Масатоши Кошиба (јапонски: 小柴 昌俊 19 септември 1926) — јапонски физичар. Кој ја поделил Нобеловата награда за физика во 2002 година.

Masatoshi Koshiba
Роден(а)19 септември 1926(1926-09-19)(97 г.)
Тојохаши, Аичи, Јапонија
НационалностЈапонија
ПолињаФизика
УстановиЧикашки универзитет
Токиски универзитет
Токајски универзитет
ОбразованиеTокиски универзитет
Рочестерски универзитет
Докторски менторМоротн Каплон
Други менториТакахико Јаманоучи
ДокторандиЈоџи Тоцука
Познат поАстрофизика, неутрино
Поважни наградиХумболтова награда (1997)
Волфова награда за физика (2000)
Нобелова награда за физика (2002)

Образование уреди

Тој диполмирал на Токискиот универзитет во 1951 година и се стекнал со докторат по физика при Рочестерскиот универзитет, во Њујорк, во 1955 година.Од јули 1955 година до февруари 1958 година тој бил помошник истражувач на одделот за физика, при Чикашкиот универзитет, а од март 1958 година до октомври 1963 година бил вонреден професор на Институтот за јадрени студии, на Токискиот универзитет, иако од ноември 1959 година до август 1962 година бил на одмор како постар помошник истражувач со почесна титула на вонреден професор и извршен директор при лабораторијата за високоенергетска физика и космичко зрачење, на одделот за физика, при Чикашкиот универзитет. На Токискиот универзитет станал вонреден професор во март 1963 година а подоцна и професор во март 1970 година на одделот за физика,Факултет за науки и професор во пензија во 1987 година. Од 1987 до 1997, Кошиба предавал на Токајскиот универзитет. Во 2002 година, тој ја поделил Нобеловата награда Нобеловата награда за физика „за пионерските придонеси во полето на астрофизиката, особено при забележувањето на неутрината“. (други физичари со кои ја поделил наградата се Рејмонд Дејвис и Рикардо Џакони од САД)[1]

Кариера уреди

Денес тоје постар советник при Меѓународниот центар за физика на елементарните честички (ICEPP) и професор во пензија на Токискиот универзитет.

Кошибовата работа се засновала на истражување на неутрината, субатомски честички кои одамна ги зачудувале научниците. Уште од почетокот на 1920-ите години постоел сомнеж дека Сонцето сјае поради јадрената фузиски реакции кои го претворале водородот во хелиум и притоа ослободувале енергија. Подоцна, теоретските пресметки покажале дека безброј неутрина мора да се ослободени од овие реакции и последователно, Земјата мора да е изложена на постојан тек на сончеви неутрина. Бидејќи неутрината заемодејствуваат мошне слабо со материјата, сепак, само едно од трилион неутрина е сопрено на својот пат низ Земјата. Па така неутрината добиле етикета дека не можат да бидат забележани.

Во 1980-ите, Кошиба, засновајќи се на работата на Рејмонд Дејвис, изградил подземен неутрински детектор во рудник за цинк во Јапонија. Наречен Камиоканде II, станувало збор за огромен резервоар исполнет со вода и опколен со детектори кои се осетливи на блесоци светлина добиена од заемодејството на неутрината со молекулите на водата. Кошиба успеал да ги потврди Дејвисовите резултати т.е. дека Сонцето произведува неутрина и дека се забележани помал број на неутрина отколку што било предвидено (недостаток кој станал познат како сончев неутрински проблем). Во 1987 Камиоканде исто така забележал неутрина од експлозијата на супернова надвор од Млечниот Пат. По изградбата на поголемиот, почувствителен детектор Супер-Камиоканде, кој започнал со работ а во 1996 година, Кошиба нашол силни докзаи за она што од одамна било сомнеж кај повеќето научници дека неутрината, од кои се познати три вида, го менуваат обликот при патувањето, со што се разрешува сончевиот неутриински проблем, бидејќи првите експерименти забележале само еден вид на неутрино а не сите три заедно.

Во 2003 година, бил награден со Бенџамин френклинов медал за физика.

Кошиба е член на одборот за спонзорства при Билтенот на атомските научници (Bulletin of the Atomic Scientists).

Тој е странски член на Бангладешка академија на науките

Во чест на добитникот на Нобеловата награда - Масатоши Кошиба, била воспоставена предавалната Кошиба на Токискиот универзитет.[2]

Објавени дела уреди

  • Koshiba, M.; Fukuda, Y; и др. (1998). „Evidence for Oscillation of Atmospheric Neutrinos“. Physical Review Letters. 81 (8): 1562. arXiv:hep-ex/9807003. Bibcode:1998PhRvL..81.1562F. doi:10.1103/PhysRevLett.81.1562.
  • Koshiba, M.; Fukuda, Y; и др. (1999). „Constraints on Neutrino Oscillation Parameters from the Measurement of Day-Night Solar Neutrino Fluxes at Super-Kamiokande“. Physical Review Letters. 82 (9): 1810. arXiv:hep-ex/9812009. Bibcode:1999PhRvL..82.1810F. doi:10.1103/PhysRevLett.82.1810.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. The Nobel Prize in Physics 2002.
  2. 寺崎昌男 2007 『東京大学の歴史 大学制度の先駆け』 講談社

Надворешни врски уреди