Џон Кокрофт
Сер Џон Даглас Кокрофт (англиски: Sir John Douglas Cockcroft 27 мај 1897 – 18 септември 1967) — британски физичар. Тој ја споделил Нобеловата награда за физика за разделување на атомското јадро со Ернест Волтон, и било инструментално за развитокот на јадрената енергија. Тој бил првиот мајстор на Черчил колеџот и закопан е во Вознесените парохиски гробишта во Кембриџ, заедно со својата жена Елизабет и синот Џон, познат како Тимотеј, кој умрел на две годишна возраст во 1929.
Сер Џон Кокрофт | |
---|---|
Роден(а) | 27 мај 1897 Тодморден, Англија |
Починал(а) | 18 септември 1967 Кембриџ, Англија | (возр. 70)
Националност | Британец |
Полиња | Физика |
Установи | Воспоставено истражување на атомска енергија |
Образование | Манчестерски универзитет Викторија Технолошки колеџ во Манчестер Колеџ „Св.Џон“, Кембриџ |
Ментори | Ернест Радерфорд |
Значајни студенти | Ајшфак Ахмед |
Познат по | Разделување на атомот |
Влијание од | Хорас Ламб |
Поважни награди | Хјузов медал (1938) Нобелова награда за физика (1951) Кралски медал (1954) Фарадеев медал (1955) Награда „Атоми за мир“ (1961) |
Рани години
уредиКокрофт се родил во Тодморден, Западен Јоркшир, Англија, најстар син на сопственик на мелница. Се образовал во средното училиште на Тодморден од 1909 до 1914, (каде што неговиот професор по физика, Лука Сатклиф, подоцна ќе предава на уште еден иден нобелист, Џефри Вилкинсон) и изучувал математика во Манчестерскиот универзитет Викторија од 1914 до 1915. Тој бил сигналист во кралската артилерија од 1915 до 1918. По крајот на војната, тој студирал електротехничко инженерство во институтот за наука и технологија во Манчестерскиот универзитет од 1919 сè до 1920. Тој се школувал во Митрополитската електрична компанија „Викерс“ додека бил примен да присуствува на стипендиската изложба од 1851 на кралската комисија за изложби од 1851.[1] Тој заминал во колеџот „Св.Џон“ во Кембриџ, од каде добил степен по математика во 1924, и почнал да истражува под раководство на Ернест Радерфорд. Во 1929 бил избран за соработник со колеџот „Св.Џон“. Во 1939 станал професор на природна и експериментална филозофија.
Јадрено истражување
уредиВо 1928, почнал да работи на забрзувањето на протоните со Ернест Волтон. Во 1932, бомбардирале литиум со високоенергетски неутрони, електрони и протони и успеале да го пренесат во хелиумот и други хемиски елементи. Ова бил еден од најраните експерименти за размена на атомското јадро на еден елемент во друго јадро преку вештачки средства. Овој процес бил познат како „разделување на атомот“.
На почетокот на Втора светска војна, ја земал позицијата на помошник директор на научното истражување во министерството за снабрување, работејќи на радарот. Во 1944, раководел со канадскиот проект за атомска енергија и станал директор на Монтреалската лабораторија и лабораториите во Чалк Ривер, заменувајќи го местото на Ханс фон Халбан, кој претставувал опасност за безбедноста. Во 1946, се вратил во Велика Британија за да го воспостави истражувањето на атомска енергија во Харвел, зафатен со развивањето на британскиот програм за атомска енергија, воедно и првиот директор. Дури и по напуштањето на работното место, повторно бил замешан со Харвел. Бил назначен за командант на поредокот на британската армија во 1944, а во 1948 бил прогласен за витез.
Во повоениот период, организацијата под негова контрола станала дел од истражувањето на граничната соединување, вклучувајќи го „ZETA“ реакторот на соединување.
Лудоста на Кокрофт
уредиКако директор на организацијата, славно инсистирал испуштањето на течноста за ладење да биде дел од реакторите кои произведувале плутониум, при голем трошок, и филтри со високи перформанси. Откако ова било решено, произведувале иконски грутки во форма на градбите. Реакторите биле дизајнирани да останат чисти и некородирани за време на употреба, иако не се сметало дека би имало какви било честички да бидат сопрени од филтрите. Овие филтри биле познати како „Лудоста на Кокрофт“ сè додека во еден од двата реактори не избувнал пожар во 1957, и филтрите спречиле несреќата да стане катастрофа.[2] Теренс Прајс, иден научен советник во министерството за одбрана во 1960-те, посочил на тоа дека зборот „лудост“ не бил пристоен по инцидентот.[2]
Личен живот
уредиКокрофт се оженил со Јунис Елизабета Крабтри (родена на 26 октомври 1898, починала на 4 октомври 1989) во 1925 и имале шест деца:
- Џон Хаслам, познат како Тимотеј, роден на 29 јануари 1927, починал на 11 октомври 1929
- Џоан Доротеја, позната како Теа, родена на 5 октомври 1932
- Џослин, роден на 1 септември 1934
- Елизабет Филден, родена на 23 февруари 1936
- Кетрин Елена, родена на 17 октомври 1939
- Кристофер Хју Џон, роден на 14 јануари 1942
Починал во колеџот Черчил во Кембриџ, 18 септември 1967. Погребан е во Вознесените парохиски гробишта во Кембриџ, во истиот гроб каде што се неговата жена и неговиот син Џон, познат како Тимотеј.[3] Џон Кокрофт е ноговиот правнук, познат во полето на кардиологијата и артериската вкочанетост.
Признание
уредиВо 1951, Кокрофт, заедно со Волтон, добил Новелова награда за физика „за употреба на забрзани честички за проучување на атомското јадро“. Во 1959, станал првиот магистер на колеџот Черчил во Кембриџ. Бил претседател на Институтот за физика, Друштвото на физичари, и Британското здружение за напредок во науката. Кокрофт работел како канцелар во Австралискиот национален универзитет од 1961 до 1965. Тој ја добил американската награда „Атоми за мир“ во 1961. Го испорачал меморијалното предавање за Радерфорд во 1944.
Денес, шест градби во Оберинетото кралство се именувани по него:
- Градбата Кокрофт во Мапата на нови музеи на Кембричкиот универзитет, опфатен е театар за предавање и неколку лаборатории
- Институтот на Кокрофт во Дерсбрушката лабораторија во Чешир
- Кокрофт салата на театарот за предавање во центарот за наука и иновации на Харвел
- Градбата Кокрофт на Брајтонскиот универзитет
- Градбата Кокрофт на Салфордскиот универзитет, во градот Тодморден, каде што се родил, таму има кварт кој е именуван по него
Во 1950-те, овластена организација спровела изградба на куќи во соседниот град Дидкот за многу работници од Харвел кои живееле таму. „Фокусниот“ пат на овој развиток на југот од градот (делот со продавниците, училиштата и јавните куќи) — именуван „Кокрофтов пат“.
Наводи
уреди- ↑ 1851 Royal Commission Archives
- ↑ 2,0 2,1 BBC News: Windscale Piles: Cockcroft's Follies avoided nuclear disaster
- ↑ A Guide to Churchill College, Cambridge: text by Dr. Mark Goldie, pages 62 and 63 (2009)
Поврзано
уреди- Кеткарт, Брајан, The Fly in the Cathedral, Penguin, 2005. ISBN 0-14-027906-7
- The Papers of Sir John Cockcroft се чуваат во Churchill Archives Centre во Кембриџ, и се достапни за јавноста. Вклучени се лабораториските книги на Кокрофт, кореспонденција, фотографии, тези и политички книги
Надворешни врски
уреди- Џон Кокрофт на Find a Grave (англиски)
- Biography from Churchill Archives Centre
- Biography from the Nobel Museum[мртва врска]
- Another Nobel biography
- Speech to the Empire Club of Canada Архивирано на 13 мај 2004 г.
- Annotated bibliography for John Cockcroft from the Alsos Digital Library for Nuclear Issues[мртва врска]
- Архивски материјал поврзан со Џон Кокрофт заведен во Националниот регистар на архиви на Велика Британија (англиски)
Нова титула | Магистер на Колеџ Черчил (Кембриџ) 1959–1968 |
Наследник Вилијам Хоторн |
Претходник Стенли Брус |
Канцелар на Австралискиот национален универзитет 1961 – 1965 |
Наследник Хауард Флореј |