Џејмс Рејнвотер
Лав Џејмс Рејнвотер (англиски: Leo James Rainwater 9 декември 1917 - 31 мај 1986) — американски физичар кој ја споделил Нобеловата награда за физика во 1975 „за учество во определување на асиметричните форми на одредени атомски јадра“.[1][2]
Лав Џејмс Рејнвотер | |
---|---|
Роден(а) | 9 декември 1917 Ајдахо, САД |
Починал(а) | 31 мај 1986 Њујорк, САД | (возр. 68)
Националност | Американец |
Полиња | Физика |
Установи | Колумбиски универзитет Менхетенски проект |
Образование | Колумбиски универзитет Институт за технологија на Калифорнија |
Поважни награди | Лоренсова награда (1963) Нобелова награда за физика (1975) |
Животопис
уредиРејнвотер е роден во Ајдахо, САД, но подоцна се преместил во Ханфорд, Калифорнија, по смрта на неговиот татко како последица на една од најголемите пандемии во историјата на човештвото, „Шпанска треска“, во 1918. Тој добил диплома од Институтот за технологија на Калифорнија во 1939 како мајор по физика, подоцна станал доктор по филозофија во Колумбискиот универзитет во 1946, работејќи со Енрико Ферми.
За време на Втората светска војна, тој се занимавал со проектот Менхетен, кој претставувал прекар на подземно истражување за создавање на првата употреблива атомска бомба. Во 1949, тој почнал да ја развива својата теорија, спротивно на тоа што тогаш се верувало, дека сите атомски јадра не се сферични. Неговите идеи подоцна биле тестирани и потврдени од експериментите на Ејџ Бор и Бен Рој Мотелсон. Рејнвотер исто така придонел за научното сфаќање на Х-зраците и учествувал во Американската комисија на атомска енергија и поморските истражувачки проекти. Тој се придружил на факултетот по физика во Колумбија во 1946, каде што станал постојан професор. Тој бил наречен „Папин“ професор по физика во 1982. Рејнвотер исто така ја добил и Лоренсовата награда за физика во 1963. Во 1975 Рејнвотер бил награден со Нобелова награда за физика „за откривање на врската помеѓу колективното движење и движењето на честичките во атомското јадро и за развивање на теоријата за градбата на атомските јадра врз основа на оваа врска“[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „The Nobel Prize in Physics 1975“. Nobelprize.org. Посетено на 2014-01-16.
- ↑ Havens, Jr., W. W. (October 1986). „Obituary: James Rainwater“. Physics Today. 39 (10): 140–143. Bibcode:1986PhT....39j.140H. doi:10.1063/1.2815185. Архивирано од изворникот на 2013-10-04. Посетено на 2015-03-12.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
Надворешни врски
уреди- Photograph, Biography and Bibliographic Resources, од Office of Scientific and Technical Information, United States Department of Energy
- James Rainwater Архивирано на 8 септември 2007 г.
- James Rainwater – Autobiography
- Leo James Rainwater Архивирано на 10 септември 2011 г.