Стивен Вајнберг (роден 3 мај 1933 - 23 јули 2021) — американски физичар.

Стивен Вајнберг
Стивен Вајнберг во 2010
Роден(а)3 мај 1933(1933-05-03)(91 г.)
Њујорк, САД
ЖивеалиштеСАД
НационалностАмериканско
ПолињаТеориска физика
УстановиУниверзитет во Калифорнија, Беркли
MIT
Универзитет Харвард
Универзитет на Тексас, Остин
ОбразованиеУниверзитет Корнел
Универзитет Принстон
Докторски менторСем Трејман
ДокторандиОрландо Алварез
Клод Бернард
Леј Нам Ченг
Боб Холдом
Николас Ц. Цамис
Убирахара ван Колк
Рафаел Лопес-Мобилија
Фернандо Кеведо
Марк Г. Рајзен
Скот Виленброк
Џон Прескил
Влијаел врзАлан Гут
Поважни наградиНобелова награда за физика (1979)
СопружникЛуиз Вајнберг (од 1954; 1 child)

Вајнберг е најпознат по теоријата дека две основни сили - слабата интеракција и електромагнетната сила - се обединети (унифицирани), т.е. дека дејствуваат на ист начин, при екстремно високи енергии, како оние што постоеле веднаш по Големата експлозија (Биг Бен). Вајберговата таканаречена електрослаба теорија била потврдена при експериментите во акцелераторот на честички во 1973 година. Заедно со своите колеги доби Нобелова награда за физика во 1979 година.

Тој го поседува Josey Regental Chair за Науки на Универзитетот на Тексас во Остин, каде што тој е член на Одделнијата за Физика и Астрономија. Неговите истражувања за елементарните честички и космологијата се почестени со бројни награди и признанија, вклучувајќи ја и Нобеловата награда за Физика во 1979 и во 1991 Националниот Медал за Наука. Во 2004 тој го доби и Медалот Бенџамин Френклин од Американското Филозофско Општество, а доделувањето беше проследено со цитатот дека "Вајнберг се смета за еден најистакнатите живи теоретски физичари денес во светот." Тој бил избран за член на Американската Национална Акадмија на Науки, за член на Британското Кралско Друштвоo, како и за член на Американското Филозофско Општество и Американската Академија на Уетностите и Науките.

Вајнберговите статии на различни теми повремено се појавуваат во The New York Review of Books и во други списанија. Тој работел како консултант во Американската Агенција за контролна на оружје и разоружување, како Претседател на Филозофското Општество на Тексас, како член Одборот на Уредници на списанието Дедал, работел и во Советот на Научници на Билиотекарскиот Конгрес, во групта ЈАСОН составена од консултанти за одбрана, и во многу други одбори и комисии.

Cодржина

уреди

скриј

Образование и рано детство edit

уреди

Стивен Вајнберг е роден во 1933 во Њујорк, а неговите родители биле еврејски имигранти.[9] Тој дипломирал во Средното Училиште за Науки во Бронкс во 1950.[10] Тој бил во истиот генерациски клас со Sheldon Glashow, чии лични истражувања, независно од оние на Вајнберг (и заедно со Abdus Salam), ќе резултираат со делење на Нобеловата награда за Физика во 1979 (погледни подолу).

Вајнберг ја добил својата диплома во Универзитетот Корнел во 1954, додека живеел во огранокот Корнел на Здружението Telluride. Тој го напушта Корнел и оди во Институтот Нилс Бор во Копенхаген каде започнува со своите дипломски студии и истражувања. По една година, Вајнберг се враќа воУниверзитетот Принстон каде заслужено ја добива својата докторска диплома за физика во 1957, за истражувањата надгледувани од страна на Sam Treiman.[1]

Кариера и истражување edit

уреди

По завржување на неговиот докторат, Вајнберг работи како истражувач на постдокторски студии во Универзитетот Колумбија (1957–1959) и во Универзитетот на Калифорнија, Беркли (1959) а потоа тој беше унапреден во факултетот во Беркли (1960–1966). Тој има направено истражувања на различни теми од партикуларната физика, како што е високо енергетското однесување на квантната обласна теоријапрекршувањето на симетријата,[11] pion расипувањето, инфрацрвените фотони и квантната гравитација.[12] Исто така во овој период Вајнберг го развива приодот до квантната обласна теорија што е опишано во првото поглавје од неговата книга 'Квантната теорија на полињата'[13] и почнал да го пишува неговиот учебник за Гравитација и Космологија. И двете книги, а особено втората, се сметаат за едни од највлијателните текстови за нивните предмети во научната заедница.

Во 1966, Вајнберг заминува од Беркли и ја прифаќа позицијата како предавач на Харвард. Во 1967 тој бил visiting професор на МИТ. Во истата таа година на МИТ, Вајнберг го предлага својот модел за обединување на електромагнетните и слабите јадрени сили (како оние што се вклучени во бета-распаѓањето и каон-распаѓањето),[14] а со масите на сила-носителите од слабиот дел од интеракцијата може да се објасни спонтаното прекршување на симетријата. Еден од неговите фундаментални аспекти беше предвидувањето за постоење на Хигсовиот бозон. Вајнберговиот модел, познат како теорија на електрослабото обединување, ја имал истата симетрична структура како моделот кој бил предложен од страна на Glashow во 1961:следи дека и двата модела го вклучувале тогаш-непознатиот слаб интеракциски механизам помеѓу лептоните, познат како неутрално тековен и со посредство на Z бозонот. Експрименталното откритие во 1973 за слабиот неутрално тековен механизам[15](со посредство на Z бозонот) претставува верификација на електрослабото обединување. Листот хартија на кој Вајнберг ја презентирал оваа теорија е еден од најцитираните текстови некогаш во високо енергетската физика.[16]

По неговата плодотворна работа од 1967 за обединувањето на слабите и електромагнетните интеракции, Стивен Вајнберг ја продолжил својата работа во многу аспекти од партикуларната физика, квантната обласна теорија, гравитацијата, суперсиметријатасуперструните и космологијата, како и теоријата нареченаa Technicolor.

Во годините после 1967, целосниот Стандарден Модел за теоријата на елементарните честички бил развиен со работата на многу соработници. Во овој модел, слабите и електромагнетните интеракции веќе биле обединети со работата на Вајнберг, Abdus Salam и Sheldon Glashow, а се направени во согласност со теоријата на силните интеракции помеѓу кварковите, во една сеопфатна теорија. Во 1973 Вајнберг предлага измена на Стандардниот Модел кој нема да ги собржи неговиот фундаментален елемент, Хигсовиот бозон.

Вајнберг станува Higgins Професор по Физика на Универзитетот Харвард во 1973.

Во 1979 тој бил пионер на модерниот поглед на ренормализаторскиот аспект на квантната обласна теорија која ги смета сите квнтно обласни теории како ефективни обласни теории со што го менува своето гледиште врз претходната работа (вклучувајќи ја и неговата теорија од 1967) и дека размуно би било квантната обласна теорија да биде ренормализирана.[17] Ваквиот приод го обезбедува развојот на делотворната теорија на квантната гравитација,[18] на ниската енергија QCD, на делотворната обласна теорија за тешкиот кварк и на други случувања,а е и тема на интерес во тековните истражувања.

Во 1979, шест гоини после експрименталното откривање на неутрално тековниот механизам односно откривањето на заклучното постоење на Z бозонот – но и по експрименталното откритие во 1978 на предвидениот износ на паритет за повреда на теоријата односно мешањето на Z бозоните со електромагнетните интеракции, Вајнберг беше награден цо Нобелова награда за Физика, заедно со Sheldon Glashow, и Abdus Salam кој независно ја предложил теоријата за електрослабото обединување заснована врз спотаното прекршување на симетријата.

Во 1982 Вајнберг се преселил на Универзитетот на Тексас во Остин како Џек С. Josey-Welch Foundation Regents Chair во Науката и ја основа Теориската Група на Одделението за Физика.

Постои сегашен (2008) интерес за Вајнберговиот предлог од 1976 за постоење на нови силни интеракции[19] – предлог наречен "Technicolor" од страна на Leonard Susskind– поради шансата да биде забележан во LHC како објаснување на хиерархискиот проблем.[20]

Стивен Вајнберг е често меќу врвните научници со највисоки ефективни истражувачки индекси, како што е h-индексот и индексот за креативност.[21]

Стивен Вајнберг станува Добитник на Нобеловата награда за Физика, во декември 2014

Други придонеси edit

уреди

Покрај неговите научни истражувања, Стивен Вајнберг е истакнат јавен потпарол на науката, сведочејќи пред Конгресот за поддршка на Суперкомпјутери Супер Collider, пишувал и статии за New York Review of Books,[22] и држи различни предавања за пожирокото занаќење на науката. Неговите книги за науката напишани за јавноста комбинираат типична научна популаризација за она што традиционално се смета за историја и филозофија на науката и атеизмот.

Вајнберг е главен учесник во она што е познато како Научна Војна, на страната на Paul R. GrossNorman LevittAlan SokalLewis Wolpert, и Richard Dawkins, кои се застапуваат за хард реализам на науката и научните сознанија, против конструкционизмот за кој се залагале социјалните научници како Stanley AronowitzBarry BarnesDavid Bloor, David Edge,Harry CollinsSteve Fuller, и Bruno Latour.

Иако сè уште предава физика, тој во последните години се осврнува кон историјата на науката, а неговите напори кулминираа со делото 'Да се Објасни Светот: Откритието на Модерната Физика' (2015).[23] Непријателскиот преглед на ова дело во[24] Wall Street Journal од страна на Stephen Shapin привлече голем број на коментари,[25] како и одговор од страна на Вајнберг,[23] и размена на ставовите и мислењата помеѓу Вајнберг и Arthur Silverstein во NYRB во февруари 2016.[26]

Во 2016, тој стана стандардна фигура на факултетите и студентите кои се противат на новиот закон со кој се дозволува носење на скриено оружје во UT училниците. Вајнберг изјави дека ќе забранува носење на оружје на неговите предавања и дека ќе застане против одлуките кои ги злоупотребуваат универзитетските правила, дури и ако се соочи со тужба.[27]

Персонален живот edit

уреди

Вајнберг е оженет со Louise Weinberg од 1954 и со неа има една ќерка Елизабет.[10]

Политика edit

уреди

Вајнберг е исто така познат по поддршката за Израел. Тој напиша есеј под насловот "Ционизмот и неговите Културни Противници" за да ги објасни своите политички ставови.

Вајнберг ги откажал своите патувања на универзитетите во Велика Британија, токму поради Британските бојкоти насочени против Израел. Тој објасни:

Земајќи ја предвид историјата на нападите на Изреал, како и репресивноста и агресивноста на другите земји на Блискиот Исток и на други места, бојкотирањето против Израел е наведено морално слепило  за кое е тешко да се најде друго објаснување освен антисемитизам.[28]

Религија edit

уреди

Вајнберг е атеист.[29] Вајнберг ги изнесе своит ставови за религијата во 1999:

Frederick Douglass[1] изјавил во неговата приказна дека неговата положба како роб се влошила кога неговиот господар бил принуден да ја промени верата, што му овозможило да го оправда ропството како казнување на децата на Хем. Mарк Твен[2] ја опишал неговата мајка како вистински добар човек, чие меко срце би го сожалило дури и Сатаната, но која воопшто не се двоумела за легитимноста на ропството, бидејќи за време на долгогодижното живеење во предвоениот Mисури таа никогаш не слушнала ниту една проповед против ропството, туку само бројни проповеди што говорат дека ропството е Божја волја. Со или без религија, добрите луѓе се однесуваат добро и лошите луѓе- лошо, но за да добрите луѓе направат зло потребна е религијата.[30]

Почести и награди edit

уреди

Почести инагради кои професорот Вајнберг ги примил:

Библиографија: автор / соавтор на книги

уреди
  • Gravitation and Cosmology: Principles and Applications of the General Theory of Relativity (1972)
  • The First Three Minutes: A Modern View of the Origin of the Universe (1977, updated with new afterword in 1993, ISBN 0-465-02437-8)
  • The Discovery of Subatomic Particles (1983)
  • Elementary Particles and the Laws of Physics: The 1986 Dirac Memorial Lectures (1987; with Richard Feynman)
  • Dreams of a Final Theory: The Search for the Fundamental Laws of Nature (1993), ISBN 0-09-922391-0
  • The Quantum Theory of Fields (three volumes: I Foundations 1995, II Modern Applications 1996, III Supersymmetery 2000,[1] Cambridge University Press, ISBN 0521670535, ISBN 0521670543, ISBN 0521660009)
  • Facing Up: Science and Its Cultural Adversaries (2001, 2003, HUP)
  • Glory and Terror: The Coming Nuclear Danger (2004, NYRB)
  • Cosmology (2008, Oxford University Press)
  • Lake Views: This World and the Universe (2010), Belknap Press of Harvard University Press, ISBN 0-674-03515-1.
  • Lectures on quantum mechanics (2012, CUP)

Наводи

уреди
  1. Sethi, Savdeep (2002). „Review: The quantum theory of fields. III Supersymmetry, by Steven Weinberg“ (PDF). Bull. Amer. Math. Soc. (N.S.). 39 (3): 433–439.