Патрик Мејнард Стјуарт Блекет, Барон Блекет[1] (18 ноември 1897-13 јули 1974) — англиски експериментален физичар, познат по неговата работа со Вилсонови комори, космичките зраци и палеомагнетизмот, како и освојувањето на Нобеловата награда за физика во 1948 година.[2] Тој исто така, даде огромен придонес во Втората светска војна, давајќи совети за воената стратегија и развој на оперативни истражувања. Неговите левичарски ставови помогнаа во развојот на третиот свет и во влијанието на политиката во Лабуристичката партија од 1960-тите.[3][4][5]

Лорд Блекет
Патрик Блекет, c. 1950
Роден(а)Патрик Мејнард Стујарт Блекет
18 ноември 1897(1897-11-18)
Лондон, Англија
Починал(а)13 јули 1974(1974-07-13) (возр. 76)
Лондон, Англија
НационалностОбединето Кралство
ПолињаФизика
Установи
Образование
Докторанди
Други значајни студентиИшрат Хусеин Османи
Познат по
Поважни награди

Животопис

уреди

Младост

уреди

Блекет е роден во Кенсингтон, Лондон, како син на Артур Стјуарт Блекет, брокер, и неговата сопруга Каролин Мејнард.[6] Неговата помала сестра Марион Милнер била психоаналитичар. Неговиот дедо по таткова страна бил отецот Хенри Блекет, брат на Едмунд Блекет кој бил австралиски архитект, бил долги години свештеник во Кројдон. Неговиот дедо по мајчина страна Чарлс Мејнард бил офицер во Кралската артилерија во времето на Индискиот бунт. Семејството Блекет живееле во Кенсингтон, во Кенли, Вокинг и Гилдфорд, Сари, каде Блекет одел во подготвително училиште. Неговото главно хоби било правење модели на авиони и радија. Кога отишол на интервју за влез на Кралскиот поморски колеџ, во Озборн, на островот Вајт, Чарлс Ролс го завршил неговиот лет над Каналот, при што Блекет кој го следел летот на неговиот радиоприемник бил во можност да зборува и излага опширно на таа тема. Тој бил примен и поминал две години пред да премине во Дартмутскиот поморски колеџ каде бил „првенец во својот клас“.[7]

Во август 1914 година, на почетокот на Првата светска војна Блекет бил во активна служба како дел од бродскиот екипаж. Тој бил префрлен на Зелениот ’Рт на ХМС Карнаврон и бил учесник во битката на Фокландските Острови. Потоа бил префрлен на ХМС Бархам и учествувал во Битката кај Јитланд. Додека бил на ХМС Бархам, Блекет бил сопронаоѓачот на уред за артилериско пукање за кој адмиралитетот бил носител на патентот. Во 1916 година тој се обидува да се приклучи во Кралската поморска воздушна служба, но неговото барање било одбиено. Во октомври истата година тој станал потпоручник на ХМС P17 задолжен за патролите околу Довер, а во јули 1917 година бил поставен во служба на ХМС Стурџен како дел од силите на Харвич под водство на адмиралот Реџиналд Тирвит. Блекет е особено загрижен од лошиот квалитет на артилериското вооружување во споредба со онаа на непријателот и со своето претходно искуство, и почнува да чита научни учебници. Тој е унапреден во поручник во мај 1918 година, но се одлучил да ја напушти морнарицата. Потоа, во јануари 1919 година, воената морнарица ги испратила морнарите, чија обука била прекината од страна на војната, на Кембричкиот универзитет на обука за генерали. На неговата прва ноќ на колеџот Магдалена, Кембриџ тој се запознал со Кингсли Мартин и Џефри Веб, потсетувајќи се дека тој никогаш пред тоа, во својата поморска служба, не слушнал интелектуален разговор. Блекет бил импресиониран од престижната Кевендишка лабораторија, и ја напуштил морнарицата за да учи математика и физика на Кембричкиот универзитет.[8]

Академски живот и истражување

уреди

По дипломирањето на колеџот „Магдалена“ во 1921 година, Блекет поминал десет години работејќи во Кавендишката лабораторија како експериментален физичар заедно со професорот Радерфорд и во 1923 година станал соработник на Кралскиот колеџ во Кембриџ, позиција на која останал до 1933 година.

Радерфорд дознал дека јадрото на атомот на азот може да се распадне со брзо стрелање на алфа-честички во атомите на атомот. Тој побарал Блекет да ја користи Вилсоновата комора за да се видат трагите на ова распаѓање, а до 1924 година, тој направил 23.000 фотографии кои покажуваат 415.000 траги од јонизирани честички. Осум од нив биле чаталести, а тоа покажувало дека комбинацијата на алфа-честички во атомот на азот се создавал атом на флуор, кој потоа се распаднал во изотоп на кислородот и протон.

Блекет поминал извесно време во 1924-1925 во Гетинген, Германија каде работел со Џејмс Франк за атомскиот спектар. Во 1932 година, во соработка со Џузепе Окијалини, тој измислил систем на Гајгерови бројачи со кој правел фотографии само кога еден космички зрак честички поминувал низ комората. Тие откриле 500 траги на високоенергетски честички на космички зраци со 700 автоматски експозиции. Во 1933 година, Блекет открил четиринаесет слики кои го потврдиле постоењето на позитронот и открил сега веќе препознатливи спротивставени спирални траги на создавањето на позитронско-електронски пар. Оваа работа и таа за зрачењето при анихилација го прави еден од првите и водечките експерти за антиматеријата.

Истата година тој се префрлил колеџот Бирбек, каде работел како професор по физика четири години. Потоа, во 1937 година тој заминал да работи во Манчестерскиот универзитет, каде што создал голема меѓународна истражувачка лабораторија. Спомен-салата Блекет и предавалната Блекет за предавање на Манчестерскиот универзитет биле именувани во негова чест.

Во 1947 година, Блекет вовел теорија за магнетното поле на Земјата, како функција на нејзината ротација, со надеж дека на тој начин ќе ги обедини електромагнетната сила и силата на гравитацијата. Тој поминал неколку години во развој на висококвалитетни магнетометри за да ја тестира неговата теорија, за на крајот да открие дека сè било залудно. Неговата работа на оваа тема, сепак, го довела во областа на геофизиката, каде што на крајот помогнал во процесот на обработка на податоците кои се однесуваат на палеомагнетизмот и помогнал да се обезбеди силен доказ за континенталното движење.

Во 1948 година, тој бил награден со Нобеловата награда за физика, за своето истражување на космичките зраци со помош на неговиот пронајдок на контра-контролираната Вилсонова комора.

Професорот Блекет бил назначен за раководител на одделот за физика на Кралскиот колеџ во Лондон во 1953 година и заминал во пензија во јули 1963. Моменталниот оддел за физика на Кралскиот колеџ е именуван како Блекетова лабораторија.

Во 1957 година Блекет го изнел претседателскиот говор за (технологијата и унапредување на светот) на состанокот на Британското здружение во Даблин.[9] Во 1965 година бил повикан да одржи Мекмилановото предавање во здружението на инженери и бродоградители во Шкотска. Тој ја одбрал темата за „континенталното поместување.“[10]

Втората светска војна и оперативни истражувања

уреди

Во 1935 година Блекет добил покана за членство во Воздухопловниот истражувачки комитет на чело со сер Хенри Тизард. Комитетот вршел ефикасен притисок за предвремена инсталација на радарот во противвоздушната одбрана. Во почетокот на Втората светска војна, Блекет поминал поголем период во разни комисии и на (КВР) на аеродромот во Фарнборо, каде што дал огромен придонес кон осмислувањето на нишанот на бомбата Марк XIV што дозволило бомбите да бидат пуштени без бомбардирачкото ниво да биде наместено. Во 1940-1941 Блекет членувал во Комитетот МАУД во кој било заклучено дека е возможно да се создаде атомска бомба. Тој не се согласувал со заклучокот на комисијата дека Велика Британија би можела да произведе атомска бомба во 1943 година, и препорачал на таа тема да се разговара со Американците. Тој бил избран за член на Кралското друштво (ФРС) во 1933 година[1] и му бил доделен Кралски медал во 1940 година.

Во август 1940 година Блекет станал научен советник на поручникот генерал Сер Фредерик Пајл, главен командант на противвоздушната команда и со тоа почнал да работи што резултираше со полето на изучувања познато како оперативни истражувања. Бил директор на оперативните истражувања во адмиралитетот од 1942 до 1945 година, и неговата работа со Еван Џејмс Вилијамс ги подобриле шансите за опстојување на конвоите, кои изгледале отпрво неразумно, со чии препораки за подобрување на оклопот на авионите и постигнал многу други успеси. Неговата цел, била да се најдат броеви на коишто ќе се гради стратегијата, а не налетите на емоции. За време на војната, тој ги критикувал претпоставките на лордот Червел за обездомување и застанал на страната на Тизард кој тврдел дека помал број на ресурси треба да бидат дадени за бомбардерите на Кралското воено воздухопловство, а повеќе да се доделат на другите вооружени сили.[11][12] Според неговите мислења бил против постојната воена власт и бил отсечен од различни кругови на комуникации, по војната, истражувањата на сојузниците за стратешкото бомбардирање покажале дека Блекет бил во право.

Политика

уреди

Блекет се спријателил со Кингсли Мартин, кој подоцна бил уредник на Њу Стејтсмен (New Statesman), како додипломец станал посветен на левицата. Политички тој се идентификувал како социјалист, и често се заложувал во име на Лабуристичката партија. Во доцните 1940-ти, Блекет станал познат по неговите радикални политички мислења, во кој биле вклучени неговото верување дека Велика Британија не треба да развива атомско оружје. Тој бил сметан за преголем левичар за Лабуристичката влада од 1945-1951 за да го вработат, така што тој се вратил на академскиот живот. Неговиот интернационализам добил израз во неговата силна поддршка за Индија. Таму во 1947 година, тој се состанал со Џавахарлал Нехру, кој побарал совет од него за потребите на Индиските вооружени сили за истражување и развој, и во наредните 20 години бил чест посетител и советник за воени и цивилни науки. Овие посети ја продлабочиле неговата грижа за сиромашните. Тој бил убеден дека проблемот може да се реши со примена на науката и технологијата и тој го користел неговиот научен престиж да се обиде да ги убеди научниците дека една од главните цели како научници била да ги користат своите вештини за да им обезбедат пристоен живот за сите луѓе. Пред неразвиеноста да стане значајно прашање тој предложил на претседателското обраќање во Британското здружение дека Британија треба да се посвети 1% од нивниот национален приход за унапредување на економската соработка на земјите од третиот свет, а тој подоцна бил еден од главните двигатели на темелите на Прекуокеанскиот институт за развој. Тој бил висок член на група на научници кои редовно се состанувале за да разговараат за научната и технолошка политика во текот на 13-те години, кога Лабуристичката партија била опозиција, и оваа група станала влијателна кога Харолд Вилсон станал водач на партијата. Идеите на Блекет директно довеле до создавање на Министерството за технологија штом била создадена владата на Вилсон и тој инсистирал на тоа дека прв приоритет било заживување на компјутерската индустрија. Тој не навлегувал во отворена политика, но сепак една година работел како државен службеник. Тој останал заменик-претседател на Советот на министерот во текот на животот на администрацијата, а исто така бил и личен научен советник на министерот.

Личен живот

уреди

Блекет одбил многу почести и награди како радикалец во дваесеттите години, но ги прифатил Почесен придружник на роденденската прослава во 1965[13] и му бил доделен за Орден за заслуги во 1967 година.[14] Тој бил прогласен за ненаследен носител на 27 јануари 1969 година како Барон Блекет, на Челзи во Голем Лондон.[15] Сепак, најголема чест од сите за него била кога тој станал претседател на Кралското друштво во 1965 година. Кратерот Блекет на Месечината го носи неговото име.

Блекет се оженил со Констанца Бајон (1899-1986) во 1924 година. Имаат еден син и една ќерка.

Неговата пепел е закопана во Лондон.

Бернард Ловел за Блекет напишал: „Оние кои работеле со Блекет во лабораторијата биле под влијание на неизмерната моќност на неговата личност, и оние кои го познавале признаваа дека во јавноста прикривал една чувствителна личност и човечен дух“.[16]

Едвард Булард рекол дека тој е еден од најразновидните и еден од најсаканите физичари на неговата генерација и дека неговите достигнувања биле, исто така, без соперништво - „Тој беше една прекрасно интелигентна, шармантна личност со која што е забавно да се биде.“[17]

Објавени дела

уреди
  • Fear, War, and the Bomb: The Military and Political Consequences of Atomic Energy (1948)
  • — (1956). Atomic Weapons and East/West Relations (C.U.P 2003. изд.). ISBN 978-0-521-04268-0.

Влијание во научната фантастика

уреди

Теоријата на Блекет за планетарен магнетизам и гравитација беа преземени од страна авторот на научна фантастика Џејмс Блиш кој го искористил Блекетовиот ефект како теоретска „основа“ за неговиот вртоглав антигравитационен погон. Во романот на неговиот близок пријател Чарлс Перси Сноу „Странци и браќа“ (1940-1974), одредени аспекти на личноста на Блекет се искористени за левичарскиот физичар Френсис Гетлиф.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  2. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  3. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  4. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  5. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  6. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  7. Lovell, Bernard (1976). P. M. S. Blackett: A Biographical Memoir. John Wright & Sons. стр. 1–3. ISBN 0854030778.
  8. Lovell 1976, стр. 3–5
  9. Blackett, P. M. S. (November 1957). „Technology and World Advancement“. Bulletin of the Atomic Scientists. 13 (9): 323.
  10. „Hugh Miller Macmillan“. Macmillan Memorial Lectures. The Institution of Engineers & Shipbuilders in Scotland Limited. Архивирано од изворникот на 3 November 2014. Посетено на 16 July 2014.
  11. Longmate, Norman (1983). The bombers: the RAF offensive against Germany, 1939–1945. Hutchinson. стр. 132. ISBN 978-0-09-151580-5.
  12. Hore, Peter (2002). Patrick Blackett: Sailor, Scientist, Socialist. Psychology Press. стр. 181. ISBN 978-0-7146-5317-4.
  13. „No. 43667“. The London Gazette (invalid |supp= (help)). 12 June 1965. London Gazette uses unsupported parameters (help)
  14. „No. 44460“. The London Gazette. 24 November 1967. London Gazette uses unsupported parameters (help)
  15. „No. 44776“. The London Gazette. 28 January 1969. London Gazette uses unsupported parameters (help)
  16. Lovell 1976, Preface
  17. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)

Надворешни врски

уреди