Дејвид Грос
Дејвид Грос (19 февруари 1941) — американски честичен физичар и струнотеоретичар. Заедно со Франк Вилчек и Дејвид Полицер, е награден со Нобелова награда за физика во 2004 година за нивното откритие на асимптотска слобода. Toj е поранешен директор и сегашен предавач на Глуковото место за теориска физика на Кавлиевиот институт за теориска физика при Калифорнискиот универзитет. Тој е исто така факултативен член на одделот за физика при Калифорнискиот универзитет и е моментално поврзан со институтот за квантни студии при Чапмановиот универзитет во Калифорнија.
Дејвид Грос | |
---|---|
Роден(а) | Дејвид Џонатан Грос 19 февруари 1941 Вашингтон САД |
Живеалиште | САД |
Националност | Американец |
Полиња | Физика, терија на струните |
Установи | Калифорниски универзитет Харвард Принстонски универзитет |
Образование | Еврејски универзитет Калифорнски универзитет |
Докторски ментор | Џефри Чу |
Докторанди | Франк Вилчек Едвард Витен Вилијам Касвел Раџеш Гопакумар Никита Некрасов[1] |
Познат по | асимптотска слобода хетеротична струна |
Поважни награди | Дираков медал (1988) Харвиева награда (2000) Нобелова награда за физика (2004) |
Сопружник | Шуламит Тоаф Грос (разведен, 2 деца) Жаклин Савани |
Потпис |
Животопис
уредиТој се родил во еврејско семејство во Вашингтон на 19 февруари 1941 година. Неговите родители биле Нора и Бертрам Мирон Грос (1912–1997). Грос се стекнал со диполмата и мгистратурата од Еврејскиот универзитет во Ерусалим, Израел, во 1962 година. Докторатот го стекнал на Клифорнискиот универзитет во 1966 година пор раководство на Џефри Чу.[2]
Тој бил помлад член на Харвард и професор на Принстонски универзитет до 1997 година. тој е добитника на стипендијата на Мекартуровата фондација во 1987 година, Дираковиот медал во 1988 година и Харвиевата награда во 2000 година.[2]
Во 1973 година, Грос, работејќи заедно со дипломецот, Франк Вилчек, на Принстонски универзитет, ја откриле асимптотската слобода, која вели дека колку што се поблизу кварковите, толку е помало силното заемодејство (или промената на бојата) меѓу нив, кога кварковите се во непосредна близина, јадрената сила меѓу ним е толку мала што тие се однесуваат скоро како слободни честички. Асимптотската слобода, независно биа откриена и од Полицер, и е важна за развојот на квантната хромодинамика.
Грос, заедно со Џефри Харви, Емил Мартинец и Рајан Ром исто така ја создале теоријата за хетероитична струна. Четворицата стекнале прекар „Пиринстонов струнов квартет“.[3]
Во 2003 година, Грос биле еден од 22 нобеловци кој го потпишал Хуманистичкиот манифест.[4]
Почести и награди
уреди- Дираков медал (1988)
- Харвиева награда (2000)
- Нобелова награда за физика (2004)
Наводи
уреди- ↑ David Jonathan Gross — Проект „Математичко родословие“ (англиски)
- ↑ 2,0 2,1 „Autobiography“. nobelprize.org. Посетено на 23 Apr 2013.
- ↑ String Theory, at 20, Explains It All (or Not). NY Times (2004-12-07)
- ↑ „Notable Signers“. Humanism and Its Aspirations. American Humanist Association. Архивирано од изворникот на 2012-10-05. Посетено на October 2, 2012.
Надворешни врски
уреди- Дејвид Грос на Ризницата ?
- Nobel citation
- ArXiv papers
- Webpage at the Kavli Institute Архивирано на 10 октомври 2007 г.
- Scientific articles[мртва врска] of David Gross (INSPIRE-HEP database)
- BBC synopsis on the award
- Interviews Архивирано на 6 јули 2008 г.
- Biography and Bibliographic Resources, from the Office of Scientific and Technical Information, United States Department of Energy