Виктор Франц Хес (германски: Victor Franz Hess, 24 јуни 1883 – 17 декември 1964) — австриско-американски физичар и добитник на Нобелова награда за физика, кој ги открил космичките зраци.[1]

Виктор Франц Хес
Victor Franz Hess
Роден(а)Виктор Франц Хес
24 јуни 1883(1883-06-24)
Пегау, Австроунгарија
Починал(а)17 декември 1964(1964-12-17) (возр. 81)
Маунт Вернон, Њујорк, САД
НационалностАвстроунгарија, Австрија, Соединети Американски Држави
ПолињаФизика
УстановиГрачки универзитет
Австриска академија на науките
Инсбручки универзитет
Универзитет „Фордам“
ОбразованиеГрачки универзитет
Познат пооткривање на космичките зраци
Поважни наградиНобелова награда за физика (1936)
СопружникМари Берта Варнер Брајски (в. 1920–55)
Елизабет М. Хенке (в. 1955–64)

Животопис

уреди

Хес е роден во семејството на Винценц и Серафина Едл фон Гросбауер-Валдштат, во замокот Валдштајн, блиску Пегау во Штаерска, Австрија. Татко му бил управител на шумите во служба на принцот Лудвиг од Етинген-Валерштајн. Средното образование го завршил во Грацката гимназија, каде учел од 1893 до 1901.г.[2][3]

Од 1901. до 1905. г студирал на Грачкиот универзитет, и продолжил со постдипломските студии, па во 1910 г. станал доктор на науки по физика. Работел како помошник на Стефан Мејер во Институтот за истражување на радиум при Виенската академија на науките од 1910.до 1920 г.

Во 1920 г. се оженил со Мари Берта Варнер Брајски.[1]

Во 1921 г. зел отсуство и патувал низ САД, работејќи во Корпорацијата за радиум на САД (United States Radium Corporation), во Њу Џерси, и како советник по физика во Бирото за рудници во Вашингтон. Во 1923 г. се вратил во Грачкиот универзитет, а во 1925 г. бил назначен за редовен професор по експериментална физика. Во 1931 г. станал професор на Инсбручкиот универзитет и директор на Институтот за радиологија.[2]

Хес се преселил во САД во 1938 г. за да избега од нацистите кои го прогонувале бидејќи жена му била Евреинка. Истата година е назначен за професор по физика на универзитетот „Фордам“, а во 1944 г. се стекнал со американско државјанство.[4][5] Жена му починала од рак во 1955 г.[1] Истата година се оженил со Елизабет М. Хенке, жената која се грижела за Берта на крајот на нејзиниот живот.[4]

Хес бил католик и редовно одел во црква. Во 1946 г. напишал за односот помеѓу религијата и науката во неговиот напис Мојата вера, во која објаснува зошто верува во Господ.[6] Се пензионирал во 1958. г., а починал на 17 декември 1964. г, во Маунт Вернон, Њујорк од Паркинсонова болест.[1]

Космички зраци

уреди
 
Хес во својот балон (воздухоплов)балон

Помеѓу 1911 и 1913. г. Хес се нафатил да работи на проект за кој во 1936 г. ја добил Нобеловата награда во физика. Долго време, научниците биле збунети од силината на јонизирачко зрачење измерени во атмосферата. Во тоа време се претпоставувало дека зрачењето е помало ако оддалеченоста на изворот од земјата Земјата е поголема. електроскопите претходно го мереле зрачењето приближно, но покажувале дека зрачењето може да е посилно во погорните делови на атмосферата отколку на самата Земја Хес на оваа загатка прво и пристапил со значително зголемување на прецизноста на мерната опрема, која потоа ја зел со себе во балонот. Во текот на 1911-12 г. извршил систематски мрерња на зрачењето на разни висини, сѐ до 5,3 км над Земјиното тло. Летовите ги вршел и преку ден и преку ноќ, изложувајќи се на голем ризик.[3]

Исходот од оваа минуциозна работа бил објавен во записникот на Виенската академија на науките, каде Хес покажал дека силината на зрачењето се намалува на висина до околу 1 км, но над тоа ниво значајно се зголемува, при што на висина од 5 км тоа е двојно поголемо отколку на морското ниво.[7] Оттука заклучил дека постои зрачење кое продира во амосферата од вселената, и неговото откритие било потврдено од Роберт Миликан во 1925 г, кој го нарекол „космички зраци“. Откритието на Хес ги отворило вратите на многу нови откритија во честичната и јадрената физика.[3] Позитронот и мионот за првпат се откриени во космичките зраци, со мерењата на Карл Дејвид Андерсон. Хес и Андерсон ја делеле Нобеловата награда за физика во 1936 г.

Награди и почести

уреди
  • Либенова награда (1919)
  • Абеова спомен-награда
  • Абеов медал на Институтот „Карл Цајс“ во Јена (1932)
  • Нобелова награда за физика (1936)
  • Австриско одликување за наука и уметност (1959)[8]
  • кратерот на Месечината наречен по него

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Victor F. Hess, Physicist, Dies. Shared the Nobel Prize in 1936. Was Early Experimenter on Conductivity of Air. Taught at Fordham Till 1958“. New York Times. December 19, 1964. Посетено на 2012-09-30. ... under his supervision, the United States Radium Corporation in New Jersey. ... Dr. Hess married Marie Bertha Warner Breisky in 1920; she died in 1955. ...
  2. 2,0 2,1 „Victor Franz Hess“. Nobel Foundation. 1936. Посетено на 2007-10-04.
  3. 3,0 3,1 3,2 Angelo, Joseph A. (2004). Nuclear Technology. Greenwood Press. стр. 121–124. ISBN 1-57356-336-6. Victor Franz Hess was born on the 24th of June, 1883, in Waldstein Castle, near Peggau in Steiermark, Austria. His father, Vinzens Hess, was a forester in Prince Öttingen-Wallerstein's service and his mother was Serafine Edle von Grossbauer-Waldstätt. ...
  4. 4,0 4,1 Bill Breisky (August 7, 2012). „Essay: On Its Centenary, Celebrating a Ride That Advanced Physics“. New York Times. Посетено на August 7, 2012.
  5. „Profile detail: Victor Francis Hess“. Marquis Who's Who. Посетено на August 7, 2012.
  6. Victor Francis Hess. "My Faith". San Antonio Light Newspaper Archive. Sunday, November 3, 1946, p. 52
  7. V. F. Hess (1912). „Über Beobachtungen der durchdringenden Strahlung bei sieben Freiballonfahrten“. Physikalische Zeitschrift. 13: 1084–1091.
  8. „Reply to a parliamentary question“ (pdf) (германски). стр. 73. Посетено на 10 December 2012.

Надворешни врски

уреди