Пјер-Жил де Жен (француски: Pierre-Gilles de Gennes; 24 октомври 193218 мај 2007) — француски физичар и добитник на Нобеловата награда за физика во 1991 година.[1]

Пјер-Жил де Жен
Роден(а)24 октомври 1932(1932-10-24)
Париз, Франција
Починал(а)18 мај 2007(2007-05-18) (возр. 74)
Орси, Франција
НационалностФранцузин
ПолињаФизика
УстановиESPCI
Француски колеџ
Универзитет Париз-југ11 Орси
ОбразованиеВиша нормална школа
Поважни наградиМатеучиев медал (1987)
Харвиева награда (1988)
Нобелова награда за физика (1991)
Лоренцов медал (1990)
Волфова награда (1990)

Животопис уреди

Тој е роден во Париз, франција, и бил домашно образован до 12 години. На возраст од 13 години, тој ги прифатил навиките на возрасните за читање и започнал да посетува музеи.[2] Подоцна, де Жен се запишал на Вишата нормална школа. по напуштањето на школата во 1955 година, тој станал истражен инженер при центарот во Сакли на Комесаријатот за атомска енергија, каде работел воглавно на неутронското расејување и магнетизмот, под надзорство на Анатол Абрагам и Жак Фридел. Тој својот докторат го стекнал во 1957 година.

Во 1959 година, заедно Чарлс Кител станал подокторски студент на Калифорнискиот универзитет, и подоцна поминал 27 месеци во француската морнарица. Во 1961 година, тој бил помошик професор на Орси и наскоро ја основал орсиевата група за суперпроводници. Во 1968 година, започнал да ги изучува течните кристали.

Во 2003 година тој бил еден од 22 нобеловци кој се потпишале на хуманистичкиот манифест.[3]

На 22 мај 2007 година, неговата смрт била објавена по што започнале да пристигнуваат сочувства од неговите соработници и членови на семејството.[2]

Кариера уреди

Во 1971 година, станал професор на Францускиот колеџ, и учествувал во STRASACOL (заеднички проект во Стразбур, на Скали и Францускиот колеџ) за полимерна физика. Од 1980 година, тој се заинтересирал за проблемите поврзани со површината како што се: динамиката на намокрувањето и адхезијата.

Тој бил награден со Харвиева награда, Лоренцов медал и Волфовата награда во 1988 и 1990 година. Во 1991 година, тој ја добил Нобеловата награда за физика. Подоцна станал директор на ESPCI, место на кое бил од 1976 година до неговото пензионирање во 2002 година.

де Жен исто така го има добиено и Котоновиот медал од Американското друштво на хемичарите во 1997 година, Холвековата награда од заедничкото Француско-Британско друштво на физичарите, Амперовата награда, од Француската академија за науките, златен медал од францускиот CNRS, Матеучиев медал, од Италијанската академија, Харвиевата награда, од Израел, и полимерните награди од APS и ACS.

Тој бил награден си Нобеловата награда за физика за откривањето „ на методи за проучување на подредените појави во едноставните системи може да се воопшти во посложените облици на материјата, особено кај течните кристали и полимерите“.

Неодамна, тој работел на зрнестите материјали и природата на мемориските способности нам мозокот.

Оставпштина уреди

Кралското друштво за хемија во негова чест ја доделува на секои две години наградата наречена де Женова награда.[4]

Наводи уреди

  1. Joanny, Jean-François; Pincus, Philip A. (August 2007). „Obituary: Pierre-Gilles de Gennes“. Physics Today. 60 (8): 71–72. Bibcode:2007PhT....60h..71J. doi:10.1063/1.2774111.
  2. 2,0 2,1 Plévert, Laurence (2011). „Pierre-Gilles de Gennes: A Life in Science“. World Scientific Publishing. doi:10.1142/8182. ISBN 978-981-4355-25-4. Отсутно или празно |url= (help)
  3. „Notable Signers“. Humanism and Its Aspirations. American Humanist Association. Архивирано од изворникот на 2012-10-05. Посетено на October 1, 2012.
  4. „de Gennes Prize“. Royal Society of Chemistry.

Извори уреди

Надворешни врски уреди