Феликс Блох
Феликс Блох (германски: Felix Bloch 23 октомври 1905 — 10 септември 1983) — швајцарски физичар, кој главно работел во САД.[1]
Феликс Блох | |
---|---|
Роден(а) | 23 октомври 1905 Цирих, Швајцарија |
Починал(а) | 10 септември 1983 Цирих, Швајцарија | (возр. 77)
Државјанство | Швајцарско, американско |
Националност | Швајцарец |
Полиња | Физика |
Установи | Калифорниски универзитет Стенфордски универзитет |
Образование | ЕТХ Цирих Лајпцишки универзитет |
Докторски ментор | Вернер Хајзенберг |
Докторанди | Карсон Д. Џефрис |
Познат по | НМР Блохов ѕид Блохов бран Блохова сфера |
Поважни награди | Нобелова награда за физика (1952) |
Живот и работа
уредиБлох се родил во Цирих, Швајцарија, син на евреи,[2] Густав и Агнес Блох. Се образувал во ЕТХ Цирих. Првенствено студирал инженерство, но подоцна се префрлил на физиката. Во овој период тој посетувал семинари и предавања на Петер Дебај и Херман Вајл во ЕТХ Цирих и Ервин Шредингер во соседниот Циришки универзитет. Негов пријател студент на овие семинари бил Џон фон Нојман. По дипломирањето во 1927 продолжил со изучувањето на физиката во Лајпцишкиот универзитет со Вернер Хајзенберг, докторирајќи во 1928. Неговата докторска теза се засновала на квантната теорија за цврстите материи, употребувајќи ги Блоховите бранови да ги опише електроните.
Останал во европската академија, студирајќи со Волфганг Паули во Цирих, Нилс Бор во Копенхаген и Енрико Ферми во Рим пред за замине во Лајпциг сметајќи на позицијата како постојан професор. Во 1933, одма по доаѓањето на Хитлер на власт, ја напуштил Германија бидејќи бил Евреин.[3] Емигрирал за да работи во Стенфордскиот универзитет во 1934. Есента 1938, почнал да работи со Калифорнискиот универзитет во Беркли за да го определи магнетниот момент на неутронот.[4] Блох заминал со цел да стане првиот професор по теоретска физика во Стенфорд. Во 1939, станал официјален граѓанин на САД. За време на Втората светска војна работел на јадрената енергија во националната лабораторија во Лос Аламос, пред да одбие да се придружи на проектот Радар во Харвард.
По војната се фокусирал на истажувањето на јадрена индукција и јадрена магнетна резонанција.[5] Во 1946 ги предложил Блоховите равенки кои ја определувале временската еволуција на јадрената магнетизација. Тој и Едвард Милс Персел биле наградени во 1952 со Нобелова награда „за развојот на нови методи за прецизни магнетни јадрени мерења и откритијата поврзани со нив“.[6] Во 1954-1955, работел една година како прв генерален директор во CERN. Во 1961, бил прогласен за Макс Штајнов професор по физика во Стенфордскиот универзитет.
Во Стенфорд, бил советник на Карсон Д. Џефрис, кој станал професор по физика на Калифорнискиот универзитет во Беркли.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Hofstadter, Robert (March 1984). „Obituary: Felix Bloch“. Physics Today. 37 (3): 115–116. Bibcode:1984PhT....37c.115H. doi:10.1063/1.2916128. Архивирано од изворникот на 2013-09-30. Посетено на 2015-03-19.
- ↑ Fraser, Gordon (2012). The Quantum Exodus. Chapter 7. Oxford University Press. стр. 182. ISBN 978-0-19-959215-9; hbk
- ↑ "Bloch, Felix", Current Biography, H. W. Wilson Company, 1954. Accessed February 24, 2013. "Because of his Jewish faith, his position soon became uncomfortable and he went to Paris, where he lectured at the Institut Henri Poincaré."
- ↑ http://www.osti.gov/accomplishments/bloch.html
- ↑ Shampo, M A; Kyle R A (September 1995). „Felix Bloch--developer of magnetic resonance imaging“. Mayo Clin. Proc. 70 (9): 889. doi:10.4065/70.9.889. PMID 7643644.
- ↑ - Sohlman, M (Ed.) Nobel Foundation directory 2003. Vastervik, Sweden: AB CO Ekblad; 2003.
- November 1983. People and things: Felix Bloch. CERN Courier, 23(9), p. 386. Available at: https://cds.cern.ch/record/1730968
- „Nobel Prize for Physics, 1952“. Nature (journal). 170 (4335): 911–912. 1952. Bibcode:1952Natur.170R.911.. doi:10.1038/170911b0.
- „Deputy Director-General: Prof. E. Amaldi“. Nature (journal). 174 (4434): 774–775. 1954. Bibcode:1954Natur.174R.774.. doi:10.1038/174774c0.
- McGraw-Hill Modern Men of Science. 1. McGraw-Hill. 1966. стр. 45–46. ISBN 978-0-07-045217-6.
- National Cyclopaedia of American Biography. 61. James T. White & Co. 1984. стр. 310–312. ISBN 0-88371-040-4.
Надворешни врски
уреди- Biography and Bibliographic Resources, од Канцеларијата за научни и технички информации, Оддел за енергетика на САД
- http://nobelprize.org/physics/laureates/1952/bloch-bio.html
- http://www-sul.stanford.edu/depts/spc/xml/sc0303.xml
- Oral History interview transcript with Felix Bloch 14 May 1964, American Institute of Physics, Niels Bohr Library and Archives Архивирано на 4 јуни 2011 г.
- Oral History interview transcript with Felix Bloch 15 August 1968, American Institute of Physics, Niels Bohr Library and Archives Архивирано на 7 април 2015 г.
- Oral History interview transcript with Felix Bloch 15 December 1981, American Institute of Physics, Niels Bohr Library and Archives Архивирано на 27 мај 2015 г.
- Felix Bloch Papers, 1931-1987 се сместени во Department of Special Collections and University Archives Архивирано на 4 јуни 2008 г. во Stanford University Libraries
- National Academy of Sciences Biographical Memoir
- Felix Bloch Papers