нобелова награда за физика во 1977 година заедно со Невил Франсис Мот и Филип Ворен Андерсон, за неговите придонеси за објаснувањето на однесувањето на електроните во магнетните цврсти тела.

Џон Хасбрук ван Флек
Џон Хасбрук ван Флек, 1974 година
Роден(а)13 март 1925(1925-03-13)
Мидлтаун, Конектикат
Починал(а)27 октомври 1980(1980-10-27) (возр. 81)
Кембриџ, МАсачусетс
НационалностАмериканец
ПолињаФизика
УстановиМнесотски универзитет
Висконски универзитет
Харвард
Оксфордски универзитет
Колеџ Балиол
ОбразованиеВисконски универзитет
Харвард
Докторски менторЕдвин Кембл
ДокторандиРоберт Сербер
Едвард милс Персел
Филип Андерсон
Томас Кун
Џон Атанасоф
Поважни наградиЛангмуирова награда (1965)
Национален медал за наука (1966)
Кресонов медал (1971)
Лоренцов медал (1974)
Нобелова награда за физика (1977)

член на Кралското друштво[1]

Живот и работа

уреди

Роден во Мидлтаун, Конектикат, како син на математичарот Едвард Бур ван Флек и внук на астрономот Џон Монро ван Флек, тој израснал во Мадисон, Висконсин, и стекнал диплома од Висконскиот универзитет во 1920 година. Подоцна заминува на Харвард за дкторските студии кои ги завршува во 1922 година. Се вработил на Минесотскиот универзитет како помошник професор во 1923 година, за да се премести подоцна на Висконскиот универзитет пред да заврши на Харвард. Тој исто тка добил почесна диплома од Веслејанскиот универзитет во 1936 година. [2]

Ван Флек ги воспоставил основите на квантно механичката теорија на магнетизмот и теоријата на кристалното поле (хемиските врски во металните комплексни соединенија). Тој се смета за татко на современиот магнетизам.[3][4][5]

За време на Втората светска војна, ван Флек работел на радарот при радијационата лабораторија на МИТ. Тој половина од времето го минувал во лабораторијата а другата половина на Харвард. Тој покажал дека при бранова должина од 1,25 cm молекулите на водата во атмосферата ќе доведат до проблематично впивање и дека при бранова должина од 0,5 cm же има слично впивање и кај кислородните molekuli.[6][7][8][9] Ова имало важни последици не замо за воениот и (и цивилниот) радарски систем но и за подоцнежната нова наука радиоастрономијата.

 
Ван Флек (лево) го добива Лоренцовиот медал од Хендрик Бругт Герхард Касимир во Кралската холандска академија на науките и уметностите, Амстердам.

ВАн флек учествувал и во преоктот Менхетен. Во јуни 1942 година, Роберт Опенхајмер држел летна школа за потврдување на концептот и можноста за создавање на јадреното оружје при Калифорнискиот универзитет. Присуствувале осум теоретски научници, меѓу кои и ван Флек. Од јули до септември, теоретската групаги прегледала и развила начелата на изработка на атомската бомба.[10][11][12]

Ван Флековата теоретска работа довела до воспоставувањето на лабораторија за јадрено оружје во Лос Аламос. Тој исто така бил дел од комитетот во лабораторијата Лос Аламос во 1943 година. Комитетот кој бил воспоставен од генералот Лесли Гровс, се состоел и од Ворен Луис, како претседател, Е. Роуз, Едгар Вилсон и Ричард Толман, заменик претседател. Придонесот на овој комитет бил значителното намалување на големината на топот потребен за испалување на атомската бомба наречена Литл бој, концепт кој ја отстранил дополнителната тежина и го забрзал производството на бомбата за нејзиното фрлање над Хирошима. Сепак не било применето за бомбата Фат мен која била фрлена над Нагасаки, кај која настанувала имплозија благодарение на критичната маса на школката од плутониум.[13][14]

Во 1961/62 тој бил повремен професор на Оксфордскиот универзитет[15] и професор на колеџот Балиол.[16]

Тој бил награден со Националниот медал за наука во 1966 година[17] и со Лоренцовиот медал во 1974 година.[18] За неговите придонеси во разбирањето на однесувањето на електроните во магнетните цврсти тела, ван Флек бил награден со Нобелова награда за физика во 1977 година, заедно со Филип Ворен Андерсон и Сер Невил Франсис Мот.[19] Ван Флекова трансформации и ван Флековиот магнетизам[20] се именувани според него.

Ван Флек починал во Кембриџ, Масачусетс, на возраст од 81 година.[21]

Дела

уреди

Собирач на јапонска уметност

уреди

Ван Флек и неговата сопруга Абигејл била страствени собирачи на уметнички дела, особено на печатени јапонски дрвени блокови, познати како ван Флекова збирка. Збирката ја наследил од неговиот татко Едвард Бур ван Флек. Тие ја подариле на месниот музеј во Мадисон Висконсин во 1980-ите.[22]

Наводи

уреди
  1. doi:10.1098/rsbm.1982.0024
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  2. Autobiography[мртва врска], John H. van Vleck, The Nobel Prize in Physics 1977
  3. John H. van Vleck, International Academy of Quantum Molecular Science
  4. On the verge of Umdeutung in Minnesota: Van Vleck and the correspondence principle. Part One. Архивирано на 20 мај 2009 г., Anthony Duncan, Michel Janssen; Elsevier Science, 8 May 2007
  5. On the verge of Umdeutung in Minnesota: Van Vleck and the correspondence principle. Part Two. Архивирано на 20 мај 2009 г., Anthony Duncan, Michel Janssen; Elsevier Science, 8 May 2007
  6. Norman F. Ramsey Oral History (1991)[мртва врска],Norman Foster Ramsey: An Interview Conducted by John Bryant, IEEE History Center, 20 June 1991
  7. Oral History Transcript Архивирано на 12 јануари 2015 г., Interview with John H. Van Vleck by Katherine Sopka at Lyman Laboratory of Physics, 28 January 1977
  8. Louis Brown, A radar history of World War II, Institute of Physics Pub., 1999, ISBN 0750306599, pp. 442, 521
  9. Van Vleck, J.; Weisskopf, V. (1945). „On the Shape of Collision-Broadened Lines“ (PDF). Reviews of Modern Physics. 17 (2–3): 227. Bibcode:1945RvMP...17..227V. doi:10.1103/RevModPhys.17.227. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-07-15. Посетено на 2015-03-22.
  10. New Weapons Laboratory Gives Birth to the "Gadget", 50th Anniversary Article, Los Alamos National Laboratory
  11. Berkeley Summer Study Group Архивирано на 21 февруари 2012 г., The Atomic Heritage Foundation
  12. Atomic History Timeline 1900– 1942 Архивирано на 21 февруари 2012 г., The Atomic Heritage Foundation
  13. „Oversight Committee Formed as Lab Begins Research - 50th Anniversary Article, Los Alamos National Laboratory“.
  14. Leslie R. Groves, Lieutenant General, U.S. Army, Retired; Now It Can Be Told, Harper, 1962, pp. 162–63.
  15. Nobel Laureates Архивирано на 20 октомври 2013 г., University of Oxford
  16. Inspiring minds: the Eastman Professors, Floreat Domus, Balliol College News, Issue 12, June 2006
  17. „The President's National Medal of Science: Recipient Details“. National Science Foundation.
  18. „The Lorents medal“. Lorentz.leidenuniv.nl. Посетено на 2012-07-27.
  19. „The Nobel Prize in Physics 1977“. Nobelprize.org. Посетено на 2012-07-27.
  20. „Van Vleck paramagnetism“. Answers.com.
  21. „John Van Vleck, Nobel Laureate Known for Work on Magnetism; Earned Three Degree“. The New York Times. October 28, 1980. стр. A32.
  22. E. B. Van Vleck Collection Архивирано на 6 октомври 2008 г., Chazen Museum of Art

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: