Вилијам Хенри Брег

Сер Вилијам Хенри Брег ПКР[1] (2 јули 186212 март 1942) — британски физичар, хемичар, математичар и активен спортист и воедно единствен[2] добитник кој ја поделил Нобеловата награда со својот син Вилијам Лоренс БрегНобеловата награда за физика ос 1915 година е доделена за: "заслугите во анализата на Кристалната структура со употреба на рендгенски зраци".[3] Минералот Брегит е именуван според него и неговиот син. Бил прогласен за витез во 1920 година.

Сер Вилијам Хенри Брег
Роден(а)2 јули 1862(1862-07-02)
Вигтон, Камберланд, Англија
Починал(а)12 март 1942(1942-03-12) (возр. 79)
Лондон, Англија
ЖивеалиштеАнглија
НационалностБританец
ПолињаФизика
УстановиАделаидски универзитет
Лидски универзитет
Лондонски универзитетски колеџ
Кралска институција
ОбразованиеКембрички универзитет
МенториЏ. Џ. Томсон
ДокторандиЛоренс Брег
Кетлин Лонсдејл
Вилијам Томас Астбури
Џон Дезмон Бернал
Други значајни студентиЏон Бартон Клиланд
Познат поРендгенска дифракција
Поважни наградиНобелова награда за физика (1915)
Бернардов медал (1915)
Матеучиев медал (1915)
Рамфордов медал (1916)
Коплиев медал (1930)
Фарадеев медал (1936)
Картиева награда (1939)
Белешки
Тој е таткото на Вилијам Лоренс Брег. Таткото и синот заедно ја добиле Нобеловата награда за физика во 1915 година.

Животопис

уреди
 
Старото гимназиско училиште, „Маркет Харбуро“, кое во својата внатрешност има табла на ѕидот на која пишува дека Брег бил нивни ученик

Младост

уреди

Брег е роден во Вествард во близина на Вигтон, Камберланд. Бил син на Роберт Џон Брег, фармер, трговец, и поморски офицер и неговата сопруга Мари, моминско Вуд, ќерка на свештеник. Кога Брег имал седум години, неговата мајка починала, и за него се грижел неговиот вујко, Вилијам Брег, во Маркет Харбораф, Британија. Образованието го стекнал во Старото Гимназиско училиште таму, а подоцна и во Колеџ на Кралот Вилијам и освоил стипендија, за Кембриџ. Дипломирал во 1884 како трет Вранглер, а во 1885 бил награден со почести од прв ред како математички трипос.[4][5][6]

Аделаидски Универзитет

уреди

Во 1885 (на 23 годишна возраст), Брег бил повикан од (Сер Томас) Елдер, професор по математика и експериментална физика во Аделаидскиот универзитет,[7] и започнал да работи таму во 1886. Поради тоа што бил квалификуван математичар, имал ограничени познавања од физиката, од кои повеќето биле за примена во математиката. Исто така, во тоа време, имало само стотина студенти кои ги посетувале сите курсеви, од кои многу мал број припаднале на научното училиште, чии дефицитни наставни простории ги подобрил токму Брег. Брег бил способен предавач; тој го охрабрил формирањето на Студентска унија, а и бесплатното присуство на професорите по наука на неговите предавања.[5][6]

Интересот во физиката кај Брег се развил, посебно во полето на електромагнетизмот. Во 1895 година Ернест Радерфорд, го посетил на пат од Нов Зеланд до Кембрџ; тоа претставувало почеток на долго пријателство.

Голем пресврт во кариерата на Брег претставува доделувањето на претседателската адреса во секцијата во Австралиската Асоцијација за напредок во Науката во 1904 година во Данидин, Нов Зеланд,[6] за "Некој нов напредок во теоријата за јонизацијата на гасови". Оваа идеја била проследена со "брилијантна серија од истражувања"[6] која, за три години, му пружила шанса за членство во Кралското Друштво во Лондон. Ова дело претставувало потекло за неговата прва книга Учења во Радиологијата. (1912). Малку после добивањето на претседателската адреса во 1904, Брег дошол до мало количество радиум бромид за експериментирање .Во декември 1904 неговото дело "За апсорпцијата на алфа-зраци и класификација на алфа-зраци од радиум" се појавило во Филозофското списание, како и делото "Јонизацијата на кривини на родиум", пишана во соработка со неговиот студент Ричард Климан.[5][6]

На крајот од 1908 Брег се вратил во Англија. Во текот на неговиот 23 годишен престој во Австралија "тој го видел бројот на студентите во Универзитетот во Аделаида како скоро за 4 пати повеќе се зголемил и имал учество во напредокот на прекраснот научно училиште ."[5]

Додека бил во Аделаида Брег играл голф и тенис, и како еден од основателите на Северна Аделаида и Лакрос клубот во Универзитетот Аделаида, тој придонел за запозанањето на лакрос во Јужна Австралија и бил исто така секретар на Асоцијацијата за Шах при универзитетот Аделаида.[8] Исто така тој ја запознал Гвендолин родена Тод, умешна сликарка со водени бои, со која што се венчале во 1889.[5][6] Нивниот прв син Вилијам Лоренц, бил роден во Северна Америка во 1890 којшто го учел во Универзитетот Аделаида.

Лидскиот Универзитет

уреди
 
Комеморативна плакета, Лидс Универзитет
 
Спектрометар развиен од Брег

Брег ја заземал Кавендиш позицијата во универзитетот Лидс од1909. Тој ја продолжил својата работа на X-зраците и добил успешни резултати. Го осмислил X-спектрометарот и негвиот син Вилијам Лоренс Брег, тогаш студент којшто вршел истражувања во Кембриџ, и ја основал новата теорија за X-зраци кристалографија, анализи на кристална структура користејќи дифракција на Х зраци.

Од 1914, и таткото и синот придонесувале за време на војната; Брег бил задолжен за детекција на подморнци во Абердур Четврти и во Харвич, потоа се вратил во Лондон во 1918 како консултант за адмиралот.[5]

Во 1915 таткото и синот биле наградени со Нобелова награда по Физика[2] за нивните истражувања, користејќи го Х зраковиот спектрометар, X-зракова спектра, X-зракова дифракција, и за кристална структура. Десет години подоцна, нивното издание Х зраци и Кристална структура (1915) постигнало дури петто издание.[5]

Колеџ Универзитетот во Лондон

уреди

По војната, Брег се вратил на Универзитетскиот колеџ во Лондон, каде што продолжил да работи на анализа на кристали.[5]

Кралско друштво

уреди

Брег бил избран за претседател на Кралското друштво во 1935 година.[9]

Наводи

уреди
  1. Da c. Andrade, E. N.; Lonsdale, K. (1943). „William Henry Bragg. 1862-1942“. Obituary Notices of Fellows of the Royal Society. 4 (12): 276. doi:10.1098/rsbm.1943.0003. JSTOR 769040.
  2. 2,0 2,1 кој ја поделил својата Нобелова награда за физика со својот син. Постојат неколку случаи кога родителот ја добил Нобеловата награда, а неколку години подоцна и неговото дете ја добило Нобеловата награда за друго истражување. Пример за ваков случај се Марија Кири и нејзината ќерка Ирен Жулио-Кири, кој се пак единствениот пар мајка-ќерка. Неколку парови татко-син исто така имаат освоено две одделни Нобелови награди.
  3. „The Nobel Prize in Physics 1915“. Nobel Foundation. Посетено на 2008-10-09.
  4. „Bragg, William Henry (BRG880WH)“. A Cambridge Alumni Database. University of Cambridge.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 5,6 5,7 Предлошка:Dictionary of Australian Biography
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 Предлошка:Australian Dictionary of Biography
  7. Bragg Centenary, 1886–1986, University of Adelaide, Pages 3 & 4. Proof of advertisement in the Oxford University Gazette of 16 October 1885, and the Cambridge University Reporter of 13 October 1885. The advertisements read:
    THE UNIVERSITY OF ADELAIDE
    ELDER PROFESSOR OF MATHEMATICS AND EXPERIMENTAL PHYSICS
    The Council invite applications for the above Professorship. Salary £800 per annum. The appointment will be for a term of five years, subject to renewal at the discretion of the Council. Salary will date from March 1, 1886, and the Professor will be expected to enter on his duties on that date. An allowance will be made for travelling expenses. Applications with testimonials should reach ... not later than December 1, 1885.
    Bragg was informed of his appointment by a letter dated 17 December 1885.
  8. Bragg Centenary, 1886–1986, University of Adelaide, page 43.
  9. William Henry Bragg (1862–1942). The Davy Faraday Research Laboratory

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: