Ан Луилје
Ан Луилје (француски: Anne L'Huillier), (Париз, 16 август 1958) — француско-шведска физичарка и професорка по атомска физика на Универзитетот Лунд во Шведска[1]. Таа е лауреат на Нобеловата награда за физика во 2023 година, заедно со Ференц Краус и Пјер Агостини[2].
Ан Луилје Anne L'Huillier | |
---|---|
Роден(а) | 16 август 1958 |
Националност | Француска/Шведска |
Полиња | Атомска физика, експериментална физика, атосекундна физика |
Образование | Универзитет Сорбона; Универзитет Париз-Сакле (докторат) |
Теза | „Ionisation multiphotonique et multielectronique (Мултифотонсска и мултиелектронска јонизација)“ (1986) |
Докторски ментор | Бернар Кањак |
Поважни награди |
|
Во 2011 година, ја добила наградата Лореал-Унеско за жени во науката за нејзината работа на развојот на екстремно брза камера која може да ги снима движењата на електроните во атосекунда (милијардити дел од милијардити дел од секундата)[3].
Кариера
уредиОткако се запишала во ENS de Fontenay-aux-Roses во 1977 година и дипломирала математика во 1980 година, таа го подготвила својот докторат на одделот за фотони, атоми и молекули во центарот CEA во Сакле. Во 1986 година, таа одбранила државна теза со наслов Мултифотон и мултиелектронска јонизација на Универзитетот Пјер и Мари Кири [4] и истата година добила постојана позиција на ЦЕА. Потоа, таа извршила истражувачки престои во Политехничкиот центар Чалмерс во Гетеборг во 1986 година, на Универзитетот во Јужна Калифорнија во Лос Анџелес во 1988 година и во Националната лабораторија Лоренс Ливермор во 1993 година. Во 1995 година станала вонреден професор на Универзитетот Лунд, а потоа професор по атомска физика во 1997 година.
Нејзиното истражување е сосредоточено околу атосекундните импулси поврзани со производството на хармоници од висок ред во гасот и нивните апликации, особено во атомската физика[5].
Почести
уреди- Член на Кралската академија на науките за физик од 2004.
- Член на Нобеловиот комитет за физика во 2010.
- Награда Лореал-Унеско за жените во науката во 2011.
- Член на Кралската академија на инженерските науки на Шведска во 2012.
- Одличје Блез Паскал на Европската академија на науките за физика во 2013.
- Доктор <i id="mwOQ">honoris causa</i> на универзитетот Пјер и Мари Кири во 2013.
- Цајсова награда за истражување во 2013[5].
- Docteur <i id="mwQg">honoris causa</i> de université Friedrich-Schiller d'Iéna en 2015
- Странски член на Националната академија за науки на САД од 2018[6].
- Награда Макс Борн доделена од Оптичкото друштво во 2021[7].
- Prix Wolf de physique décerné aux professeurs L'Huillier, Corkum et Krausz « pour leurs contributions pionnières à la science des lasers ultrarapides et à la physique attoseconde » en 2022.
- Нобелова награда за физика во 2023
Одликувања
уреди- 2022 година: Офицерка на Легијата на честа (витез во 2011 г.).
Публикации
уреди- Ferray, M.; G. Mainfray, A .; Li, X.F.; Lompre, L.A. (2/11/1987). „Multiple-harmonic conversion of 1064 nm radiation in rare gases“. J. Phys. B: At. Mol. Opt. Phys (англиски). 21 (3): L31. Bibcode:1988JPhB...21L..31F. doi:10.1088/0953-4075/21/3/001. Проверете ги датумските вредности во:
|date=, |year= / |date= mismatch
(help)
Наводи
уреди- ↑ Sa page de présentation sur le site de l'université de Lund
- ↑ Denis Delbecq (3 octobre 2023). „Pierre Agostini, Ferenc Krausz et Anne L'Huillier sont honorés du Prix Nobel de physique“. Le Temps (француски). Посетено на 3 octobre 2023. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help). - ↑ https://www.youtube.com/watch?v=a3ztTM8g_jI Vidéo de l'UNESCO où Anne L'Huillier explique ses recherches.
- ↑ Thèse d'État ès-sciences, 1986, Paris VI, notice Sudoc
- ↑ 5,0 5,1 Université Pierre-et-Marie-Curie Архивски примерок на Семрежниот архив (англиски) .
- ↑ „Anne L'Huillier, Lund University“ (англиски). Посетено на 29 décembre 2019. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ Evelina Lindén (2021-03-08). „Anne L'Huillier wins the Max Born Award“ (англиски). Посетено на 2021-03-15.