Тошихиде Маскава
Тошихиде Маскава (јапонски: 益川 敏英, р. 7 февруари 1940 во Нагоја, Јапонија) — јапонски теориски физичар познат по неговата работа на нарушувањето на CP симетријата кој бил награден со една четвритина од Нобеловата награда за физика „за откривањето на потеклото на нарушената симетрија која го предвидува постоењето на најмалку три семејства на кваркови во природата.“[1]
益川 敏英 Тошихиде Маскава | |
---|---|
Роден(а) | 7 февруари 1940 Нагоја, Јапонија |
Живеалиште | Јапонија |
Националност | Јапонец |
Полиња | Високоенергетска физика (теорија) |
Установи | Нагојски универзитет Кјотски универзитет Кјото Сангиовски универзитет |
Образование | Нагојски универзитет |
Докторски ментор | Шоичи Саката |
Познат по | работа на нарушување на CP симетријата ККМ-матрица |
Поважни награди | Сакурајова награда (1985) Јапонска академска награда (1985) Ашајова награда (1995) Нобелова награда за физика (2008) |
Животопис
уредиРодум од Ајчи, Маскава дипломирал на Нагојскиот универзитет во 1962 година и го стекнал својот докторат во 1962 година и докторат по физика на елементарните честички од истиот универзитет во 1967 година. На Кјотскиот универзитет во раните 1970-и, тој соработувал со Макото Кобајаши за објаснувањето на (нарушувањето на CP симетријата) во стандардниот модел за физиката на елементарните честички. Маскава и Кобајашиевата теорија имала потреба од постоење на најмалку три семејства на кваркови, предвидување кое било потврдено четири години подоцна со откривањето на длабинскиот кварк.
Кобајаши и Маскавовиот натпис, „Нарушување на CP-симетријата во ренормализационата теорија на слабото заемодејство“,[2] објавен во 1973 година, и е четврт најнаведуван високоенергетски физички труд на сите времиња од почетокот на 2010 година.[3] ККМ-матрица, која ги определува мешачките параметри меѓу кварковите е резултат на овој труд. Кобајаши Маскава биле наградени со половина од Нобеловата награда за физика за својата работа во 2008 година, додека остатокот му бил доделен на Јојчиро Намбу.[1]
Маскава бил директор на Јукавскиот институт за теориска физика од 1997 до 2003 година.[4] Денес тој е специјален професор и директор на Кобајаши-Маскавскиот институт за потеклото на честичките и универзумот при Нагојскиот универзитет[1] Архивирано на 22 јули 2011 г., директор на Масакавскиот институт за наука и култура при Кјото Сангиовскиот универзитет[2][мртва врска] и професор во пензија на Кјотскиот универзитет .
Награди и почести
уреди- Нобелова награда за физика (2008)
- Јапонски орден за култура (2008)
- Ашајова награда (1994)
- Јапонска академска награда (1985)
- Сакурајова награда (1985)
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „The Nobel Prize in Physics 2008“. The Nobel Foundation. Посетено на 2009-10-17.
- ↑ M. Kobayashi, T. Maskawa (1973). „CP-Violation in the Renormalizable Theory of Weak Interaction“. Progress of Theoretical Physics. 49 (2): 652–657. Bibcode:1973PThPh..49..652K. doi:10.1143/PTP.49.652.
- ↑ „Top Cited Articles of All Time (2010 edition)“. SLAC. 2009. Посетено на 2014-06-21.
- ↑ „History of YITP“. Yukawa Institute for Theoretical Physics.
„Тошихиде Маскава“ на Ризницата ? |