Павел Черенков
Павел Алексеевич Черенков (руски: Па́вел Алексе́евич Черенко́в 28 јули 1904 — 6 јануари 1990) — советски физичар кој ја споделил Нобеловата награда за физика во 1958 со Иљја Франк и Игор Там за откривање на чернековото зрачење во 1934.[1]
Павел Черенков | |
---|---|
Роден(а) | јули 28, 1904 Воронешка област, Руска Империја |
Починал(а) | 6 јануари 1990 Москва, СССР | (возр. 85)
Националност | Русин |
Полиња | Јадрена физика |
Установи | Лебедев институт за физика |
Образование | Воронежки државен универзитет |
Докторски ментор | Сергеј Вавилов |
Познат по | Карактеризирање на Черенково зрачење |
Поважни награди | Нобелова награда за физика (1958) |
Животопис
уредиЧеренков е роден во 1904, син на Алексеј Черенков и Марија Черенкова, во мало село во Новаја Кигла. Овој град денес е Воронешка област, Русија.
Во 1928, дипломирал во одделот за физика и математика во Воронежкиот државен универзитет. Во 1930, бил на позицијата на виши истражувач во Лебедевиот институт за физика. Истата година се оженил со Марија Путинтсева, ќерка на А.М. Путинтсев, професор по руска литература. Заедно имале две деца, син, Алексеј и ќерка, Јелена.
Черенков бил унапреден на позицијата на секциски водач и во 1940 бил награден со диплома за доктор по физичко-математички науки. Во 1953, станал професор по експериментална физика. Во почетокот на 1959, бил на чело на лабораторијата за фотомезонски процеси во институтот. Останал како професор цели четиринаесет години. Во 1970, станал академик во академијата за науки на СССР.
Черенков починал во Москва на 6 јануари 1990 и бил погребан на Новодевичиевите гробишта.
Откритија во физиката
уредиВо 1934, додека работел под надзор на Вавилов, Черенков набљудувал емисија на сина светлина од шише со вода подложно на радиоактивно бомбардирање. Овој феномен, поврзан со наелектризирани атомски честички
кои се движат со брзина поголема од брзината на светлината во локален медиум, се докажало дека е од голема важност во последователната експериментална работа во јадрената физика и за проучувањето на космичките зраци.
Епонимно, бил наречен черенков ефект, исто како и черенковиот детектор, кој станал стандарден дел од опремата за атомски истражувања за набљудување на постоењето и брзината на честичките со голема брзина. Овој уред бил сместен во Спутник 3.
Павел Черенков исто така го споделил развојот и изградбата на електронски забрзувачи и истражувањето за фотонуклеарните и фотомезонските реакции.
Награди и почести
уредиЧеренков бил награден со две Сталинови награди, првата во 1946, споделувајќи ја честа со Вавилов, Иљја Франк и Игор Там, а другата во 1952. Исто така бил награден и со Државна награда на СССР во 1977. Во 1958, бил награден со Нобелова награда за физика за пронаоѓање на черенковиот ефект.[2] Черенков бил член на комунистичката партија на советскиот Сојуз.
Популарна култура
уредиВо „Ѕвездени патеки“ ликот Павел Чеков бил именуван по Павел Черенков.
Наводи
уреди- ↑ Chudakov, Alexander E. (December 1992). „Obituary: Pavel Alexeyevich Cherenkov“. Physics Today. 45 (12): 106–107. Bibcode:1992PhT....45l.106C. doi:10.1063/1.2809928. Архивирано од изворникот на 2013-10-04. Посетено на 2015-03-19.
- ↑ http://nobelprize.org/nobel_prizes/physics/laureates/1958/cerenkov-bio.html