Александар Прохоров
Александар Прохоров,[1] (руски: Алекса́ндр Миха́йлович Про́хоров; 11 јули 1916 – 8 јануари 2002) — советски физичар познат по првичното истражување на ласерите и мазерите за што ја поделил Нобеловата награда за физика во 1964 година со Чарлс Хард Таунс и Николај Басов.
Александар Прохоров | |
---|---|
Роден(а) | 11 јули 1916 Атерон, Квинсленд, Австралија |
Починал(а) | 8 јануари 2002 Москва, Русија | (возр. 85)
Националност | Совет / Русин |
Полиња | Физика |
Познат по | Ласери и мазери |
Поважни награди | 1964 Нобелова награда за физика 1987 Ломоносов златен медал |
Младост
уредиПрохоров е роден во 1916 одина во Атерон, Квинсенд, Австралија, во семејство на руски револуционери кои се преселиле од Русија за да ги избегнат репресиите од царската влада. Во 1923 година, по Октомвриската револуција, тие се вратиле во Русија. Во 1934 година, Прохоров се запишал на Санктпетербуршкиот државен универзитет за да изучува физика. Тој дипломирал со почести во 1939 година и се преселилв о Москва за да работи во Институтот за физика „Лебедев“, во осцилационата лабораторија раководена од академикот Н. Д. Папалекси. Неговото истражување таму било насочено кон движењето на радиобрановите во јоносферата. Со почетокот на Втората светска војна во Советскиот Сојуз, во јуни 1941 година, тој се придружил на Црвената армија. За време на Втората светска војна, Прохоров се борел како дел од пешадијата, бил ранет двапати, и бил награден со три медали, вклучувајќи го и Медалот за храброст во 1946 година.[2] Бил демобилизиран во 1944 година и се вратил на институтот, во 1946 година, ја одбранил својата докторска теза за „Теорија на стабилизација на фрквенцијата на цевкаст осцилатор во теоријата на мали параметри“.[1][3][4]
Истражување
уредиВо 1947 година, Прохоров започнал да работи на кохерентното ззрачење оддадено од електроните кои се во орбита на цикличен забрзувач на честички кој бил наречен синхотрон. Тој покажал дека оддавањето на енергијатае претежно сконцентрирано во микробрановата област. Неговите резултати се основата за неговата хабилитација на тема „Кохерентно зрачење на електроните во синхотронки забрзувач“, која ја одбранил во 1951 година. До 1950 година, Прохоров бил помошник раководител во осцилационата лабораторија. Во овој период, тој создал група на млади научници да работат на радиоспектроскопијата на молекуларните вртежи и треперења, а подоцна и во полето на квантната електроника. Групата се фокусирала на специјалната класа на молекули кои имаат три (недегеративни) моменти на инерција. Истражувањето било извршено како експеримент и теорија. Во 1954 година, Прохоров станал раководител на лабораторијата. Заедно со Николај Басов тој развил теоретски основи за создавање на молекуларен осцилатор и ги создал таквите молекуларни осцилатори засновани на амонијак. Тие исто така предложиле метод за создавање на инверзна населеност користејќи нехомогени електрични магнетни полиња. Нивните резултати биле првично претставени на националната конференција во 1952 година, но не биле објавени сè до 1954–1955 година.[1][4]
Во 1955 година, Прохоров го започнал своето истражување во полето на електронска парамагнетна резонанса (EPR). Тој се задржал на испитување на времето на релаксација на јоните од елементите припадници на железната група во решетката на алуминиум оксидот, но исто така истражувал и други, „неоптички“, области, како што се фазните премини во DPPH.[5] Во 1957 година, додека го истражувал рубинот, односно вид на алуминиум оксид збогатен со хром, тој дошол на идеја да го искористи овој материјал како работна средина на ласерот. Како нов вид на ласерски резонатор, тој предложил, во 1958 година, „отворен тип“ на празнински дизајн, кој денес е во широка употреба. Во 1963 година, заедно со А. С. Селваненко, тој предложил ласер кој користел два квантни премини. За нивната првична работ на ласерите и мазерите, во 1964 година, тој ја добил Нобеловата награда за физика која ја споделил со Николај Басов и Чарлс Хард Таунс.[1][4]
Објавени трудови и награди
уредиВо 1959 година, Прохоров станал професор на Московскиот државен универзитет – најпрестижниот универзитет во Советскиот Сојуз, и истата година бил награден со Ленинова награда. Во 1960 година, тој станал член на Руската академија на науките и бил избран за академик во 1966 година. Во 1967 година, тој бил награден со неговиот прв Орден на Ленин (тој добил пет ордени на Ленин, во 1967, 1969, 1975, 1981 и 1986). Во 1968 година, станал заменик директор на Институтот за физика „Лебедев“ и во 1971 година го добил работното место раководител на лабораторија од друга престижна советска институција, Московскиот институт за физика и технологија. Во истата година, тој бил избран за член на Американската академија на науките и уметностите.[3] Помеѓу 1982 и 1998 година, Прохоров бил директор на Општиот институт за физика на Руската академија на науките, и по 1998 година како почесен директор. По неговата смрт во 2002 година, институтот бил преименуван во општ институт за физика „А. М. Прохоров“ при Руската академија на науките.[3][4] Прохоров бил член и еден од почесните претседатели на Меѓународната академија на науките, во Минхен го поддржал создавањето и развојот на рускиот оддел при Меѓународната академија на науките, во Москва.[6][7]
Во 1969 година, Прохоров стнал Херој на социјалистичкиот труд, највисоктот одликување во Советскиот Сојуз за постигнувањата во националната економија и култура. Тој по вторпат истата награда ја добил во 1986 година.[4] Започнувајќи во 1969 година, тој бил главен уредник на Големата советска енциклопедија. Тој бил награден и со Ивесов медал, највисокото одликување од Американското друштво на оптичарите (OSA), во 2000 година[8] и станал почесен член на Американското друштво на оптичарите во 2001 година.[9] Истата година, тој бил награден со Демидова награда.[10]
Политика
уредиПрохоров станал член на Комунистичката партија во 1950 година. Во 1983 година, заедно со други тројца академици – Андреј Тихонов, Анатолиј Дородницин и Георги Скриабин – го потпишал познатото отворено писмо[11] отфрлајќи го написот на Андреј Сахаров[12] во списанието Foreign Affairs.
Семејство
уредиРодителите на Прохоров починале за време на Втората светска војна. Прохоров се оженил со географот Галина Шелепина во 1941 година, и имале едно дете, син кој го нарекле Кирил, кој се родил во 1945 година. Следејќи ги стапките на својот татко, Кирил Прохоров станал физичар во полето на оптиката и моментално ја раководи ласерската лабораторија при Општиот институт за физика „А. М. Прохоров“.[2][13]
Почести и награди
уреди- Манделстамова награда (1948)
- Ленинова награда (1959)
- Пет Ордени на Ленин
- Орден за татковинската војна, 1-а класа (1985)
- Нобелова награда за физика (1964)
- Херој на социјалистичкиот труд, двапати (1969, 1986)
- Медал за храброст
- Советска државна награда (1980)
- Орден за заслуги за татковината, 2-а класа (1996)
- Државна награда на Руската Федерација (1998)
- Медал „Фредерик Ајвеса“ (2000)
- Демидова награда (2001)
- Ломоносов златен медал (1987)
- Награда од советот на министри
- Државна награда на Руската Федерација во науката и технологијата (2003, посмртно) за развојот на научните и технолошките основи на метрологиската поддршка на мерењата на должината во микробрановите и нанометарските големини и нивната примена во микроелектрониката и нанотехнологијата.
- Странски член на Чехословачката академија на науките (1982)
- Јубилеен медал „Во спомен од 100-тата годишнина од раѓањето на Владимир Илич Ленин“
- Медал „За победата над Германија и Големата татковинска војна 1941–1945“
- Јубилеен медал „Дваесет години од победата над Германија и Големата татковинска војна 1941-1945“
- Јубилеен медал „Триесет години победата над Германија и Големата татковинска војна 1941-1945“
- Јубилеен медал „Четриесет годиини од победата над Германија и Големата татковинска војна“
- Медал „За храброст и труд во Големата татковинска војна 1941-1945“
- Медал „Ветеран на трудот“
- Јубилеен медал „50 години на воените сили на СССР“
- Медал „Во спомен на 800-тата годишнина на Москва“
- Медал „Во спомен на 850-тата годишнина на Москва“
Книги
уреди- А. М. Прохоров (главен уредник), Џ. М. Бузи, П. Шпренгл, К. Вили. Создавање кохерентно зрачење и честично забрзување, 1992, ISBN 0-88318-926-7. Истражувачки трендови во физиката серија објавена од издавачкиот оддел на Американскиот институт за физика (presently Springer Архивирано на 23 март 2005 г., New York)
- В. Стефан и А. М. Прохоров (уредници) Дијамант наука и технологија Vol 1: Ласер дијамантско заемодејство. Плазма дијамнтски реактори (Stefan University Press Series on Frontiers in Science and Technology) 1999 ISBN 1-889545-23-6.
- В. Стефан и А. М. Прохоров (уредници). Дијамант наука и технологија Vol 2 (Stefan University Press Series on Frontiers in Science and Technology) 1999 ISBN 1-889545-24-4.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Aleksandr M. Prokhorov - Biographical“. Посетено на 20 February 2015.
- ↑ 2,0 2,1 Основные даты жизни и деятельности академика А.М. Прохорова Архивирано на 11 декември 2010 г. (руски)
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Прохоров Александр Михайлович in Great Soviet Encyclopedia (руски)
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Прохоров Александр Михайлович at warheroes.ru (руски)
- ↑ A. M. Prokhorov and V.B. Fedorov, Soviet Physics JETP 16 (1963) 1489.
- ↑ „Presidium of the International Academy of Science= Ias-icsd.org“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-04-02. Посетено на 2015-03-16.
- ↑ „Foundation of the Russian Section of the International Academy of Science= ias-icsd.org“. Архивирано од изворникот на 2015-04-02. Посетено на 2015-03-16.
- ↑ Frederic Ives Medal
- ↑ OSA Honorary Members
- ↑ Сост. И. Г. Бебих, Г. Н. Михайлова, А. В. Троицкий (2004). Александр Михайлович Прохоров, 1916-2002 (Материалы к биобиблиогр. ученых) 2-е изд., доп. (руски). М.: Наука. стр. 442. ISBN 5-02-033176-7. Архивирано од изворникот на 2007-08-21. Посетено на 2015-03-31.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Когда теряют честь и совесть (руски)
- ↑ „The Montreal Gazette - Google News Archive Search“. Посетено на 20 February 2015.
- ↑ „éÎÓÔÉÔÕÔ ÏÂÝÅÊ ÆÉÚÉËÉ ÉÍ. á.í. ðÒÏÈÏÒÏ×Á“. Архивирано од изворникот на 2015-02-21. Посетено на 20 February 2015.
Надворешни врски
уреди- Prokhorov's role in the invention of lasers and masers Архивирано на 27 ноември 2005 г.
- Prokhorov's grave in Novodevichy cemetery