Франк Вилчек
Франк Вилчек (15 мај 1951) — американски теориски физичар, математичар и добитник на Нобеловата награда за физика.[2] Тој денес е Фешбахов професор по физика на МИТ.[3]
Франк Вилчек | |
---|---|
Роден(а) | Франк Антони Вилчек 15 мај 1951 Минеола, Њујорк, САД |
Националност | Американец |
Полиња | Физика Математика |
Установи | МИТ |
Образование | Чикашки универзитет (диплома), Принстонски универзитет (магистратура, докторат) |
Докторски ментор | Дејвид Грос |
Докторанди | Марк Алфорд (*) Мајкл Форбс Мартин Грајтер КристоФ Холзи Давис Кеслер Фин Ларсен Ричард Мекензи Џон Марч Расел (*) Четан Најак Маулик Перих Кришна Раџагопал Дејвид Робертсон Шон Робинсон Алфред Шапир Серкан Каби Стивен Вандзура (*): Заенички студент со Сидни Колман |
Познат по | Асимптотска слобода квантна хромодинамика квантна статистика |
Поважни награди | Сакурајева награда (1986) Дираков медал (1994) Лоренцов медал (2002) Лилиенфелдова награда (2003) Нобелова награда за физика (2004) Крал Фејсалова награда (2005) |
Сопружник | Бетси Девин |
Деца | Амити и Мира[1] |
Страница | |
frankwilczek.com |
Професорот Вилчек, заедно со професорот Дејвид Грос и Дејвид Полицер, се наградени со Нобеловата награда за физика во 2004 година за нивното откритие на асимтотска слобода во теоријата на силното заемодејство.[4] Тој е член на научната надгледна комисија во Институтот за иднината на животот.[5]
Животопис
уредиРоден во Минеола, Њујорк, од полско и италијанско потекло, Вилчек бил образуван во јавните училишта во Квинс, образувајќи се во Средното училиште Мартин ван Бурен. Во овој период Вилчековите родители согледале дека тој е исклучителен - делумно поради разултатот кој Вилчек го постигнал на IQ тестовите.[6]
Тој се стекнал со дипломата по математика на Чикашкиот универзитет во 1970 година, магистер по математика на Принстонскиот универзитет, 1972 година, и доктор по физика на Принстонскиот универзитет во 1974 година.[7] Вилчек го држи местото Фешбахов професор по физика при МИТ во центарот за теориска физика. Тој работел на Институтот за напредни студии на Принстон и Институтот за теориска физика при Калифорнискиот универзитет како и повремен професор предавач во NORDITA.
Тој бил награден со Лоренцов медал во 2002 година. Вилчек ја добил и Лилиенфилдовата награда од Американското друштво на физичри од 2003 година. Во истата година бил награден со комеморативниот медал „Факултет за математика и физка“ од Карловиот универзитет во Прага. Тој бил кодобитник на наградата за Високоенергетска физика во 2003 година доделена од Европското друштво на физичари. Вилчек исто така бил кодобитник и на Крал Фејсаловата меѓународна награда за наука.
Тој моментално работи во Друштвото за наука и јавност.
Вилчек се оженил со Бетси Девин на 3 јули 1973 година, и имаат две ќерки, Амита (академски декан на Дип Спрингс колеџ) и Мира.
Вилчек е агностик.[8]
Вилчек исто така се има појавено и во епизода на Пен и Телер: Срање!, каде Пен му се обраќа со зборовите „најпаметната личност која се појавила во нивната емисија.“
Истражување
уредиВо 1973 година Вилчек, дипломец кај професорот Дејвид Грос при Принстоновиот универзитет, со кого ја открива асимптотската слобода, која тврди дека “колку се поблизу кварковите еден до друг, толку е послабо силното заемодејство (или промена на боја) меѓу нив“ кога пак кварковите се во непосредна близина еден на друг, јадрената сила меѓу ним е толку слаба што тие се однесуваат како слободни честички. Теорија која, независно е откриена и од страна на Дејвид Полицер, и е важна за развојот на квантната хромодинамика.
Вилчек помогнал да се откријат и објаснат аксионите, анјоните, асимптотската слобода, обоената суперпроводливост фазите на кварковата материја, и другите подрачја на квантната теорија за полето. Работел на голем број на невообичаени теми како оние поврзани за физиката на кондензирана материја, астрофизиката, и честичната физика.
Во 2012 година тој предложил идеја за време-просторен кристал.[9]
Тековно истражување:
- „Чиста“ честична физика: поврзаност меѓу теориските идеи и набљудуваните појави;
- Однесувањето на материјата: фазна структура на кварковата материја при ултра високи температури и густини; обоена суперпроводливост;
- примена на физиката на елементарните честички во космологијата;
- примена на теоријата за полето и техниките поврзани со физиката на кондензирана материја;
- квантната теорија за црни дупки.
Во неговата книга „Леснотијата на постоењето“ од 2009 година (The Lightness of Being), тој тврди дека Хигсовиот бозон не го објаснува потеклото на масата.[10]
Објавени дела
уредиЗа обични читатели
уреди- 2014 (со Стивен Хокинг, Макс Тегмарк и Стујарт Расел). "Transcending Complacency on Superintelligent Machines". Huffington Post.
- 2008. Леснотијата на постоењето: маса, етер, и обединувањето на силите. Basic Books. ISBN 978-0-465-00321-1.
- 2007. La musica del vuoto. Roma: Di Renzo Editore.
- 2006. Фантастични реалности: 49 мисловни патувања и патување до Стокхолм. World Scientific. ISBN 978-981-256-655-3.
- 2002, "On the world's numerical recipe (an ode to physics)," Дедал 131(1): 142-47.
- 1989 (со Бетси Девин). Тежнеејќи за хармониите: теми и варијации од современата физика. В.В. Нортон. ISBN 978-0-393-30596-8.
Технички
уреди- 1988. Геометриски фази во физиката.
- 1990. Статистика на дропки и анјонска суперпроводливост.
- Wilczek, F.; Gross, D. J. (1973). „Асимптотско слободни баждарни теории. I“. Physical Review D. 8 (10): 3633. Bibcode:1973PhRvD...8.3633G. doi:10.1103/PhysRevD.8.3633. OSTI 4312175.
- Wilczek, F.; Gross, D. J. (1973). „Ултравиолетово однесување бна неабелови баќдарни теории“. Physical Review Letters. 30 (26): 1343. Bibcode:1973PhRvL..30.1343G. doi:10.1103/PhysRevLett.30.1343.
- Wilczek, F.; Zee, A.; Treiman, S. B. (1974). „Размерни отстапувања за неутриските заемодејства во асимптостки слободните теории за полињата“. Joseph Henry Laboratories. doi:10.2172/4256152. OSTI 4256152. Наводот journal бара
|journal=
(help) - Wilczek, F.; Zee, A.; Kingsley, R. L.; Treiman, S. B. (1975). „Модели на слабото заемодејство со нови кваркови и деснонасочени струи“. Physical Review D. 12 (9): 2768–2780. Bibcode:1975PhRvD..12.2768W. doi:10.1103/PhysRevD.12.2768. OSTI 4082874.
- Wilczek, F. (1978). „Проблемот на силните P и T непроменливи во присуство на инстантони“. Physical Review Letters. 40 (5): 279–282. Bibcode:1978PhRvL..40..279W. doi:10.1103/PhysRevLett.40.279.
- Wilczek, F. (1982). „Квантна механика и дропчести спинови на честичките“. Physical Review Letters. 49 (14): 957. Bibcode:1982PhRvL..49..957W. doi:10.1103/PhysRevLett.49.957.
- Wilczek, F.; Turner, M. S. (1990). „Инфлациона анхионска космологија“. Physical Review Letters. 66 (1): 5–8. Bibcode:1991PhRvL..66....5T. doi:10.1103/PhysRevLett.66.5. OSTI 6099352.
- Wilczek, F.; Alford, M. G.; Rajagopal, K. (1998). „Квантната хромодинамика при конечни барионски густини: јадрени капки и обоена суперпроводливост“. Physics Letters B. 422 (422): 247–256. arXiv:hep-ph/9711395. Bibcode:1998PhLB..422..247A. doi:10.1016/S0370-2693(98)00051-3.
- Wilczek, F. (1998). „Риман-Ајнштајнова структира од зафатнина и баждарна симетрија“. Physical Review Letters. 80 (22): 4851–4854. arXiv:hep-th/9801184. Bibcode:1998PhRvL..80.4851W. doi:10.1103/PhysRevLett.80.4851.
- Wilczek, F.; Fradkin, E. H.; Nayak, C.; Tsvelik, A. (1998). „Черн-Симонсово делотворна теорија за полето за Пфафиновата квантна Холова состојба“. Nuclear Physics B. 516 (3): 704–718. arXiv:cond-mat/9711087. Bibcode:1998NuPhB.516..704F. doi:10.1016/S0550-3213(98)00111-4.
- Wilczek, F.; Alford, M. G.; Rajagopal, K. (1999). „Обоеност-вкусово спарување и нарушување на хиралната симетрија при високо густинска квантна хромодинамика“. Nuclear Physics B. 537: 443–458. arXiv:hep-ph/9804403. Bibcode:1999NuPhB.537..443A. doi:10.1016/S0550-3213(98)00668-3.
- Wilczek, F. (1999). „Квантна теорија за полето“. Reviews of Modern Physics. 71 (71): S85–S95. arXiv:hep-th/9803075. Bibcode:1999RvMPS..71...85W. doi:10.1103/RevModPhys.71.S85.
- Wilczek, F.; Schafer, T. (1999). „Непрекинатост на кварковата и хадронската материја“. Physical Review Letters. 82 (82): 3956–3959. arXiv:hep-ph/9811473. Bibcode:1999PhRvL..82.3956S. doi:10.1103/PhysRevLett.82.3956.
- Wilczek, F.; Babu, K.S.; Pati, J.C. (2000). „Фермионски маси, неутрински треперења, и распад на протони во светлината на Супер Камиоканде“. Nuclear Physics B. 566: 33–91. arXiv:hep-ph/9812538. Bibcode:1998hep.ph...12538B. doi:10.1016/S0550-3213(99)00589-1.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Frank Wilczek - Autobiography“. Архивирано од изворникот на 2013-03-12. Посетено на 2015-03-06.
- ↑ Biography and Bibliographic Resources, from the Office of Scientific and Technical Information, United States Department of Energy. Accessed 14 July 2013
- ↑ „Frank Wilczek, Herman Feshbach Professor of Physics“. Department of Physics, MIT. 2011. Посетено на 2011-06-14.
- ↑ Tore Frängsmyr, editor (2005). „The Nobel Prizes 2004“. Les Prix Nobel. Nobel Foundation. Архивирано од location=Stockholm изворникот Проверете ја вредноста
|url=
(help) на 2008-07-09. Посетено на 2008-04-30. Недостасува права црта во:|url=
(help) - ↑ Who We Are, Future of Life Institute, 2014, Посетено на 2014-05-07
- ↑ Dreifus, Claudia (December 28, 2009). „Discovering the Mathematical Laws of Nature“. The New York Times. Посетено на 22 May 2012.
- ↑ Frank Anthony Wilczek — Проект „Математичко родословие“ (англиски)
- ↑ „Frank Wilczek“. Soylent Communications. 2012. Посетено на 20 June 2013.
Raised in the Catholic church, Wilczek now considers himself agnostic. On the dichotomy between science and religion, he has said: "When religion talks about our aspirations and our sense of morality, I do not believe that science can contradict it. However, when religion contradicts science on matters of fact, religion must yield."
- ↑ Natalie Wolchover (2013-04-30). „Time Crystals' Could Upend Physicists' Theory of Time“. Wired.
- ↑ The Lightness of Being:Wilczek, Frank. 2009. The Lightness of Being. Chapter: Darkness Revisited
Надворешни врски
уреди„Франк Вилчек“ на Ризницата ? |
- Longer biography at Lifeboat Foundation website Архивирано на 4 март 2006 г.
- Frank Wilczek explains Einstein's massive contributions to science Архивирано на 25 март 2010 г.
- Papers in ArXiv
- Frank Wilczek discusses his book "The Lightness of Being" on the 7th Avenue Project Radio Show
- The World's Numerical Recipe Архивирано на 24 август 2003 г.
- Scientific articles[мртва врска] by Wilczek in the INSPIRE-HEP database
- Wilczek on anyons and superconductivity
- Blog of the Wilczek family's Nobel adventures Архивирано на 30 септември 2011 г.
- Freeman Dyson, "Leaping into the Grand Unknown: Review of The Lightness of Being," The New York Review of Books 56(6), April 9, 2009.
- ForaTV: The Large Hadron Collider and Unified Field Theory Архивирано на 21 октомври 2012 г.
- A radio interview with Frank Wilczeck Архивирано на 22 април 2012 г. Aired on the Lewis Burke Frumkes Radio Show the 10th of April 2011.
- A television interview with Frank Wilczek на YouTube from February 2011 for Cambridge University Television
- Jeffrey Epstein VI Foundation