Ричард Едвард Тејлор
Ричард Едвард Тејлор (англиски: Richard Edward Taylor; 2 ноември 1929 во Медисин Хет, Алберта) — добитник на Нобелова награда за физика и професор во пезнија при Стенфорд.[1] Во 1990 година, тој ја поделил Нобеловата награда за физика со Џером Ајзак Фридман и Хенри Веј Кендал „за нивните пионерски истражувања поврзани со нееластичното расејување на електроните од протонитеи сврзаните неутрони, кои се од основна важност за развојот на кварковиот модел во честичната физика.“[2]
Ричард Едвард Тејлор | |
---|---|
Роден(а) | 2 ноември 1929 Медисин Хет, Алберта |
Националност | Канаѓанец |
Полиња | Честична физика |
Установи | SLAC LBL Виша нормална школа |
Образование | Стенфорд Албертски универзитет |
Докторски ментор | Роберт Ф. Мозли |
Поважни награди | Нобелова награда за физика (1990) |
Животопис
уредиОтако детството го минал во Медисин Хат, Тејлор дипломирал (1950) и магистрирал (1952) на Албертскиот универзитет во Едмонтон, Канада. Скоро венчан, тој се пријавил за докторска работа на Стенфорд, каде се придружил на Високоенергетската физичка лабораторија. Неговата докторска теза била експеримент кој користел поларизирани γ-зраци за да го испита создавањето на π-мезоните.
По поминати три години на Вишата нормална школа во Париз и една година во Лоренс Берклиевата лабораторија во Калифорнија, Тејлор се вратил на Стенфорд. Изградбата на Стенфордскиот линиски забрзувачки центар била во својот почеток. Во соработка со истражувачите од Калифорнискиот институт за технологија и МИТ, Тејлор работел на осмислувањето и изградбата на опремата, и бил вклучен во многуте експерименти.
Експериментите кои се спроведувале во SLAC при крајот на 1960-ите и почетокот на 1970-ите вклучувале расејување на високоенергетски зраци на електрони од протоните и деутероните и потешките јадра. При пониски енергии, веќе се знаело дека електроните се расејуваат само при мали агли, кои биле во согласност со идејата за тоа дека јадрата немаат внатрешна структура. Сепак, овие експерименти покажале дека електроните со повисоки енергии ќе се расејат со поголеми агли, со загуба на дел од енергијата. Ова длабоко нееластично расејување обезбедило разултати за првиот експериментален доказ дека протоните и неутроните се состојат од точкести честички, подоцна препознаени како горни и долни кваркови кои претходно биле биле предвидени од теоретичарите. Експериментите исто така го обезбедиле првиот доказ за постоењето на глуоните. Тејлор, Фридман и кендал биле заедно наградени со Нобеловата награда за физика во 1990 година за овие нивни достигнувања.[3]
Почести и награди
уреди- Хумболтова награда за постар научник, 1982.[4]
- Панофскиева награда, 1989.
- Нобелова награда за физика, 1990.
- Член, Гугенхајмовата фондација, 1971 - 1972.
- Член, Американското друштво на физичарите.
- Член, Американското здружение за напредок на науката.
- Член, Кралското друштво на Канада.
- Член, Кралското друштво во Лондон.
- Член, Американската академија на науките и уметностите.
- Член, Канадското здружение на физичарите.
- Странски соработник, Националната академија за наука.
- придружник на Редот на Канада, 2005.
Објавени дела
уреди- Тејлор, Р. Е. „Јадрени обликовни фактори над 6 GeV“, Стенфордски линиски збрзувачки центар (SLAC), Американско министерство за енергија, (септември 1967).
- Тејлор, Р. Е. „Откривањето на структурата на материјата која наликува на точки“, Стенфордски линиски збрзувачки центар (SLAC), Американско министерство за енергија—канцеларија за енергетски истражувања, (септември 2000).
Наводи
уреди- ↑ Nobel autobiography
- ↑ Nobel prize citation
- ↑ Nobel prize press release
- ↑ „Taylor's entry in the SLAC index of faculty“. Архивирано од изворникот на 2009-05-17. Посетено на 2015-03-29.
Надворешни врски
уреди- Biography and Bibliographic Resources, from the Office of Scientific and Technical Information, United States Department of Energy
- Nobel banquet speech