Чарлс Као
Чарлс Куен Као (кинески: 高錕, трскр. Гао Кун ; р. 4 ноември 1933) — хонгконшки, американски и британски електротехнички инженер и физичар кој прв ја развил и започнал да ја користи влакнената оптика во телекомуникацијата. Нарекуван „кум на широкопојасноста“,[5] „татко на влакнената оптика“[6][7][8][9][10] и „татко на оптичката комуникација“,[11][12] Као е еден од тројцата добитници на Нобеловата награда за физика во 2009 година, единствен за „револуционерни достигања во однос на преносот на светлината низ влакна за оптичка комуникација“.[13] Тој има повеќе државјанства: на Хонгконг, на Обединетото Кралство и на САД.[5]
Чарлс Као 高錕 | |
---|---|
Роден(а) | 4 ноември 1933 Шангај, Република Кина (1912–1949)[1] |
Живеалиште | Република Кина (1933–1928) Хонгконг (1949–денес)[2] Обединето Кралство (1952–1970) САД |
Државјанство | САД Обединето Кралство[1] |
Националност | САД Обединето Кралство |
Полиња | Физика |
Установи | Кинески универзитет на Хонгконг ИТТ корпорација АД СТК |
Образование | Универзитетски колеџ „Лондон“ (докторска диплома 1965 г., издадена од Лондонскиот универзитет) Гринички универзитет (диплома 1957 г., издадена од Лондонскиот универзитет) |
Докторски ментор | Харолд Барлоу |
Познат по | влакнена оптика Оптичка комуникација |
Поважни награди |
|
Рани почетоци
уредиЧарлс Као е роден во Шангај во 1933 година. Тој и брат му биле подучувани од приватен наставник, од кинеските класични списи.[14] Изучувал и англиски и француски јазик во интернационално училиште во Шангај основано од напредни кинески учители, како Цај Јуанпеј.[15]
Семејството на Као се преселило во Хонгконг во 1948 година,[16] каде го завршил средното образование на Колеџот „Сеинт Џосеф“ во 1952 година, успешно положувајќи го испитот за напредно ниво (вид матура). Завршил додипломски студии по електротехника на Гриничкиот универзитет.[17]
Истражувањата со кои се занимавал го довеле до докторат по електротехничко инженерство на Универзитетскиот колеџ „Лондон“, во 1965 година,[18] (под менторство на професор Харолд Барлоу) стекнат како надворешен студент, додека работел во Стандардните телекомуникациски лаборатории во Харлоу, Англија (истражувачкиот центар на АД „Стандардни телефони и кабли“.[19] Токму таму се занимавал со првата револуционерна работа како инженер и истражувач, работејќи рамо до рамо со Џорџ Хокхам, под надзор на Алек Ривс.
Као му се приклучил на составот на Кинескит универзитет на Хонгконг во 1970 година, каде го основал Одделот за електроника (денес именуван како Оддел за електронско инженерство). На универзитетот работел како професор, а потоа професор-претседател за електроника. Ги создал и програмите за додипломски и постдипломски студии по електроника. Под негово водство се основани нови истражувачки институти, како и Школата за образование. Во 1974 година се вратил во ИТТ корпорацијата (тогашната компанија-мајка на СТК), во САД. Работел во Роаноке, Вирџинија, прво како главен научник, а потоа како управник на инженерство. Во 1982 година станал првиот извршен научник на ИТТ и бил главно стациониран во Напредниот технолошки центар во Конектикат.[9] Таму работел и како асистент професор и соработник на Колеџот „Трумбул“ при Универзитетот „Јејл“. Во 1985 година поминал една година во Западна Германија во Истражувачкиот центар СЕЛ. Као станал корпоративен истражувачки директор во ИТТ.
Чарлс Као бил и заменик претседател на Кинескиот Универзитет на Хонгконг (1987-1996).[20] По пензионирањето од КУХГ во 1996 година, шестмесечното продолжено отсуство го поминал во Одделот за електротехничко и електронско инженерство при Империскиот колеџ „Лондон“, каде дејствувал и како гостински професор од 1997 до 2002 година.[21] Во периодот 1993-1994 година бил претседател на Асоцијацијата на југоисточно азиските институции за високо образование (ASAIHL).[22]
Подоцна, Као работел како претседател и извршен директор на АД „Транстек сервисес“, хонконгшка компанија за телекомуникациски консултациски услуги. Бил основач, претседател и извршен директор и на „Ај ти екс сервисес лимитед“. Од 2003 година до 30 јануари 2009 година, бил независен надворешен директор и член на ревизискиот одбор на „Некс Медија“,[23][24] а истите функции ги извршува од 1991 година во „Варитроникс интернешнал лимитед“, Хонгконг.[25][26]
Во 2000 година, Као ја основал Академијата на независни училишни фондации (ISF) во Сајберпорт, Хонгконг.[27] Бил нејзин основачки претседател во 2000 година, а се повлекол од одборот во декември 2008 година.[27]
Као настапил како водечки говорник на ГЛОУБКОМ 2002 (IEEE GLOBECOM) во Тајпеј, Тајван.[28] Бил специјално назначен за професор-претседател на Институтот за електроника на Факултетот за електроинженерство и копјутерски науки при Националниот тајвански универзитет.[28]
1996 година ја означи Каовата донација на Универзитетот „Јејл“ и воведувањето на стипендиите на Истражувачкиот фонд „Чарлс Као“ за поддршка на студирањето на „Јејл“, истражувањето и креативните проекти во Азија.[29] Со фондот управува универзитетските совети на „Јејл“ за источноазиски и југоисточноазиски студии.[30]
На Као му е дијагностицирана Алцхајмерова болест во 2004 година. Тој има проблеми со говорното изразување, меѓутоа препознава луѓе и адреси.[31] Од болеста стадал и татко му. Од 2008 година, Као живее во Маунтин Вју, Калифорнија, САД, каде се преселил (од Хонгконг) за да биде поблиску до децата и внукот.[5]
Хоби на Као се изработка кинески порцелан. Тој ужива и во читање усја романи (кинески романи со стари кинески херои вешти во боречки вештини).[32]
На 6 октомври 2009 година, доделена му е Нобелова награда за физика, за придонесот во истражувањето на преносот на светлината низ оптички влакна и за влакненооптичката комуникација.[33] Наградата ја примил со зборовите: „Апсолутно сум оставен без зборови и воопшто никогаш не очекував ваква чест.“[12][34] Неговата сопруга изјавила дека паричната награда, по плаќањето на таксата на американската влада, ќе биде искористена за болничките трошоци на Као.[35]
Предци и семејство
уредиТаткото на Као, Као Чин-Ксјанг (高君湘), бил адвокат, кој докторирал право на Правниот факултет при Универзитетот на Мичиген во 1925 година.[36] Работел како професор во Кинеската школа за компаративно право при Универзитетот „Суџо“ (во тогашен Шангај).[37][38]
Дедо му, Као Ксие, бил познат проучувач, поет, литератор, уметник и водечка фигура на „Јужното друштво“ (南社) во времето на династијата Ќинг.[39] Блиски роднини на Као биле и влијателните автори Као Ксу, Јао Хуанг (姚光) и Као Занг (高增).
Братучед на татко му бил астрономот Као Пинг-це, по кого е именуван кратерот Као на Месечината[40].[41] Као има помлад брат, Тимоти Ву Као, кој е градежен инженер и професор во пензија на Католичкиот универзитет на Америка, во Вашингтон. Истражува во областа на динамиката на флуиди.[42]
Као за запознал својата жена Меј-Ван Вонг (денес Као) во Лондон, по дипломирањето. Таа била програмер (работела со јазикот Fortran) со британско-кинеско потекло, а работела во истата фабрика со Као.[43] Склучиле брак во 1959 година во Лондон.[44][45] Имаат две деца, син и ќерка,[44] кои и двајцата работат во Силициумската Долина во Калифорнија.[43]
Дејност
уредиВлакнената оптика и комуникациите
уредиВо 1960-тите години, во Стандардните телекомуникациски лаборатории (СТЛ) во Харлоу, Као и соработниците ја завршиле пионерската работа во примената на влакнената оптика во телекомуникациите. Тоа го сториле демонстрирајќи дека примесите во стаклото се причината за високата загуба на постоечката влакнена оптика, а не проблемот со технологијата.[47]
Као првично работел во тимот на Антони Карбовијак, кој ги проучувал оптичките брановоди за комуникација. Задачата на Као била испитување на атенуацијата на влакната, за што собирал примероци од различни производители. Ова истражување го убедило дека страните примеси во материјалот предизвикувале голема загуба во тие влакна.[48]
Као бил назначен за главен на електро-оптичкиот истражувачки тим во СТЛ во 1963 година.[49] Во декември 1964 година, ја презел програмата за оптички комуникации на СТЛ, по напуштањето на позицијата од страна на Карбовијак.[50]
Иако го наследил Карбовијак како менаџер на истражувањето на оптичката комуникација, заедно со Џорџ Хокхам веднаш го напуштиле неговиот план за тенок лентест брановод, менувајќи ја насоката на истражувањето.[48][50] Покрај оптичките, тие ги разгледувале и својствата на материјалот. Првите резултати ги изнел Као во јаунари 1966 година, пред Институтот на електротехнички инженери (IEE) во Лондон. Во јули биле и објавени, од страна на Хокхам (кој работел со Као 1964–1965).[51]a[›]. Објавената студија ја теоретизирала и предложила имплементацијата на стаклени влакна за оптичка комуникација. Опишаните идеи, особено структурните елементи и материјали, се основата на денешната оптичка комуникација.
Во 1965 година,[49][52]b[›] Као и Хокхам заклучиле дека основното ограничување на светлинската атенуација на стаклото е под 20 dB/km (децибели на километар) – вредност на прагот клучна за оптичката комуникација.[53] Сепак, при тогашното утврдување, често се забележувало губење на светлина и над 1000 dB/km. Како резултат, започнала трка во потрагата по материи со мала загуба и соодветни влакна за задоволување на потребните критериуми.
Заедно со новиот тим (Т.В. Дејвис, М.В. Џоунс, К.Р. Врајт и други), Као тестирал бројни материјали за задоволување на гореспоменатиот критериум. Прецизно ја мереле атенуација на светлина со различни бранови должини во разни материјали. Тогаш Као истакнал дека големата чистота на кварцовото стакло (SiO2) го прави совршен кандидат за оптичка комуникација. Тврдел дека главната причина за драматичното опаѓање на светлинскиот пренос во стаклените влакна се страните примеси на стаклото кои можат да се отстранат, а не физичките ефекти како расејувањето. Ваквото тврдење предизвикало истражување и светско производство на стаклени влакна со висока чистота.[54] Кога првпат предложил дека таквите стаклени влакна можат да се користат за пренос на информации на големи растојанија, па и да ги заменат бакарните жици кои тогаш се користеле за комуникација,[55] никој не му верувал. Дури подоцна се сфатило дека Каовите идеи ја промениле сета комуникација и индустрија од корен.
Као имал важна улога во почетните стадиуми на инженерството и комерцијалната реализација на оптичката комуникација.[56] Пролетта 1966 година, отатувал во Америка, меѓутоа не ги заинтересирал Лабораториите Бел, тогашен конурент на СТЛ во комуникациските технологии.[57] Затоа, пак, во Јапонија наишол на поддршка.[57] Посетил многу фабрики за стакло и полимери, дискутирал за подобрување на производството на оптички влакна со многу инженери, научници, стопанственици.
Лабораториите Бел сериозно се заинтересирале за влакнената оптика во 1969 година. Тогаш Као и М.В. Џоунс ја измериле внатрешната загуба на кварцовото стакло – 4 dB/km. Тоа бил првиот доказ за ултра проѕирно стакло.[57]
Као развил важни техники и конфигурации за влакностаклени брановоди и придонел за развојот на различни типови влакна и уреди кои ги задоволуваат и воената комуникација и периферните помошни системи за оптичка комуникација.[56] Во средината на 1970-тите, се занимавал со плодоносна работа за динамичката издржливост на стаклените влакна.[56] Кога станал првиот извршен научник на ITT, ја вовел програмата „Терабит технологија“, која се занимава со високочестотниите граници на обработката на сигналот. Затоа е нарекуван „татко на концептот за терабит технологија“.[56][58] Као има издадено над 100 труда, а има и над 30 патенти,[56] вклучувајќи ги и водоотпорните силни влакна (патентирани заедно со М.С. Маклад).[59]
Во раните фази на развојот на оптичките влакна, Као претпочитал едномодни системи за оптичка комуникација на поголема оддалеченост. Денес речиси исклучиво се применува таквиот принцип.[54][60]
Чарлс К. Као е визионер на модерните подводни комуникациски кабли. Во 1983 година превидел дека во морињата ќе има оптички кабли, пет години пред првиот подводен кабел да стане функционален.[61]
Појавата на хелиум-неонскиот ласер на Али Џаван и Каовото откритие на својствата на влакната за мала загуба денес се сметаат за двете најважни пресвртници во развојот на отичката комуникација.[50]
Студии на животната средина и водство во енергија
уредиКао е едн од првите кои се занимавале со проучување на ефектите кои ги има мелиорацијата во Хонгконг врз животната средина. Тој презентирал и една од првите студии поврзани со проблемот, на конференцијата на Асоцијацијата на универзитети на комонвелтот во Единбург, 1972 година.[62]
Две години бил член и претседател на Комитетот за енергетски совети на Хонгконг. Се повлекол на 15 јули 2000 година.[63][64] Тој е член и на Советот на советници за иновации и технологија на Хонгконг од 20 април 2000 година.
Почести и награди
уредиКао има добиено бројни почести и награди, од кои најзначајна е Нобеловата награда за физика. Меѓу неговите признанија се вбројуваат:
Академски функции
уреди- Соработник на IEEE, Институт за електротехнички инженери и инженери за електроника, САД (избран 1979 г.)[65]
- Соработник, Институт за инженерство и технологија, ВБ
- Соработник на Кралското друштво (избран 1997 г.)[4]
- Соработник,[3] Кралска академија за инженерство,[3] ВБ (избран 1989 г.)
- Соработник, Друштво „Маркони“, САД (избран 1985 г.)
- Почесен соработник (избран 1994 г.) и поранешен претседател, Хонгконгшка академија за инженерски науки, Хонгконг[66][67]
- Истакнат соработник, Хонгконгшко копјутерско друштво, Хонгконг (избран 1989 г.)[68][69]
- Почесен соработник, Хонгконшки институт на инженери (избран 1994 г.)[70]
- Академик, Академија Синика, Тајпеј[71] (избран 1992 г.)
- Член, Оптичко друштво на Америка, САД[72]
- Член, Европска академија на науки и уметности, Австрија
- Член, Национална академија за инженерство на САД (избран 1990 г.)[73]d[›]
- Странски член, Кралска шведска академија на инженерски науки, Шведска (избран 1988 г.)
- Странски член, Кинеска академија на науките, Пекинг (избран 1996 г.)
- Соработник, Трамбул Колеџ на Универзитетот „Јејл“
- Почесен соработник, Универзитет на Лондон „Кралица Марија“[74]
- Почесен професор, Кинески универзитет на Хонгконг (назначен во 1996 г.)[75]
- Почесен професор, Универзитет „Пекинг“, Пекинг (назначен 1995 г.)
- Почесен професор, Универзитет „Цингхуа“, Пекинг (назначен во 1995 г.)
- Почесен професор, Пекиншки универзитет за меѓународен бизнис и економија, Пекинг (назначен 1995 г.)
- Почесен професор, Пекиншки универзитет за пошти и телекомуникации (назначен 1995 г.)
- Специјално назначен професор претседател, Национален универзитет на Тајван, Тајпеј (назначен 2003 г.)[28]
- Почесен професор (1997–2002), Оддел за електронско инженерство, Градски универзитет на Хонгконг[76]
- Доживотен почесен професор, Градски универзитет на Хонгконг (назначен на 1 јануари 2002)[76]
- Советник за хонконгшки афери (港事顧問) (мај 1994 – 30 јуни 1997)[77][78]
- Советник на Советот на Макао за наука и технологија[79]
Почесни дипломи
уреди- Почесен доктор на науки, Кинески универзитет на Хонгконг, Хонгконг (1985)
- Доктор на науки, Универзитет на Сасекс, ВБ (1990)
- Доктор во областа на инженерството, Национален универзитет „Чао Тунг“, Кина (1990)[80][81]
- Диплома на почесен доктор на науки, Универзитет „Сока“, Јапонија (1991)
- Доктор во областа на инженерството, Универзитет на Глазгов, ВБ (1992)
- Почесна диплома (Honoris Causa), Универзитет на Дархем, ВБ (1994)[82]
- Универзитетски доктор, Универзитет „Грифит“, Австралија (1995)
- Почесна диплома за телекомуникациско инженерство, Универзитет на Падова, Италија (18 октомври 1996)[83]
- Доктор на науки, Универзитет на Хал, ВБ (1998)[84]
- Доктор на науки, Универзитет „Јејл“, САД (1999)[85]
- Доктор на науки (Honoris Causa), Гринички универзитет, ВБ (2002)[17]
- Доктор на науки, Универзитет „Принстон“, САД (2004)[86]
- Диплома за почесен доктор на права, Универзитет на Торонто, Канада (16 јуни 2005)[87]
- Почесен доктор, Пекиншки универзитет за пошти и телекомуникации, НР Кина (2007)
- Почесен доктор на науки, Универзитетски колеџ „Лондон“, ВБ (2010)[88]
- Почесна диплома, Универзитет „Стретклајд“, ВБ (24 септември 2010)[89]
- Почесен доктор на науки, Универзитет на Хонгконг, Хонгконг, НР Кина (март 2011)
Награди
уредиКао ги донирал најголемиот дел од своите награди на Кинескиот универзитет на Хонгконг.[90]
- 1976: Мориева награда, Американско керамичко друштво, САД.
- 1977: Медал Стјуарт Балантајн, Френклинов институт, САД.[90]
- 1978: Ранкова награда, Ранков фонд на доверба, ВБ.
- 1978: Награда Морис Н. Либман, IEEE, „за овозможување практична употреба на комуникацијата на оптички честоти преку откривање, иновирање и развој на материјал, техники и конфигурации за стаклени оптички брановоди, а особено за препознавање и докажување со внимателни мерења..., дека силициумското стакло може да ја овозможи потребно ниската оптичка загуба, неопходна за практичен комуникациски систем.“.
- 1979: Меѓународна награда Л. М. Ериксон, Шведска.[90]
- 1980: Златен медал, Асоцијација за комуникација и електроника на вооружените сили (AFCEA), САД.
- 1981: Награда за достигнување на Асоцијацијата на кинеско-американски инженери и научници на Јужна Калифорнија (CESASC), САД.
- 1983: Награда за достигнување на USAI, Американско-азиски институт, САД.[90]
- 1985: Медал Александар Грејам Бел, IEEE.[90]
- 1985: Маркониева награда, Друштво „Маркони“, САД.
- 1985: Колумбиев медал на градот Џенова, Италија.
- 1986: Награда за достигнување на Кинескиот институт на инженери во САД.[91]
- 1987: Награда C&C, Фондација за унапредување на комуникации и копјутери, Јапонија.
- 1989: Фарадеев Медал, Институт на електротехнички инженери, ВБ.[90]
- 1989: Награда за нови материјали Џејмс К. Мекгроди, Американско научно друштво (APS); „за придонес во истражување и развој на материјали, кој резултираше со практично употребливи оптички влакна со мала загуба, еден од камените темелници на технологијата за оптичка комуникација.“.[92]
- 1992: Златен медал на Друштвото, SPIE.[93]
- 1995: Златен медал за инженерска извонредност, Светска федерација на инженерски организации (WFEO), ВБ.[90]
- 1996: Медал Принц Филип на Кралската академија за инженерство, ВБ;[90] признание за „неговата пионерска работа кој доведе до појавата на оптичкото влакно и за водство во неговата инженерска и комерцијална реализација; а и за истакнат придонес за високото образование во Хонгконг“.
- 1996: la Citta' di Padova (Градот Падова), Италија.[90]
- 1996: Дванаесеттата Јапонска награда;[90] „за пионерско истражување на широкопојасна оптичка комуникација со ниска загуба. ".
- 1998: Меѓународен медал за држење предавања, Институт на електротехнички инженери (IEE), ВБ.[90][94]
- 1999: Награда Чарлс Старк Дрејпер[90] (споделена со Роберт Д. Маурер и Џон Б. Мекчесни), САД.
- 2001: Награда за извонреден инженер на милениумот, Хонгконг.[90]
- 2006: Награда Златен медал на Хонконгшкиот институт на инженери (HKIE), Хонгконг.[66][95]
- 2009: Нобелова награда за физика (половина од паричната награда), Шведска; „за револуционерни достигнувања во врска со преносот на светлина низ влакна за оптичка комуникација“.
- 2009: Плоча на Друштвото на IEEE за фотоника.[96]
- 27 февруари 2010: Награда за истакната наука и технологија и награда за Азиско-американски инженер на годината за 2010 (AAEOY 2010), САД.[97]
- 27 март 2010: Големата светска кинеска награда 2009/2010, телевизија „Феникс“, Хонгконг.[98][99]
- 8/9 април 2010: Кинеско-американска награда за истакнување, Сан Франциско, САД.[100]
- 1 јули 2010: Големиот Баугиниски медал, Хонгконг.
- 20 февруари 2014: Награда на FTTH оператори и Поединечна награда[101]
Останати почести
уреди- Дел од Музејот на науката во Лондон, ВБ.
- 1993: Заповедник на Најизвонредниот Ред на Британската Империја (CBE).[90]
- 1996: Планетата 3463 Kaokuen, откриена во 1981 г., е именувана по Као.
- 7 ноември 1996: Северната зграда на Кинескиот универзитет на Хонгконг е именувана „Зграда Чарлс К. Као“.[102]
- 1999: Азиец на векот (наука и технологија).[10][103]
- 2002: Водач на годината – категорија: технолошки иновации, „Sing Tao News Corporation“, Хонгконг.[90]
- 21 октомври 2002: Вклучен во „Engineering Hall Of Fame“, издание за педесетгодишнина, електронски дизајн.[104][105]
- 3 јануари 2008: Вклучен во „Celebration 60“, шеесетта годишнина на Британскиот совет (British Council) во Хонгконг.[106][107]
- 4 ноември 2009: Почесно државјанство и Ден на д-р Чарлс Као во Маунтин Вју, Калифорнија, САД.[108]
- 30 декември 2009: Атракцијата аудиториум во „Хонконгшкиот парк на науката“ е именуван по Као – „Чарлс К. Као Аудиториум“.[109][110]
- 2009: Личност на годината во Хонгконг.[111]
- Број 7 на списокот на најдобри азиски достигнувања за 2009 година.[112]
- 2010 (февруари): Комитетот од 100 на САД му укажал чест на Као.[100]
- 18 март 2010: Плоштадот на Академијата на независни училишни фондации (ISF Academy) — именуван по Као.[113]
- OFC (Конференцијата и излагањето за оптичката комуникација) и NFOEC (Конференција на национални влакненооптички инженери) во 2010 – посветени на Као, 23-25 март, Сан Диего, Калифорнија, САД.[114][115][116]
- 14–15 мај 2010: Две сесии му се посветени на Као, Деветнаесеттата годишна конференција за безжични и оптички комуникации (WOCC 2010), Шангај, НР Кина.[117][118]
- 22 мај 2010: Вклучен во архива на Експо 2010, Шангај.[119]|
- 2010: Хонконгшки табак со стандардни поштенски марки (бр. 1), Хонгконг.[120]
- 11 јуни 2010: Витез-заповедник на Најизвонредниот Ред на Британската Империја (KBE).[121]
- 25 март 2011: Откриена сина плоча во Харлоу, Есекс, ВБ.[122]
- 2014 (септември): Отворен Универзитетскиот технички колеџ „Сер Чарлс Као“ во склоп на Универзитетот „Харлоу“, ВБ[123]
- 4 ноември 2014: „Gimme Fibre Day“ на Каовиот роденден, Глобална алијанса на FTTH совети[124]
Белешки
уреди^ а: Главната задача на Као била истражување на својствата на материјалите од оптички влакна за губење светлина и утврдување дали тие можат да се отстранат или не. Хокхам го истражувал губењето на светлината поради дисконтинуираност и искривеност на влакната.
^ б: Некои извори укажуваат на периодот околу 1964 година,[125][126] на пример: „До 1964 година, д-р Чарлс К. Као идентификувал критичка и теоретска спецификација за комуникациски уреди со голем досег, стандардот за изгубени 10 или 20 dB светлина по километар." Од „Cisco Press“.[125]
^ в: Во 1980 година, на Као му бил доделен Златниот медал на Американската асоцијација за комуникација и електроника на вооружените сили, „за придонесот кон употребата на влакненооптичката технологија во воената комуникација“.[56]
^ г: На мрежната страница за членови на Националната академија на инженерство на САД, државата на Као е забележана како Народна Република Кина.[73]
^ д: OFC/NFOEC – Optical Fiber Communication Conference and Exposition (Конференција и излагање за оптичка комуникација) /National Fiber Optic Engineers Conference (Конференција на национални влакненооптички инженери)[116]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 The Nobel Prize in Physics 2009 – Press Release. Nobel Foundation. October 6, 2009. Посетено на October 8, 2009.
- ↑ Headline Daily (October 7, 2009). „高錕獲諾貝爾獎 國人驕傲“. Headline Daily. Архивирано од изворникот на 2009-10-11. Посетено на October 7, 2009.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 „List of Fellows“. Архивирано од изворникот на 2016-06-08. Посетено на 2016-03-01.
- ↑ 4,0 4,1 „Fellows of the Royal Society“. London: Royal Society. Архивирано од изворникот на 2015-03-16.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Mesher, Kelsey (October 15, 2009). „The legacy of Charles Kao“. Mountain View Voice. Посетено на November 30, 2009.
- ↑ dpa (October 6, 2009). „PROFILE: Charles Kao: 'father of fibre optics,' Nobel winner“. Earthtimes. Архивирано од изворникот на 2021-02-15. Посетено на November 30, 2009.
- ↑ Record control number (RCN):31331 (October 7, 2009). „'Father of Fibre Optics' and digital photography pioneers share Nobel Prize in Physics“. Europa (web portal). Архивирано од изворникот (cfm) на 2008-01-25. Посетено на November 30, 2009.
- ↑ Bob Brown (Network World) (October 7, 2009). „Father of fiber-optics snags share of Nobel Physics Prize“. cio.com.au. Архивирано од изворникот на 2021-02-15. Посетено на November 30, 2009.
- ↑ 9,0 9,1 „The father of optical fiber – Prof. C. K. Kao“ (кинески и англиски). networkchinese.com. Архивирано од изворникот на 2009-09-23. Посетено на October 8, 2009.
- ↑ 10,0 10,1 Erickson, Jim; Chung, Yulanda (December 10, 1999). „Charles K. Kao“. Asiaweek. Архивирано од изворникот на 2002-07-21. Посетено на December 24, 2009.
- ↑ „Prof. Charles K Kao speaks on the impact of IT in Hong Kong“. The Open University of Hong Kong. January 2000. Посетено на December 24, 2009.
- ↑ 12,0 12,1 Editor: Zhang Pengfei (October 7, 2009). „Nobel Prize winner Charles Kao says never expected such honor“ (shtml). CCTV. Посетено на November 30, 2009.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
- ↑ The Nobel Prize in Physics 2009. Nobel Foundation. October 6, 2009. Посетено на October 6, 2009.
- ↑ 范彦萍 (October 8, 2009). „Interview of Kao's cousin (诺贝尔得主高锟的堂哥回忆:他儿时国学功底很好)“ (кинески). 青年报. Архивирано од изворникот на 2009-10-11. Посетено на October 9, 2009.
- ↑ 陶家骏 (June 1, 2008). „著名女教育家陶玄 Famous Female Educator 陶玄“ (кинески). 绍兴县报 Shaoxing County News. Архивирано од изворникот на 2012-03-13. Посетено на October 9, 2009.
- ↑ Ifeng.com: 香港特首曾荫权祝贺高锟荣获诺贝尔物理学奖
- ↑ 17,0 17,1 „meantimealumni Spring 2005“ (PDF). University of Greenwich. Посетено на October 7, 2009.
- ↑ UCL. „Prof Charles K. Kao — Electronic & Electrical Engineering @ UCL“. Посетено на June 23, 2012.
- ↑ Lisa Mumbach (October 20, 2009). „Former IFTF Board Member“. Архивирано од изворникот на 2010-03-24. Посетено на October 31, 2009.
- ↑ „CUHK Handbook“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-12-09. Посетено на 2016-03-01.
- ↑ „Research Awards and Honours“. Imperial College London Department of Electric and Electronic Engineering. 2009. Архивирано од изворникот на 2010-11-25. Посетено на December 24, 2009.
- ↑ „President of ASAIHL“. ASAIHL. Посетено на November 1, 2009.
- ↑ „壹传媒(00282)高锟辞任独立非执董及审核委员,黄志雄接任“ (кинески). jrj.com.cn. July 2, 2009. Архивирано од изворникот на 2011-07-07. Посетено на November 1, 2009.
- ↑ „中研院士高錕 勇奪物理獎“. Apple Daily (кинески). Taiwan. October 7, 2009. Архивирано од изворникот на 2009-10-17. Посетено на November 1, 2009.
- ↑ „Annual Report 2002, Varitronix International Limited“ (PDF). Varitronix International Ltd. April 3, 2003. Посетено на November 1, 2009.
- ↑ „精電國際有限公司“ (PDF) (кинески и англиски). 精電國際有限公司. 2004. Посетено на November 1, 2009.
- ↑ 27,0 27,1 „Founding Chairman receives 2009 Nobel Prize for Physics“. The ISF Academy. Архивирано од изворникот (php) на 2011-02-28. Посетено на November 1, 2009.
- ↑ 28,0 28,1 28,2 „Charles K. Kao, NTU's former chair professor by special appointment, wins the Nobel Prize in Physics“. National Taiwan University. Посетено на November 1, 2009.
- ↑ „Kao Gift Will Help Build Ties Between Asia and Yale“. Yale Bulletin and Calendar, News Stories. June 24 – July 22, 1996. Архивирано од изворникот на 2009-06-11. Посетено на November 30, 2009.
- ↑ „FELLOWSHIPS AND RESEARCH SUPPORT“ (php). The Councils on East Asian and Southeast Asian Studies at Yale University. Посетено на November 30, 2009.
- ↑ Ifeng.com: 港媒年初传高锟患老年痴呆症 妻称老人家记性差
- ↑ QQ.com News 记者探访"光纤之父"高锟:顽皮慈爱的笑
- ↑ „Physics 2009“. Nobelprize.org. Посетено на October 26, 2009.
- ↑ Ian Sample, science correspondent (October 6, 2009). „Charles Kuen Kao, George Smith and Willard Boyle win Nobel for physics“. The Guardian. UK. Посетено на November 30, 2009.
- ↑ „○九教育大事(二) 高錕獲遲來的諾獎“. Sing Tao Daily (кинески). HK Yahoo! Archive. January 2, 2010. Архивирано од изворникот на 2010-01-07. Посетено на 2016-03-01.
- ↑ University of Michigan Law School: Alphabetical List with Year of Law School Graduates
- ↑ „A short biography of Kao Hieh-Hsiang“. Архивирано од изворникот на 2011-07-06. Посетено на 2016-03-01.
- ↑ Legal education in modern China and modern Chinese jurisprudence
- ↑ „参加南社纪念会姓氏录 List of Nan Society member“ (кинески). 南社研究網 Research of Nan Society. Архивирано од изворникот на 2008-11-21. Посетено на October 8, 2009.
- ↑ „Lunar Crater Statistics“. NASA. Архивирано од изворникот на 2009-08-13. Посетено на October 8, 2009.
- ↑ „高平子先生简介“ (кинески). 青岛天文网--中国科学院紫金山天文台青岛观象台/青岛市天文爱好者协会. February 8, 2006. Посетено на October 8, 2009.
- ↑ „高锟个人简历 (The biography of Charles K. Kao)“ (кинески). 中国新闻网. October 6, 2009. Архивирано од изворникот на 2009-10-08. Посетено на October 9, 2009. Надворешна врска во
|publisher=
(help) - ↑ 43,0 43,1 „光纤与爱情——高锟一生的实验“. Ming Pao. Hong Kong. March 4, 2000. Архивирано од изворникот на 2009-02-21. Посетено на October 7, 2009.
- ↑ 44,0 44,1 „高锟履历“. 香港文汇报. October 7, 2009. Архивирано од изворникот на 2009-10-10. Посетено на October 7, 2009.
- ↑ „高锟非常惊喜:没想过获奖(图)“. Wen Hui Po. October 7, 2009. Посетено на October 7, 2009.
- ↑ „http://www.draper.com/dprize/dp99.html“. Draper Prize.org. Посетено на November 4, 2009. Надворешна врска во
|title=
(help)"Charles Kao is credited for first publicly proposing the possibility of practical telecommunications using fibers in the 1960s." - ↑ Montgomary, Jeff D. (March 22, 2002). DeCusatis, Casimer (уред.). Fiber optic data communication: technological trends and advances. Chapter 1 – History of Fiber Optics (1. изд.). Academic Press. 1.3 јануари Long Road to Low-Loss Fiber (Page 9-16). ISBN 0-12-207891-8.
- ↑ 48,0 48,1 Jeff Hecht. „A Short History of Fiber Optics“. Архивирано од изворникот на 2010-06-13. Посетено на October 8, 2010.
- ↑ 49,0 49,1 „Communication pioneers win 2009 physics Nobel“. IET. October 7, 2009. Посетено на October 28, 2009.
- ↑ 50,0 50,1 50,2 „Fiber Types in Gigabit Optical Communications“ (PDF). Cisco Systems, USA. April 2008. Посетено на November 3, 2009.
- ↑ Kao, K. C.; Hockham, G. A. (1966). „Dielectric-fibre surface waveguides for optical frequencies“. Proc. IEE. 113 (7): 1151–1158. doi:10.1049/piee.1966.0189.
- ↑ Maryanne C. J. Large, Leon Poladian,Geoff Barton, and Martijn A. van Eijkelenborg. (2008). Microstructured Polymer Optical Fibres. Springer. ISBN 978-0-387-31273-6.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) Page 2
- ↑ „Chapter 1.1 – The Evolution of Fibre Optics“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-08-31. Посетено на October 28, 2009.
- ↑ 54,0 54,1 „2009 Nobel Prize in Physics – Scientific Background: Two revolutionary optical technologies – Optical fiber with high transmission“ (PDF). Nobelprize.org. October 6, 2009. Посетено на December 4, 2009.
- ↑ 1999 Charles Stark Draper Award Presented "Kao, who was working at ITT's Standard Telecommunications Laboratories in the 1960s, theorized about how to use light for communication instead of bulky copper wire and was the first to publicly propose the possibility of a practical application for fiber-optic telecommunication."
- ↑ 56,0 56,1 56,2 56,3 56,4 56,5 „Charles Kuen Kao“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-08-14. Посетено на October 28, 2009.
- ↑ 57,0 57,1 57,2 „A Fiber-Optic Chronology (by Jeff Hecht)“. Посетено на November 3, 2009.
- ↑ Technology of Our Times: People and Innovation in Optics and Optoelectronics (SPIE Press Monograph Vol. PM04), by Frederick Su; SPIE Publications (July 1, 1990); ISBN 0-8194-0472-1, ISBN 978-0-8194-0472-5. Page 82-86, Terabit Technology, by Charles K. Kao.
- ↑ „Water resistant high strength fibers (United States Patent 4183621)“ (PDF). January 15, 1980. Посетено на November 1, 2009. Занемарен непознатиот параметар
|orig-date=
(help) - ↑ „Guiding light“ (PDF). May 1989. Посетено на December 4, 2009.
- ↑ „Building the Global Fiber Optics Superhighway (ISBN 978-0-306-46505-5 (Print) 978-0-306-46979-4 (Online)): 1, A Global Footprint“ (PDF (Free Abstract)). Springer USA. May 8, 2007. Посетено на November 3, 2009.[мртва врска]
- ↑ Nim Cheung, уред. (March 2010). „IEEE Communications Magazine SOCIETY NEWS“ (PDF). CISOC. Посетено на March 29, 2010.
- ↑ „Appointment of Chairman and Members of the Energy Advisory Committee“. Hong Kong Government. August 11, 2000. Посетено на November 3, 2009.
- ↑ „EPD – Advisory Council on the Environment“. Environmental Protection Department, The Government of Hong Kong SAR. April 28, 2006. Посетено на November 3, 2009.
- ↑ „Fellows – Charles K. Kao“. IEEE. Посетено на October 26, 2009.
- ↑ 66,0 66,1 The HKIE Secretariat (October 7, 2009). „The HKIE – News“. The HKIE. Архивирано од изворникот (asp) на 2011-07-21. Посетено на October 26, 2009.
- ↑ „高锟:厚道长者 毕生追求“ (shtm) (кинески). news.sciencenet.cn (科學網•新聞). 2009-10-14. Посетено на July 11, 2010.
- ↑ „Membership – Hong Kong Computer Society Annual Report 2008-2009“. Hong Kong Computer Society. Архивирано од изворникот на 2011-07-21. Посетено на October 26, 2009.
- ↑ „List of Distinguished Fellows“. The Hong Kong Computer Society. Архивирано од изворникот (asp) на 2012-06-14. Посетено на May 21, 2010.
- ↑ „The HKIE – News“. The Hong Kong Institute of Engineers (HKIE). October 7, 2009. Архивирано од изворникот (asp) на 2011-07-21. Посетено на July 19, 2010.
- ↑ https://db1n.sinica.edu.tw/textdb/ioconas/sfellowN.php?lang=ch&str2=ID
- ↑ „OSA Nobel Laureates“. Optical Society of America (OSA). Архивирано од изворникот (aspx) на 2009-10-29. Посетено на October 26, 2009.
- ↑ 73,0 73,1 „Dr. Charles K. Kao“. United States National Academy of Engineering. 1990. Архивирано од изворникот (nsf) на 2010-05-28. Посетено на October 26, 2009.
- ↑ „e-Newsletter, Alumni at Queen Mary, University of London“. Qmw.ac.uk. Посетено на October 26, 2009.[мртва врска]
- ↑ 高錕校長榮休誌念各界歡送惜別依依, a September 1996 article from the Chinese University of Hong Kong alumni website
- ↑ 76,0 76,1 „Graduate Research Studies Newsletter“ (PDF). City University of Hong Kong. February 2002. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-06-05. Посетено на April 2, 2010.
- ↑ A chat with vice-chancellor Kao, by Midori Hiraga
- ↑ The Standard: The day Nobel winner lost mic
- ↑ XinhuaNet News: Macao chief congratulates Nobel Prize winner Charles Kao
- ↑ „國立交通大學 公共事務委員會 名譽博士名單“ (кинески). National Chiao Tung University (NCTU). Архивирано од изворникот (php) на 2009-02-25. Посетено на October 26, 2009.
- ↑ „校史 – 國立交通大學時期|民國六十八年(一九七九)以後“ (кинески). National Chiao Tung University (NCTU). Архивирано од изворникот на 2010-03-26. Посетено на October 26, 2009.
- ↑ „Honorary Degrees“ (PDF). Посетено на October 26, 2009.
- ↑ Università degli Studi di Padova – Honoris causa degrees
- ↑ „The University of Hull – Honorary Graduates – part two“. Архивирано од изворникот на 2016-12-19. Посетено на 2016-03-01.
- ↑ „Yale Honorary Degree Recipients“. Архивирано од изворникот на 2015-05-21. Посетено на 2016-03-01.
- ↑ Honorary degrees Awarded by Princeton University – 2000s
- ↑ „Engineering a World of Possibilities“ (PDF). University of Toronto Applied Science & Engineering. Spring 2006. Посетено на October 26, 2009.[мртва врска]
- ↑ „UCL Fellows and Honorary Fellows announced“. June 17, 2010. Посетено на June 19, 2010.
- ↑ „Honorary degree for broadband pioneer“. September 24, 2010. Архивирано од изворникот на 2010-09-30. Посетено на Sep 27, 2010.
- ↑ 90,00 90,01 90,02 90,03 90,04 90,05 90,06 90,07 90,08 90,09 90,10 90,11 90,12 90,13 90,14 „Medals Donated to CUHK by Professor Kao“. The Chinese University of Hong Kong. Посетено на December 24, 2009.
- ↑ „CIE-USA ANNUAL AWARDS“ (PDF) (англиски и кинески). CIE-USA. 2007. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-07-25. Посетено на April 2, 2010.
- ↑ APS 1989 James C. McGroddy Prize for New Materials Recipient from the American Physical Society
- ↑ „SPIE: The Gold Medal of the Society“. Архивирано од изворникот на 2011-05-24. Посетено на 2016-03-01.
- ↑ News from the Institution of Electrical Engineer (PDF). IEE. June 1998. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-07-06. Посетено на November 3, 2009.
- ↑ The Hong Kong Institute of Engineers: Press Releases – 香港工程師學會榮譽大獎、會長特設成就獎及傑出青年工程師獎2006 (The HKIE Gold Medal Award, the President's Award & Young Engineer of the Year Award 2006)
- ↑ „Research Highlights“. IEEE Photonics Society. Архивирано од изворникот на 2011-07-27. Посетено на Oct 16, 2010.
- ↑ „美洲中國工程師學會2010年工程獎章得獎名單出爐(2/27)“ (asp) (кинески и англиски). AAEOY. 2010-02-23. Посетено на February 23, 2010.
- ↑ „华裔科学家高锟荣获影响世界华人大奖“ (кинески). Xinhua News Agency. 2010-03-11. Посетено на March 11, 2010.
- ↑ „华裔科学家高锟荣获影响世界华人大奖“ (shtml) (кинески). Phoenix Television. 2010-03-11. Посетено на March 11, 2010.
- ↑ 100,0 100,1 Jane Leung Larson (February 2010). „2009 Nobel Laureate Charles Kao among Committee of 100 Honorees in San Francisco“. Committee of 100. Посетено на February 2010. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Vodafone and Sir Charles Kao recognised in FTTH Awards 2014“ (PDF). FTTH Council Europe. 20 Feb 2014. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-03-22. Посетено на 28 Jan 2015.
- ↑ „Charles K. Kao“ (shtml). chinanews.com.cn. October 6, 2009. Посетено на January 3, 2009.
- ↑ „Asian of the Century“. Asiaweek. 1999. Посетено на December 24, 2009.
- ↑ „Electronic Design, 50th Anniversary Issue“. Electronic Design. October 21, 2002. Посетено на May 21, 2010.
- ↑ „ED Hall of Fame 2002 INDUCTEES“ (PDF). Electronic Design. October 21, 2002. Посетено на May 21, 2010.
- ↑ „Enter the Creative Dragon Feature“ (PDF). AlumniNews London Business School. January–March 2009. Посетено на May 21, 2010.
- ↑ „British Council Celebrates 60 Years in Hong Kong“ (PDF). Hong Kong: British Council. January 3, 2008. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-06-06. Посетено на May 21, 2010.
- ↑ „City Press Release: Mountain View Honors Dr. Charles Kao for Being Awarded the 2009 Nobel Prize in Physics“. Office of the City Manager, Mountain View, California. October 27, 2009. Архивирано од изворникот (asp) на 2012-02-29. Посетено на January 3, 2009.
- ↑ „香港两座建筑物将以高锟及饶宗颐名字命名(图) (Two landmark buildings in Hong Kong are named after Charles K. Kao and Rao Zongyi (with photos))“ (shtml) (кинески). 凤凰资讯 (Ifeng News). December 30, 2009. Посетено на January 3, 2009.
- ↑ „Hong Kong to name building after Nobel laureate Charles Kao“. chinaview.cn. December 31, 2009. Посетено на January 3, 2009.
- ↑ „Nobel laureate Charles Kao is named Hong Kong's Person of Year“. Earthtimes. January 4, 2010. Посетено на January 3, 2009.
- ↑ Evangeline Cafe (December 30, 2009). „The top 10 Asian achievements of 2009“. Northwest Asian Weekly. Посетено на January 3, 2009.
- ↑ „弘立迎光纤之父 广场冠名「高锟」“ (кинески). Hong Kong Wen Wei Po. 2010-03-18. Архивирано од изворникот на 2011-07-21. Посетено на March 18, 2010.
- ↑ „OFC/NFOEC 2010 To Be Dedicated To Nobel Laureate Charles Kao“ (mvc). Photonics Online. January 15, 2010. Посетено на January 20, 2009.
- ↑ „OFC/NFOEC 2010 Announces Plenary Session Speaker Lineup“. Yahoo! Finance. January 21, 2010. Посетено на January 20, 2009.
- ↑ 116,0 116,1 Angela Stark. „OFC/NFOEC 2010 to be Dedicated to Nobel Prize Winner and Industry Pioneer Charles Kao“. OFC/NFOEC Press Releases. Архивирано од изворникот (aspx) на 2010-07-09. Посетено на January 20, 2009.
- ↑ „The 19th Annual Wireless and Optical Communications Conference (WOCC 2010)“. WOCC 2010. 2010. Архивирано од изворникот на 2010-04-17. Посетено на May 26, 2010.
- ↑ „康宁公司在华开展光纤发明40周年庆祝活动“ (кинески). 美通社(亚洲). 2010-05-18. Архивирано од изворникот на 2011-07-22. Посетено на May 26, 2010.
- ↑ „《世界百位名人谈上海世博》首发“ (кинески). Xinhua News Agency. 2010-05-23. Посетено на May 26, 2010.
- ↑ „Hongkong Post Stamps – Hong Kong Stamps“. Hongkong Post. Архивирано од изворникот на 2010-03-30. Посетено на Apr 8, 2010.
- ↑ JILL LAWLESS (June 13, 2010). „Right royal boost for Zeta“. The Sydney Morning Herald. Посетено на June 12, 2010.
- ↑ „Harlow Nobel Prize winner to be commemorated in town centre“. HarlowStar. March 25, 2011. Посетено на April 29, 2011.
- ↑ „Sir Charles Kao UTC“. Архивирано од изворникот на 2014-07-14. Посетено на 2016-03-01.
- ↑ „Gimme Fibre Day - 4 November“. Fibre to the Home Council Europe. Архивирано од изворникот на 2014-04-27. Посетено на 2016-03-01.
- ↑ 125,0 125,1 Vivek Alwayn (April 23, 2004). „Fiber-Optic Technologies – A Brief History of Fiber-Optic Communications“. Cisco Press. Посетено на December 4, 2009.
- ↑ Mary Bellis. „The Birth of Fiber Optics“. inventors.about.com. Посетено на December 15, 2009.
Монографија
уреди- „Технологија на оптички влакна“, Чарлс К. Као; IEEE Press, Њујорк, САД; 1981.
- „Технологија на оптички влакна II“, Чарлс К. Као; IEEE Press, Њујорк, САД; 1981; 343 страници. ISBN 0-471-09169-3 ISBN 978-0-471-09169-1.
- „Системи на оптички влакна: технологија, дизајн и примена“, Чарлс К. Као; McGraw-Hill, САД; 1982; 204 страници. ISBN 0-07-033277-0 ISBN 978-0-07-033277-5.
- „Оптичко влакно“ (серија материјали и уреди на Институтот на електротехнички инженери, книга 6), Чарлс К. Као; „Palgrave Macmillan“ во име на IEEE; 1988; Универзитет во Мичиген; 158 страници. ISBN 0-86341-125-8 ISBN 978-0-86341-125-0
- „Исполнет избор: бизнисот на високата технологија“, Чарлс К. Као; The Chinese University Press/ Palgrave Macmillan; 1991; 203 страници. ISBN 962-201-521-2 ISBN 978-962-201-521-0
- „Заедничко справување со Милениумскиот баг: јавни конференции“, Чарлс К. Као; Central Policy Unit, Хонгконг; 48 страници, 1998.
- „Технолошки патни карти за Хонгконг: прелиминарна студија“, Чарлс К. Као; Канцеларија за индустриски и бизнис развој, Кинески универзитет на Хонгконг; 126 страници, 1990.
- „Нелинеарна фотоника: нелинеарности во оптиката, оптоелектрониката и влакненооптичката комуникација“; Јили Гуо, Кин С. Чјанг, Е. Херберт Ли и Чарлс К. Као; The Chinese University Press, Хонгконг; 2002, 600 страници.
Дополнителна литература
уреди- Хект, Џеф (1999). "Градот на светлината, приказната за влакнената оптиката" (City of Light, The Story of Fiber Optics). Њујорк: Oxford University Press. ISBN 0-19-510818-3.
- Као, К. Ч.; Хокхам, Г. А. (1966). „"влакнено-диелектрични брановоди за оптички честоти" (Dielectric-fibre surface waveguides for optical frequencies)“. Proc. IEE. 113 (7): 1151–1158. doi:10.1049/piee.1966.0189.
- Као, К. Ч.; Дејвис, Т. В. (1968). „"Спектометрички студии на оптички очила со ултра ниска загуба - I: Метод на еден зрак" (Spectrophotometric Studies of Ultra Low Loss Optical Glasses – I: Single Beam Method)“. Journal of Physics E. 2 (1): 1063–1068. Bibcode:јануари 1063K 1968JPhE... јануари 1063K Проверете го
|bibcode=
length (help). doi:10.1088/0022-3735/1/11/303. - К. Ч. Као (јуни 1986), "„Оптоелектронска технологија на 1012 бит/секунда“ (1012 bit/s Optoelectronics Technology)", IEE Proceedings 133, Pt.J, 3, 230–236. doi:10.1049/ip-j.1986.0037
- К. Ч. Као, „Време и наплив“ („A Time And A Tide“) (автобиографија на Чарлс К. Као)
- К. Ч. Као (јули 2005)《潮平岸闊——高錕自述》(преведено од 許迪鏘) „Joint Publishing“ (автобиографија на Чарлс К. Као)
Надворешни врски
уреди„Чарлс Као“ на Ризницата ? |
- Информации за Нобеловата награда по физика, 2009 година
- BBC: Осветлувајќи го патот до револуција
- IEEE усна историја: Чарлс Као
- „Mountain View Voice“: Наследството на Чарлс Као
- „Човек кој го осветли светот – професор Чарлс Као CBE FREng Архивирано на 27 мај 2014 г. „Ingenia“, број 43, јуни 2010
Награди и достигнувања | ||
---|---|---|
Претходник Ендру Витерби |
Медал Александар Грејам Бел 1985 |
Наследник Бернард Видроу |
Претходник Ник Холонјак |
Јапонска награда 1996 |
Наследник Такаши Сугимура и Брус Ејмс |
Претходник Јоичиро Намбу, Макото Кобајаши и Тошихиде Маскава |
Нобеловец заедно со Вилард Бојл и Џорџ Смит 2009 |
Наследник Андреј Гејм и Константин Новоселов |
Академски функции | ||
Претходник Ма Лин |
Заменик претседател на Кинескиот универзитет на Хонгконг 1987–1996 |
Наследник Артур Ли |
Ред на првенство во | ||
Претходник Тин Ка-пинг примател на Големиот Баугиниски медал |
Хонконгшка протоколарна хиерархија примател на Големиот Баугиниски медал |
Наследник Алан Цеман примател на Големиот Баугиниски медал |