Мартинус „Тини“ Велтман (холандски: Martinus Justinus Godefriedus Veltman 27 јуни 1931 - 4 јануари 2021) — холандски теоретски физичар. Во 1999 ја споделил Нобеловата награда за физика со неговиот поранешен студент Герард ’т Хофт за нивната работа окулу честичната теорија.

Мартинус Велтман
Роден(а)27 јуни 1931(1931-06-27)
Валвејк, Холандија
Починал(а)4 јануари 2021(2021-01-04) (возр. 89)
Билтховен
НационалностХоландија Холанѓанец
ПолињаФизика
УстановиМичигенски универзитет
Утрехтски универзитет
ОбразованиеУтрехтски универзитет
ДокторандиГерард ’т Хофт
Питер ван Њувенхузен
Бернар де Вит
Поважни наградиНобелова награда за физика (1999)

Животопис

уреди

Мартинус Велтман е роден во Валвејк, Холандија, на 27 јуни 1931. Почнал да изучува математика и физика во Утрехтскиот универзитет во 1948. Тој докторирал во теориската физика во 1963 и станал професор во Утрехтскиот универзитет во 1966.

Во 1963/64, за време на продолжен престој во Стенфордскиот линеарен акцелераторски центар (SLAC) тој го дизајнирал компјутерскиот програм "Schoonschip" за симболична манипулација на математички равенки, кој сега се смета за првиот компјутерски алгебарски систем.

Во 1971, Герард ’т Хофт, кој се подготвувал за докторатот под надзор на Велтман, ја ренормализирал Јанг-Милсовата теорија. Тие покажале дека ако симетрија на Јанг-Милсовата теорија треба да се реализира во спонтано скршен режим, наречен Хигсов механизам, тогаш Јанг-Милсовата теорија може да биде ренормализирана.[1][2] Ренормализацијата на Јанг-Милсовата теорија е главно достигнување во физиката во дваесеттиот век.

Во 1981, Велтман го напуштил Утрехтскиот универзитет за да премине во Мичигенскиот универзитет.[3]

На крајот, тој ја споделил Нобеловата награда за физика во 1999 со Герард ’т Хофт „за разјаснување на квантната структура на електрослабите заемодејства во физиката“.[4] Велтман и ’т Хофт се придружиле на прославата во Утрехтскиот универзитет кога била доделена наградата.

Велтман сега е во пензија и ја стекнал титулата професор емеритус во Мичигенскиот универзитет. Астероидот 9492 Велтман е наречен во негова чест.

Во 2003, Велтман објавил книга за честичната физика за пошироката публика, насловена "Facts and Mysteries in Elementary Particle Physics" („Факти и мистерии во елементарната честична физика“), објавена од "World Scientific".

Библиографија

уреди

Наводи

уреди
  1. G. 't Hooft and M. Veltman (1972). „Regularization and Renormalization of Gauge Fields“. Nuclear Physics B. 44: 189–219. Bibcode:1972NuPhB..44..189T. doi:10.1016/0550-3213(72)90279-9.
  2. „Regularization and Renormalization of Gauge Fields by 't Hooft and Veltman (PDF)“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-07-07. Посетено на 2015-03-24.
  3. Martinus J. G. Veltman
  4. „The Nobel Prize in Physics 1999“. Архивирано од изворникот на 2007-10-11. Посетено на 2015-03-24.

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: