Ханс Георг Демелт

Ханс Георг Демелт (германски: Hans Georg Dehmelt 9 септември 1922) — германско - американски физичар, кој бил награден со Нобелова награда за физика во 1989 година,[1] за неговото учество во создавањето на техниката на јонската замка заедно со Волфганг Паул, за што тие поделиле една половина од наградата (другата половина од наградата за таа година му била доделена на Норман Фостер Ремзи). Нивната техника била искористена кај високопрецизните мерења на електронскиот g-фактор.

Ханс Георг Демелт
Роден(а)9 септември 1922(1922-09-09)(102 г.)
Герлиц, Германија
ЖивеалиштеСАД
НационалностГерманец
ПолињаФизика
УстановиВашингтонски универзитет
Универзитет Дјук
ОбразованиеГетингенски универзитет
ДокторандиДејвид Вајнленд
Познат поРазвојот на јонската замка
Преџизно мерење на електронскиот g-фактор
Пенингова замка
Поважни наградиНобелова награда за физика (1989)

Животопис

уреди

На возраст од 10 години Демелт се запишал на Берлинската гимназија при Сивиот манастир, училиште во Берлин во кое наставата се одвивала на латински јазик, каде бил примен со стипендија. Откако дипломирал во 1940 година, тој волонтирал во германксата армија, кои му наредиле да запише на Вроцлавскиот универзитет и да изучува физика во 1943 година. По една година од студиите тој се вратил на воената служба и бил заробен во Арденската битка.

По ослободувањето од американскиот затворенички воен камп во 1946 година, Демелт се вратил на своите студии по физика на Гетингенските универзитети, каде се издржувал поправајќи и тргувајќи со стари, предвоени радија. Тој својата магистерска теза ја завршил во 1948 година, а докторатот во 1950 година, и двете во Гетингенските универзитети. Подоцна бил поканет на универзитетот Дјук како подокторски соработник, во 1952 година. Демелт станал помошник профеаор на Вашингтонскиот универзитет во Сиетл, Вашингтон во 1955 година, и соработник професор во 1958 година,и професор во 1961 година.

Во 1955 година тој ја направил својата електронска судирна цевка во Џорџ Волковата лабораторија при универзитетот Британска Колумбија[2] и експериментирал на парамагнетните резонанси во полризирани атоми и слободни елктрони. Во 1960-ите, Демелт и неговите ученици работеле на спектроскопијата на водородните и хелиумовите јони. Електронот конечно бил издвоен во 1973 година заедно со Дејвид Вејнленд, кој продолжил да работи со заробени јони при NIST.

Тој го создал првииот геониумски атом во 1976 година, која подоцна ја искоритил за прецизно да ги измери магнетните импулси на електроните и позитроните заедно со Р. С. ван Дик во 1980-ите, работа која му ја донела Нобеловата награда. Во 1979 година Демелт раководел со екипа која ја направила првата фотографија на единечен атом. тој продолжил да работи на јонската замка при Вашингтонски универзитет, сè до неговото пензионирање во октомври 2002 година.

Во мај 2010 година, тој бил почестен како еден од Вашингтонските добитници на Нобелова награда од шведската престолонаследничка Викторија на специјален настан во Сиетл.[3]

Тој бил оженет со Ирмград Ласов, тие имаат син, Герд. Подоцна Демелт се оженил со Дајана Дандор, која била лекар.

Почести и награди

уреди

Наводи

уреди
  1. „Nobel Prize in Physics 1989. Press release“. The Royal Swedish Academy of Sciences. 12 October 1989. Посетено на 2008-04-08.
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-05-31. Посетено на 2015-03-27.
  3. Seattle PI news http://blog.seattlepi.com/thebigblog/2010/05/07/crown-princess-victoria-of-sweden-honors-local-nobel-laureates/ Архивирано на 30 ноември 2012 г.
  4. National Science Foundation - The President's National Medal of Science
  • "Moby Electron" article by David H. Freeman Discover magazine feb. 1991 p51-56

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: