Ернст Руска (германски: Ernst Ruska 25 декември 190627 мај 1988)[1]германски физичар кој ја добил Нобеловата награда за физика во 1986 година за неговата работа во електронската оптика, вклучувајќи го тука и првиот електронски микроскоп.[2]

Ернст Руска
Роден(а)Ернст Руска
25 декември 1906(1906-12-25)
Хајделберг, Германија
Починал(а)27 мај 1988(1988-05-27) (возр. 81)
Западен Берлин, Германија
НационалностГерманец
ПолињаФизика
УстановиИнститут „Фриц Хабер“
Берлински технички универзитет
ОбразованиеМинхенски технички институт
Докторски менторМакс Кнол
Познат поЕлектронска микроскопија
Поважни наградиДуделов медал и награда (1975)
Кохова награда (Злато, 1986)
Нобелова награда за физика (1986)
Електронскиот микроскоп составен од Ернст Руска во 1933 година

Живот и кариера

Руска е роден во Хајделберг. Се образувал на Минхенскиот технички универзитет од 1925 до 1927 и пота продолжил на Берлинскиот технички универзитет, каде тврдел дека микроскопи кои користат електрони, со бранови должини 1000 пократки од оние на светлината, можат да обезбедат поквалитетна слика на набљудуваниот предмет отколку микроскопот кој користи видлива светлина, каде зголемувањето е ограничено со големината на брановите должини. Во 1931 година, тој покажал дека магнетнтата намотка може да се користи како електронска леќа, при што искористил неколку намотки во серија за да го направи првиот електронски микроскоп во 1933 година.

По завршувањето на својот докторат, Руска продолжил да работи на полето на електронската оптика, прво во Фернзе Ltd во Берлин-Целендорф, а подоцна од 1937 година во Сименс. Во Сименс, бил вклучен во развојот на првиот комерцијален електронски микроскопи во 1939 година. Како што ја развивал технологијата за електронскиот микроскоп во Сименс, Руска истовремено работел и за други научни институции, и го охрабрувал Сименс да изгради лабораторија за размена на истражувачи, која првично била раководена од братот на Руска, Хелмут, доктор кој ја развил употребата на електронскиот микроскоп за медицински и биолошки примени.

По напуштањето на Сименс во 1955 година, Руска бил директор на Институтот за електронска микроскопија при Институтот „Фриц Хабер“ сè до 1974 година. Паралелно, тој работел и на институтот и како професор на Берлинскиот технички институт од 1957 година па сè до неговото пензионирање во 1974 година.

Во 1960 година тој ја добил Ласкеровата награда.[3] Во 1986 година, бил награден со Нобеловата награда за физика за неговите многубројни постигнувања во електронската оптика, заедно со Герд Биниг и Хајнрих Рорер кои добиле четвртина од наградата за осмилувањето и создавањето на отчитувачкиот тунелски микроскоп. Тој починал во Западен Берлин во 1988 година.

Наводи

  1. His Nobel bio claims he died on 25 May, while the Ruska memorial site says 27 May
  2. Hawkes, Peter W. (July 1990). „Ernst Ruska“. Physics Today. 43 (7): 84–85. Bibcode:1990PhT....43g..84H. doi:10.1063/1.2810640. Архивирано од изворникот на 2013-10-04. Посетено на 2015-03-22.
  3. Browne, Malcolm W. (31 May 1988). „Ernst Ruska, a German Nobel Prize Winner, Dies at 81“. NY Times.

Надворешни врски