Братислава

главен град на Словачка
(Пренасочено од Bratislava)
48°08′38″N 17°06′35″E / 48.14389° СГШ; 17.10972° ИГД / 48.14389; 17.10972

Братислава (словачки: Bratislava) — главен град на Словачка и со своите 429.000 жители тој е најголем град во републиката.[1] Братислава се наоѓа во југозападниот дел од државата на двата брега на реката Дунав. Поради неговата местоположба и блискоста со австриската и унгарската граница, тој е единствениот град во светот кој граничи со две независни држави.[2] Братислава и Виена се едни од најблиските главни градови во Европа кои се оддалечени нешто помалку од 60 километри.

Братислава
Bratislava
град
Стариот град на Братислава
Знаме
Грб
Прекар: Убавината на Дунав, Мал голем град
Земја Словачка
Регион Братислава
Окрузи Братислава I, II, III, IV, V
Река Дунав, Морава, Мал Дунав
Височина 134 м
Координати 48°08′38″N 17°06′35″E / 48.14389° СГШ; 17.10972° ИГД / 48.14389; 17.10972
Највисока точка Девинска Кобила
 - височина 514 м
Најниска точка Дунав
 - височина 126 м
Површина 367,584 км2
 - градска 853,15 км2
 - метрополска 2.053 км2
Население 428,791 (2008-12-31)
Првпат споменат 907
Управа Градски совет
Градоначалник Milan Ftáčnik
Часовен појас CET (UTC+1)
 - лете (ЛСВ) CEST (UTC+2)
Поштенски бр. 8XX XX
Повик. бр. 421-2
Рег. таб. BA, BL
Местоположба во Словачка
Местоположба во Словачка
Местоположба во Словачка
Местоположба во Словачка
Местоположба во Словачка
Местоположба во регионот Братислава
Местоположба во регионот Братислава
Местоположба во регионот Братислава
Местоположба во регионот Братислава
Местоположба во регионот Братислава
На Ризницата: Братислава
Bratislava
Статистики: MOŠ/MIS
Портал: bratislava.sk

Братислава е политички, културен и економски центар на Словачка. Градот е седиште на словачкиот претседател, Собрание и Влада. Исто така во Братислава се наоѓаат неколку универзитети, музеи, театри, галерии и останати значајни културни и економски институции.[3] Голем дел од словачките претпријатија и финансиски институции се наоѓаат токму во главниот град.

Низ историјата градот долго време бил познат под германското име Пресбург и самата историја била под влијание на различни народи како на пример Германци, Чеси, Унгарци, Словаци или Евреи.[4] Градот бил главен град на Кралството Унгарија како дел од поголемата Хабсбуршка монархија[5] од 1536 до 1783 и дом на голем број истакнати словачки, унгарски и германски историски фигури.

Потекло на поимот

уреди

Денешното име на градот, Братислава, било официјално прифатено за градот на 6 март 1919. Претходно градот бил познат под неколку имиња на различни јазици. Првото забележано име за градот датира од 10 век и фигурирало името Брезалауспурц (Brezalauspurc) што во буквален превод значи „замокот на Браслав“. Позначајни останати имиња за градот биле Пресбург на германски, Пожоњ на унгарски[5] и Прешпорок на словачки.

Историја

уреди
 
Келтска сребрена монета во споредба со словачка круна.

Првата позната населба во регионот на денешна Братислава била создадена пред 5000 години п.н.е. во неолитскиот период. Во 200 година п.н.е. келтски племиња се населиле во регионот и ја основале првата позначајна населба со изградба на тврдина позната како опидум. Покрај тоа, Келтите основале и ковачница за монети каде се произведувале сребрени монети познати како биатеци.[6] Градот и регионот потпаднал под римска власт од првиот до четвртиот век и создале граничен одбранбен систем.[7] Покрај општествените промени кои ги направиле Римјаните, тие го вовеле и производството на вино како нова земјоделска гранака во регионот.[8]

Словените се населиле во регионот во 5 век или 6 век за време на големиот миграциски словенски бран.[9] Како незадоволство против аварското прогонство, Словените се организирале и ја основале првата словенска држава, односно кралството на Само кое траело од 623 до 658 година. Во 9 век, замоците Братислава и Девин станале важен центар на словенските држави Кнежевство Нитра и Велика Моравија.[10] Првиот запишан податок за градот датира од 907 година и се однесува за битка во која баварската војска била поразена од Унгарците[11] и е тесно сврзана со потпаѓањето на Велика Моравија под унгарска власт.[12]

Во 10 век, територијата на Пресбург станала дел од Унгарија и станал главен економски и административен центар во кралството.[13] Оваа стратешка позиција му донела на градот чести војни и напади, но исто така му донела висок економски и политички статус. Првите привилегии како град, Пресбург ги добил во 1291 година од страна на унгарскиот крал Сигисмунд.[14]

Унгарското кралство било поразено од Отоманското Царство во Мохачката битка во 1526 година. Поради тоа, Турците во одреден степен го уништиле градот, но сепак не успеале сосема да го освојат.[15] Поради продорството на Турците во Унгарија, Унгарскот Кралство било приморано Братислава да ја прогласи како главен град на Унгарија во 1536 година. Наскоро Унгарија и Братислава станале дел од Хабсбуршката монархија и започнала нова ера од историјата на градот. Братислава станал град на крунисување и седиште на кралеви, архиепископи и главни воени лица. Помеѓу 1536 и 1830 година, единаесет кралеви и кралици биле крунисани во Братислава.[16] Како и да е, 17 век е окарактеризиран со антихабсбуршки востанија, битки со Турците, поплави и болести.[17]

 
Братислава во 17 век.
 
Братислава во 1787.

Пресбург се развил во XVIII век кога на престолот била Марија Тереза[18] и градот станал најголем и најважен град во Унгарија.[19] Населението на градот се зголемило тројно, голем број нови места како што се манастири и патишта биле изградени и градот бил центар на социјалниот и културниот живот на регионот.[20] Сепак градот почнал да ја губи својата важност кога на престолот бил кралот Јозеф II,[18] особено кога кралскиот накит бил префрлен во Виена во 1783 година во обид да се зацврсти врската помеѓу Австрија и Унгарија. Голем број важни општествени канцеларии биле префрлени во Буда исто така.[21] Првите весници на унгарски и словачки јазик биле исто така испечатени во Братислава, односно во 1780 излегол унгарскиот весник, додека во 1783 излегол словачкиот весник.[22] Во 18 век, Братислава станал централ на словачкото национално движење.

XIX век бил окарактеризиран со настани кои биле присутни низ европскиот континент. Мировниот договор помеѓу Австрија и Франција бил потпишан во Братислава во 1805 година.[23] Замокот Девин бил уништен од француските трупи во 1809 година.[24] Во 1843 година како службен јазик во Братислава бил прогласен унгарскиот јазик кој се користел во администрацијата, образованието и во јавноста.[25] Во 19 век исто така и индустријата забележала поголем пораст. Така, во 1840 година била изградена запрежна железничка линија од Братислава до Свети Јур.[26] Во 1848 година била пуштена во употреба парна локомотива до Виена, додека исто таква локомотива била пуштена во употреба во 1850 година и до Пешта.[27]

 
Бомбандирањето на Братислава.
 
Споменикот Славин изграден во чест на паднатите жртви за слобода на Словачка.

Пред Првата светска војна, етнички, градот имал 42% Германци, 41% Унгарци и само 15 % Словаци. По Првата светска војна и со основањето на Чехословачка на 28 октомври 1918 година градот и Словачка биле дел од новата држава.[28] Доминантното германско и унгарско население биле против анексирањето на градот кон Чехословачка и го прогласиле за слободен. Како и да е, чехословачките легионери го окупирале градот на 1 јануари 1919 година и го приклучиле кон федерацијата.[28] Така, градот станал центар на словачкиот политички живот и на 4 февруари бил избран за главен град на Словачка.[29] На 12 февруари 1919 година унгарското и германското население почнало повторно да протестира за новонастанатата ситуација, но демонстрациите биле разбиени.[30] На 27 март 1919 година официјално било променето името во Братислава.[31] Така, останати без посилна поддршка, унгарското население почнало да се иселува од градот преку протерување или бегање[32] и на нивното место се населиле Словаци и Чеси. Во 1930 година процентот на Унгарци изнесувал само 15.8%.

Во 1938 година, Нацистичка Германија ја анексирала Австрија и околните територии на Братислава.[33][34] Братислава станал главен град на првата независна Словачка Република на 12 март 1939 година, но оваа новосоздадена држава не траела долго и била под нацистичко влијание. Во периодот од 1941 и 1945 година, од Братислава биле истерани околу 15.000 Евреи и погубени.[35] Братислава била бомбандирана од сојузничките сили, подоцнс окупирана од германски сили и на крај заземена од советските сили.[33][36] При крајот на Втората светска војна повеќето од Германците од Братислава биле евакуирани и пренесени во Германија.

По завршувањето на војната на власт во Чехословачка дошла Комунистичката партија. Во овој период градот се проширил територијално, но и бројот на населението постепено се зголемувал каде 90% од населението биле Словаци. Набрзо биле изградени голем број значајни објекти, мостови и општествените установи.

Во 1993 година, Братислава станал главен град на ново создадената Словачка Република откако Чехословачка мирно се разделила на две држави.[37]

Географија и клима

уреди
 
Карта на Братислава.
 
Сателитска снимка на Братислава.

Братислава се наоѓа во југозападна Словачка, поточно во регионот Братислава. Поради специфичната местоположба и близината со австриската и унгарската граница Братислава е единствениот главен град кој граничи со две држави. Братислава е оддалечена од чешката граница околу 62 километри, додека од Виена е оддалечена само 60 километри.[38]

Вкупната површина на Братислава изнесува 367.58 км2 и така според површина е втор најголем град во Словачка, веднаш зад Високи Татри.[39] Градот се наоѓа на реката Дунав која го дели на два дела. Покрај Дунав, во близина на Братислава се и реките Морава и Мал Дунав.

Во близина на Братислава започнуваат Карпатските Планини, поточно овој дел од Карпатите се наречени Мали Карпати. Најниска точка на градот е реката Дунав со надморска височина од 126 метри, додека највисока точка е Девинска Кобила со надморска височина од 140 метри.[40]

Братислава има континентална клима со четири различни временски сезони. Климата во градот варира, односно има многу ладни зими и прилично топли лета. Братислава лежи во еден од најсувите и најтоплите региони на Словачка.[41] Снегот е помалку забележлив и присутен одошто во изминатите години.[42] Некои делови од градот како на пример Девин и Девинска Нова Вес се ранливи на поплави од Дунав и Морава.[43] Поради тоа, на броговите на реките во последно време се градат одбранбени насипи.[44]

Климатски податоци за Братислава (1981–2010)
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 19.8
(67.6)
19.1
(66.4)
25.0
(77)
30.3
(86.5)
33.4
(92.1)
36.3
(97.3)
38.2
(100.8)
39.3
(102.7)
34.0
(93.2)
30.0
(86)
21.3
(70.3)
17.9
(64.2)
39.3
(102.7)
Прос. висока °C (°F) 2.7
(36.9)
5.1
(41.2)
10.3
(50.5)
16.7
(62.1)
21.8
(71.2)
24.9
(76.8)
27.5
(81.5)
27.0
(80.6)
21.7
(71.1)
15.6
(60.1)
8.2
(46.8)
3.3
(37.9)
15.4
(59.7)
Сред. дневна °C (°F) −0.4
(31.3)
1.2
(34.2)
5.5
(41.9)
11.0
(51.8)
16.0
(60.8)
19.1
(66.4)
21.3
(70.3)
20.7
(69.3)
15.9
(60.6)
10.4
(50.7)
4.9
(40.8)
0.7
(33.3)
10.5
(50.9)
Прос. ниска °C (°F) −3.4
(25.9)
−2.3
(27.9)
1.3
(34.3)
5.4
(41.7)
10.2
(50.4)
13.4
(56.1)
15.4
(59.7)
15.0
(59)
11.0
(51.8)
6.1
(43)
1.8
(35.2)
−1.9
(28.6)
6.0
(42.8)
Најниска забележана °C (°F) −24.6
(−12.3)
−20
(−4)
−15.1
(4.8)
−4.4
(24.1)
−2
(28)
3.0
(37.4)
7.0
(44.6)
5.0
(41)
−2.0
(28.4)
−8
(18)
−12
(10)
−20
(−4)
−24.6
(−12.3)
Прос. врнежи мм (ин) 39
(1.54)
37
(1.46)
38
(1.5)
34
(1.34)
55
(2.17)
57
(2.24)
53
(2.09)
59
(2.32)
55
(2.17)
38
(1.5)
54
(2.13)
46
(1.81)
565
(22.24)
Прос. релативна влажност (%) 83 78 71 64 67 66 64 65 73 78 83 85 73
Сред. бр. сончеви часови месечно 65.1 81.9 151.9 204.0 263.5 270.0 275.9 269.7 207.0 142.6 60.0 46.5 2.038,1
Извор бр. 1: [45]
Извор бр. 2: [46]

Демографија

уреди
Попис од 2001[47][48][49]
Округ Население Етничка група Население
Братислава I–V 428.672 Словаци 391.767
Братислава I 44.798 Унгарци 16.541
Братислава II 108.139 Чеси 7.972
Братислава III 61.418 Германци 1.200
Братислава IV 93.058 Моравци 635
Братислава V 121.259 Хрвати 614

Од основањето на градот па сè до XIX век, Германците биле доминантна етничка група.[50] После австроунгарскиот договор од 1867 година, започнала да се врши голема унгаризација на населението и до крајот на Првата светска војна 40% од населението на Братислава зборувало унгарски јазик, 42% зборувало германски јазик и само 15% зборувало словачки јазик.[50] По основањето на Чехословачка во 1918 година, Братислава останал мултинационален град, но со различен демографски тренд. Благодарејќи на словакизацијата[51][52] процентот на Словаци и Чеси во градот се зголемил, додека процентот на германско и унгарско население се намалил. Во 1938 година, 59% од населението биле Словаци или Чеси, додека Германците биле 22% и Унгарците само 13% од населението.[53] Со создавањето на првата словачка република голем број Чеси и Евреи се населиле во градот.[50] Во 1945 година повеќето Германци од градот биле евакуирани. Откако Чехословачка се обновила, голем број од Германците и Унгарците кои останале во градот биле казнето поради соработка со Хитлер со тоа што биле депортирани во Австрија, Германија или Унгарија.[54][55] Поради сето ова, Братислава останала со мнозинско словачко население.

Од религиска гледна точка, спрема пописот од 2001, 243.048 се католици, 125.729 се атеисти, 24.810 се лутеранци, 3.163 се гркокатолици, 1.918 се калвинисти, 1.827 се јеховини сведоци, 1.616 се православни, 737 се методисти, 748 евреи и 613 баптисти.

Општествени установи и локална самоуправа

уреди
 
Седиштетто на градоначалникот.
 
Претседателската палата.

Братислава е седиште на словачкото собрание, словачкиот претседател, министерствата, врховниот суд и националната банка. Покрај овие државни институции, Братислава е седиште на Братиславскиот регион. Исто така, градот е седиште на многу странски амбасади и дипломатски претставништва.

Моменталната локална самоуправа на градот[56] е во организациска структура зададена уште од 1990 година.[57] На чело на локалната самоуправа се наоѓа градоначалникот на Братислава[58], потоа следат градското собрание[59], градскиот совет[60], градските комисии[61] и градскиот магистрат[62].

Градоначалникот е шеф на извршната градска власт и е избран за мандат од четири години. Моментален градоначалник на Братислава е Андреј Ѓурковски кој е избран на изборите во 2006 година и овој му е втор мандат[63]. Градскиот совет е законодавно тело и е задолжено за буџетот, урбанизмот, одржување на патиштата, образованието и културата во градот.[64] Советот обично се среќава еднаш месечно и е составено од 80 членови.

Административно, Братислава е поделена на пет окрузи и тие се: Братислава I (градскиот центар), Братислава II (источниот дел), Братислава III (североисточниот дел), Братислава IV (западниот и северниот дел) и Братислава V (јужниот дел).[65]

За подобра локална самоуправа, градот е поделен на 17 квартови и секој има свој управител и совет. Бројот на членови во советот зависи од бројот на население во квартот.[66]

Територијална поделба на Братислава
Округ Кварт Карта
Братислава I   Старе Место  
Братислава II   Ружинов
  Вракуња
  Подунајске ​Бискупице
Братислава III   Нове Место
  Рача
  Вајнори
Братислава IV   Дубравка
  Карлова Вес
  Девин
  Девинска ​Нова Вес
  Ламач
  Захорска ​Бистрица
Братислава V   Петржалка
  Јаровце
  Русовце
  Чуново

Архитектура и позначајни објекти

уреди
 
Нов мост со ресторанот.
 
Катедрала Свети Мартин.

Градот Братислава е град составен од средновековни архитектонски подвизи искомбинирано со модерни грандиозни згради од XX век.[67]

Повеќето од историските згради се наоѓаат во стариот дел од Братислава. Стариот братиславски хол е комплекс од три згради кои биле подигнати во 14 век и 15 век и сега во него опстојува Градскиот музеј на Братислава. Михаеловата порта е единствена порта која била зачувана од средновековната фортификација и е една од најстарите објекти во градот.[68] Зградата на универзитетската библиотека која е подогната во 1756 година била користена од страна унгарската администрација од 1802 до 1848.[69]

Историскиот центар на градот е составен од повеќе барокни згради изградени околу 1760 година и денес тука се наоѓаат палатата на словачкиот претседател и владата на Словачка.[70] Во дел од овие гради се одвивале значајни историски настани како на пример мировни договори или биле родени значајни историски личности.

Покрај овие згради, во овој дел од градот се наоѓаат и катедрали и цркви како на пример катедралата Свети Мартин изградена од 13 век до 16 век и служела како место за крунисување на унгарските кралеви од 1563 до 1830 година.[71] Покрај неа, тука се и Франциската црква која датира од 13 век[72] и црквата Света Елизабета која е попозната како Сина Црква поради нејзината боја.

Останати значајни структури во градот се Новиот мост на реката Дунав кој има ресторан налик на НЛО, зградата на словачкот радио која е во форма на превртена пирамида камзичката телевизиска кула која има ротирачки ресторан.

Братиславски замок

уреди
 
Братиславски замок.

Една од најзначајните градби во Братислава е Братиславскиот замок кој се наоѓа на едно плато на надморска височина од 85 метри. Овој рид бил населен уште од самите почетоци на градот, па дури и од каменото и бронзеното доба.[73] Исто така ридот бил акропол на Келтите, римска и словенска тврдина и политички, религиозен и воен центар на Велика Моравија.[74] Камен замок не бил изграден сè до 10 век кога регионот потпаднал под унгарска власт. Замокот бил претворен во готска структура во 1430 година, додека во 1562 година станал ренесансен замок.[75] Замокот бил повторно изграден во 1649 година во барокен стил. Кога на власт била кралицата Марија Терезија, замокот станал престижен кракски престол. Во 1811 година замокот бил изгорен во пожар и останал како рушевина сè до 1950-те години[76] кога бил повторно изграден во терезиски стил.

Девински замок

уреди
 
Девински замок.

Девинскиот замок бил долго време во рушевини кој бил скоро обновен во близина на реката Морава која пак ја создава границата со Австрија. Тој е еден од најзначајните словачки археолошки наоѓалишта и има музеј кој е посветен на неговата историја.[77] Поради неговата стратешка позиција, Девинскиот замок бил значаен замок за Велика Моравија и за раната унгарска држава. Тој бил уништен од Наполеоновите трупи во 1809 година и денес е значаен словенски и словачки историски симбол.[78]

Паркови и езера

уреди

Поради близината на планините, Братислава има доста пошумени површини во близина на градот. Вкупната површина со јавно зеленило во градот изнесува 46.8 км2 или 110 метар квадратен по глава на жител.[79] Најголемиот парк е Горскиот парк во стариот дел од градот. Братиславскиот шумски парк се наоѓа на Малите Карпати и е популарен меѓу народот. Шумскиот парк има површина од околу 27.3 км2 од кои 96% се пошумени.

Градот има одреден број природни и вештачки езера кои најмногу се користат за рекреација. Така на пример се забележуваат езерата Штрковец, Кухајда, Злате Пјески, Вајнори и Русовце.[80]

Сообраќај

уреди
 
Аеродром Братислава.

Благодарејќи на добрата географска положба во Средна Европа, Братислава е природен крстопат за меѓународен сообраќај.[81]

Јавниот транспорт во Братислава е управуван од „Доправни подник Братислава“, транспортна компанија во сопственост на градот. Транспортниот систем во Братислава е познат како „општински масовен транзит“ (Mestská hromadná doprava) и оперира со автобуси, трамваи и тролејбуси.[82] Покрај оваа градска компанија, во Братислава оперира и „Братиславскиот интрегриран транспорт“ (Bratislavská integrovaná doprava) кој оперира со возови и автобуси во градот и во околните градови.

Братислава е поврзана со Австрија, Унгарија, Чешка, Полска, Германија и со остатокот од Словачка. Автопатите обезбедуваат допар превоз до сите поголеми градови во Словачка, како и соседските главни градови. Во Братислава има и речно пристаниште кое ја поврзува Словачка со Црното Море.

Туризам

уреди
Туристички воз во Стариот град
Чумил.
Група на туристи на улиците на Братислава
Старото градско собрание

Во 2006 година, Братислава имала 77 комерцијални сместувачки капацитети од кои 45 се хотели со вкупен капацитет за сместување од 9.940 легла.[83] Вкупно 686.201 посетител, 454.870 посетители биле странци и престојувале во Братислава. Поголем е бројот на посетители во Братислава се оние кои го посетуваат градот само за еден ден. Најмногу странски посетители се забележуваат од Чешка, Германија, Велика Британија, Италија, Полска и Австрија.[83]

Култура

уреди

Братислава е културен центар на Словачка. Поради историскиот мулти-културен карактер, локалната култура е под влијание на различни етнички групи меѓу кои Германци, Словаци, Унгарци и Евреи.[4][84] Братислава има голем број музеи, галерии, концертни сали, кина, филмски клубови и странски културни институции.[85]

Уметност

уреди
 
Словачката филхармонија.
 
Националниот театар.

Братислава е седиште на Словачкиот национален театар кој е составен од две згради. Првата зграда е изградена во нео-ренесансен стил и се наоѓа во стариот дел од градот. Новата зграда која била отворена во 2007 година е на брегот на реката. Театарот има три оддели, односно оддел за театар, опера и балет.

Музиката во Словачка се развила во XVIII век и во тесна врска со виенската музика. Значајни музички ликови ја посетиле Братислава меѓу кои Волфганг Амадеус Моцарт, Франц Лист, Џозеф Хајден и Лудвиг ван Бетовен.[71] Во Братислава се родил композиторот Јохан Непомук Хумел. Во Братислава се наоѓа и Словачката филхармонија која одржува неколку концерти годишно.[86]

Музеи и галерии

уреди
 
Словачка национална галерија.

Словачкиот национален музеј е основан во 1961 година и се наоѓа во стариот дел од градот заедно со Природниот историски музеј кој всушност е дел од Националниот. Тој е најголем музеј и најголема културна институција во Словачка. Оперира со 16 музеи во Братислава и пошироко.[87] Градскиот музеј на Братислава е основан во 1868 година и е најстариот музеј кој континуирано опстојува во Словачка.[88] Главна цел на градскиот музеј е да ја архивира и истражува историјата на Братислава.

Словачката национална галерија е основана во 1948 година и оперира со голема мрежа галерии во Словачка. Двете галерии во Братислава се една до друга во палатата Естерхази и Водната барака на брегот на реката Дунав во стариот дел од Братислава. Градската галерија на Братислава е основана во 1961 година и е втора најголема галерија во Словачка од тој вид. Оваа галерија се наоѓа во палатата Јохан Палфи и палатата Мирбах во стариот дел од градот.[89]

Образование и наука

уреди
 
Универзитет Истрополитана.
 
Универзитет Коменски.

Првиот универзитет во Братислава, односно Словачка а тогаш во Унгарија, бил Universitas Istropolitana кој бил основан во 1465 година од страна на кралот Матијас Корвунус. Универзитетот бил затворен во 1490 година после смртта на кралот.[90]

Денес, во Братислава се наоѓа најголемиот универзитет, Универзитет Коменски, кој има 27.771 студент.[91] Покрај него се наоѓаат и техничкиот Словачки универзитет за технологија со 18.473 студенти,[92] и најстарото уметнички училишта Академијата за иведени уметности и Академијата за уметности и дизајн. Останати високообразовни институции во Братислава се и јавниот Економски универзитет и првиот колеџ во Словачка.[93] Вкупно, околу 56.000 студенти учат во братиславските универзитети.[94]

Во градот има 65 јавни основни училишта, девет приватни училишта и десет религиозни основни училишта[95] Вкупно, во Братислава има околу 25.821 ученик.[95] Средното образование во Братислава е претставено со околу 39 гимназии со 16.048 ученици,[96] 37 специјализирани средни училишта со 10.373 ученици,[97] и 27 стручни училишта со 8.863 ученици.[98][99]

Збратимени градови

уреди

Братислава е збратимена со следните градови:[100]

* Броевите во заграда означуваат година на збратимување.

Партнерство

Панорама

уреди
Панорама на Братислава од стариот дел.
Панорама на Братислава со замокот.

Наводи

уреди
  1. „Population on 31 декември 2006 - districts“. Statistical Office of the Slovak Republic. 2007-07-23. Архивирано од изворникот на 2011-08-24. Посетено на 8 јануари 2007.
  2. Dominic Swire (2006). „Bratislava Blast“. Finance New Europe. Архивирано од изворникот на 2006-12-10. Посетено на 8 мај 2007.
  3. „Brochure - Welcome to Bratislava“. City of Bratislava. 2006. Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-03-05. Посетено на 25 април 2007.
  4. 4,0 4,1 „Brochure - Culture and Attractions“. City of Bratislava. 2006. Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-03-07. Посетено на 25 април 2007.
  5. 5,0 5,1 Gruber, Ruth E. (1991-03-10). „Charm and Concrete in Bratislava“. The New York Times. The New York Times Company. Посетено на 2008-07-27.
  6. „History - Celtic settlements“. City of Bratislava. 2005. Архивирано од изворникот на 2007-02-24. Посетено на 15 мај 2007.
  7. Kováč et al., "Kronika Slovenska 1", p. 73
  8. „History - Bratislava and the Romans“. City of Bratislava. 2005. Архивирано од изворникот на 2007-02-24. Посетено на 15 мај 2007.
  9. Kováč et al., "Kronika Slovenska 1", p. 90
  10. Kováč et al., "Kronika Slovenska 1", p. 95
  11. . стр. 128. Отсутно или празно |title= (help)
  12. Špiesz, "Bratislava v stredoveku", p. 9
  13. „History - Bratislava in the Middle Ages“. City of Bratislava. 2005. Архивирано од изворникот на 2007-02-24. Посетено на 15 мај 2007.
  14. Špiesz, "Bratislava v stredoveku", p. 132
  15. Lacika, "Bratislava", p. 30
  16. Lacika, "Bratislava", p. 62
  17. Lacika, "Bratislava", pp. 31–34
  18. 18,0 18,1 Weinberger, Jill Knight (2000-11-19). „Rediscovering Old Bratislava“. The New York Times. The New York Times Company. Посетено на 2008-07-27.
  19. Lacika, "Bratislava", pp. 34–36
  20. Lacika, "Bratislava", pp. 35–36
  21. „History - Maria Theresa's City“. City of Bratislava. 2005. Архивирано од изворникот на 2007-02-24. Посетено на 15 мај 2007.
  22. Kováč et al., "Kronika Slovenska 1", pp. 350–351
  23. Kováč et al., "Kronika Slovenska 1", p. 384
  24. Kováč et al., "Kronika Slovenska 1", p. 385
  25. Erzsébet Varga, "Pozsony", p. 14 (Hungarian)
  26. Kováč et al., "Kronika Slovenska 1", pp. 426–427
  27. Kováč et al., "Kronika Slovenska 1", p. 451
  28. 28,0 28,1 Lacika, "Bratislava", p. 42
  29. Tibenský, Ján; и др. (1971). Slovensko: Dejiny. Bratislava: Obzor.
  30. Marcel Jankovics, "Húsz esztendő Pozsonyban", p. 65-67 (Hungarian)
  31. „History - First Czechoslovak Republic“. City of Bratislava. 2005. Архивирано од изворникот на 2007-02-24. Посетено на 15 мај 2007.
  32. „History of Hungarians in the first Czechoslovak Republic (1918-1919 section)“. 2008. Архивирано од изворникот на 2008-12-31. Посетено на 5 септември 2008.
  33. 33,0 33,1 „History - Wartime Bratislava“. City of Bratislava. 2005. Архивирано од изворникот на 2007-02-24. Посетено на 15 мај 2007.
  34. Kováč et al., "Bratislava 1939–1945", pp. 16–17
  35. Lacika, "Bratislava", p. 43. Kováč et al., "Bratislava 1939–1945, pp. 174–177
  36. Kováč et al., "Kronika Slovenska 2", p. 300
  37. „History - Capital city for second time“. City of Bratislava. 2005. Архивирано од изворникот на 2007-02-24. Посетено на 15 мај 2007.
  38. Autoatlas - Slovenská republika (Map) (6. изд.). Vojenský kartografický ústav a.s. 2006. ISBN 80-8042-378-4. Посетено на 2009-07-22.
  39. „Vysoké Tatry - Basic characteristics“. Statistical Office of the Slovak Republic. декември 31, 2005. Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 16 август 2007.
  40. „Basic Information - Position“. City of Bratislava. февруари 14, 2005. Архивирано од изворникот 2007-09-27. Посетено на 1 мај 2007.
  41. Lacika, "Bratislava", p. 10
  42. „Bratislava Weather“ (словачки). City of Bratislava. март 14, 2007. Архивирано од изворникот на 2007-10-29. Посетено на 1 ноември 2007.
  43. Thorpe, Nick (2002-08-16). „Defences hold fast in Bratislava“. BBC. Посетено на 2007-04-27.
  44. Handzo, Juraj (2007-01-24). Začne sa budovať protipovodňový systém mesta (Construction starts for city's flood protection)“ (словачки). Bratislavské Noviny. Посетено на 2007-04-28.
  45. „Pogodaiklimat.ru – Bratislava“. Pogodaiklimat.ru. Посетено на 20 March 2014.
  46. „Climate of Bratislava“. Climatemps. Посетено на 20 March 2013.
  47. „Urban Bratislava“. Statistical Office of the Slovak Republic. декември 31, 2005. Архивирано од изворникот на 2007-12-08. Посетено на 25 април 2007.
  48. „Population and Housing Census 2001“. Statistical Office of the Slovak Republic. 2001. Архивирано од изворникот на 2007-07-15. Посетено на 25 април 2007.
  49. „Permanently resident population by nationality and by regions and districts - archive link“. Архивирано од изворникот 2006-11-29. Посетено на 2006-11-29.
  50. 50,0 50,1 50,2 Peter Salner (2001). „Ethnic polarisation in an ethnically homogeneous town“ (PDF). Czech Sociological Review. 9 (2): 235–246. Архивирано (PDF) од изворникот 2008-02-27. Посетено на 2010-05-20.
  51. Iris Engemann (European University Viadrina, Frankfurt/Oder) The Slovakization of Bratislava 1918-1948. Processes of national appropriation in the interwar-period. CEU 07.03.2008 http://web.ceu.hu/urbanstudiesworkshop/documents/iris_engemann.pdf Архивирано на 3 март 2016 г.
  52. „NAME CHANGES OF THE STREET IN BRATISLAVA FROM POLITICAL REASONS AFTER THE CREATION OF THE FIRST CZECHOSLOVAK REPUBLIC, The disintegration of the Austria–Hungarian Monarchy (In Hungarian)“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-01-21. Посетено на 2012-01-21.
  53. Lacika, "Bratislava", p. 43
  54. „Germans and Hungarians in Pozsony“ (PDF). 2008. Посетено на 22 јуни 2008.
  55. „shp.hu“. 2008. Посетено на 22 јуни 2008.
  56. „Samospráva“ (словачки). City of Bratislava. 2007. Архивирано од изворникот на 2007-10-11. Посетено на 21 ноември 2007.
  57. „Historický vývoj samosprávy“ (словачки). City of Bratislava. 2005. Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 6 јуни 2007.
  58. „Primátor“ (словачки). City of Bratislava. 2005. Архивирано од изворникот на 2007-06-02. Посетено на 29 април 2007.
  59. „Mestská rada“ (словачки). City of Bratislava. Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 29 април 2007.
  60. „Mestské zastupiteľstvo“ (словачки). City of Bratislava. 2005. Архивирано од изворникот на 2007-09-30. Посетено на 29 април 2007.
  61. „Komisie mestského zastupiteľstva“ (словачки). City of Bratislava. 2005. Архивирано од изворникот на 2012-12-24. Посетено на 29 април 2007.
  62. „Magistrát“ (словачки). City of Bratislava. 2005. Архивирано од изворникот на 2012-05-26. Посетено на 29 април 2007.
  63. „Bratislava remains blue, Ďurkovský in charge“. The Slovak Spectator. декември 11, 2006. Архивирано од изворникот на 2007-10-12. Посетено на 19 јуни 2007.
  64. „Bratislava - Local Government System“. theparliament.com. 2007. Архивирано од изворникот на 2012-06-03. Посетено на 30 април 2007.
  65. „Petržalka City“. City of Bratislava. март 1, 2007. Посетено на 29 јануари 2008. Petržalka City will transform the largest and most densely populated housing estate in Central Europe from a monotone cement-panel housing scheme into a fully-fledged town with autonomous multipurpose centre.
  66. „Local Government“. City of Bratislava. 2005. Архивирано од изворникот на 2007-03-05. Посетено на 29 април 2007.
  67. Habšudová, Zuzana (2007-04-23). „City to cut tall buildings down to size“. The Slovak Spectator. Архивирано од изворникот на 2007-09-30. Посетено на 2006-03-13.
  68. „Michael's Gate“. Bratislava Culture and Information Centre. 2007. Посетено на 10 јуни 2007.
  69. „University Library in Bratislava - The Multifunctional Cultural Centre“ (PDF). University Library in Bratislava. 2005. стр. 34–36. Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-06-07. Посетено на 14 јуни 2007.
  70. Lacika, "Bratislava", p. 147
  71. 71,0 71,1 „St. Martin's Cathedral“. City of Bratislava. 2005. Архивирано од изворникот на 2007-07-31. Посетено на 8 јуни 2007.
  72. „Františkánsky kostol a kláštor“ (словачки). City of Bratislava. февруари 14, 2005. Архивирано од изворникот на 2007-05-29. Посетено на 10 јуни 2007.
  73. Lacika, "Bratislava", pp. 11–12
  74. Lacika, "Bratislava", p. 121
  75. Lacika, "Bratislava", p. 124
  76. Lacika, "Bratislava", p. 128
  77. Beáta Husová (2007). „Bratislava City Museum: Museums: Devín Castle - National Cultural Monument“. Bratislava City Museum. Архивирано од изворникот на 2007-06-23. Посетено на 21 јуни 2007.
  78. Lacika, "Bratislava", p. 191
  79. „Natural Environment“. City of Bratislava. 2007. Архивирано од изворникот на 2007-03-05. Посетено на 1 мај 2007.
  80. „Rusovce“. City of Bratislava. февруари 14, 2005. Архивирано од изворникот 2007-09-30. Посетено на 1 мај 2007.
  81. „Bratislava“. Encyclopædia Britannica. 2007. Архивирано од изворникот на 2007-12-08. Посетено на 30 април 2007.
  82. „Trasy liniek (routes)“ (словачки). Dopravný podnik Bratislava. 2007. Архивирано од изворникот на 2007-05-21. Посетено на 17 мај 2007.
  83. 83,0 83,1 „Turistická sezóna v Bratislave (Tourist season in Bratislava)“ (словачки). City of Bratislava. мај 23, 2007. Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 1 јуни 2007.
  84. „Genius Loci of Bratislava“. Slovak Tourist Board. 2007. Архивирано од изворникот на 2008-03-16. Посетено на 26 јули 2007.
  85. „Cultural Institutions“. Bratislava Culture and Information Centre. 2007. Посетено на 26 јули 2007.
  86. „Visit Bratislava - Culture“. City of Bratislava. Посетено на 1 мај 2007.
  87. „Slovak national museum - SNM office“. Slovak National Museum. 2007. Посетено на 7 октомври 2007.
  88. Beáta Husová (јануари 19, 2007). „Profile of the museum“. Bratislava City Museum. Архивирано од изворникот на 2007-09-20. Посетено на 4 мај 2007.
  89. „Bratislava City Gallery - about us - buildings“. Bratislava City Gallery. 2007. Посетено на 17 мај 2007.
  90. „Academia Istropolitana“. City of Bratislava. февруари 14, 2005. Архивирано од изворникот на 2008-05-07. Посетено на 5 јануари 2008.
  91. „Univerzita Komenského“ (PDF) (словачки). Ústav informácií a prognóz školstva. Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-02-27. Посетено на 2008-02-15.
  92. „Slovenská technická univerzita“ (PDF) (словачки). Ústav informácií a prognóz školstva. Архивирано (PDF) од изворникот 2008-02-27. Посетено на 2008-02-15.
  93. „Bratislava, Slovakia: Vysoka Skola Manazmentu (VSM)“. City University of Seattle. 2005. Архивирано од изворникот на 2008-02-12. Посетено на 1 јуни 2007.
  94. „Visit Bratislava - Facts and Figures“ (PDF). City of Bratislava. 2007. Посетено на 30 април 2007.
  95. 95,0 95,1 „Prehľad základných škôl v školskom roku 2006/2007“ (PDF) (словачки). Ústav informácií a prognóz školstva. 2006. Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-02-27. Посетено на 2008-02-15.
  96. „Prehľad gymnázií v školskom roku 2006/2007“ (PDF) (словачки). Ústav informácií a prognóz školstva. Архивирано (PDF) од изворникот 2008-02-27. Посетено на 2008-02-15.
  97. „Prehľad stredných odborných škôl v školskom roku 2006/2007“ (PDF) (словачки). Ústav informácií a prognóz školstva. Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-02-27. Посетено на 2008-02-15.
  98. „Prehľad združených stredných škôl v školskom roku 2006/2007“ (PDF) (словачки). Ústav informácií a prognóz školstva. Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-02-27. Посетено на 2008-02-14.
  99. „Prehľad stredných odborných učilíšť a učilíšť v školskom roku 2006/2007“ (PDF) (словачки). Ústav informácií a prognóz školstva. Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-02-27. Посетено на 2008-02-15.
  100. Bratislava City - Twin Towns. © 2003-2008 Bratislava-City.sk. Посетено на 2008-10-26.
  101. „Yerevan Municipality - Sister Cities“. © 2005-2009 www.yerevan.am. Архивирано од изворникот на 2011-10-02. Посетено на 2009-06-22. Надворешна врска во |publisher= (help)
  102. „Prague Partner Cities“ (чешки). © 2009 Magistrát hl. m. Prahy. Посетено на 2009-07-02. Надворешна врска во |publisher= (help)
  103. „Twinning Cities“. City of Thessaloniki. Архивирано од изворникот на 2009-03-31. Посетено на 2009-07-07.
  104. „Kraków otwarty na świat“. www.krakow.pl. Посетено на 2009-07-19.

Користена литература

уреди
  • Horváth, V., Lehotská, D., Pleva, J.; и др. (1979). Dejiny Bratislavy (History of Bratislava) (словачки) (2. изд.). Bratislava, Slovakia.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  • Janota, Igor (2006). Bratislavské rarity (Rarities of Bratislava) (словачки) (1. изд.). Bratislava, Slovakia: Vydavateľstvo PT. ISBN 80-89218-19-9.
  • Kováč, Dušan (2006). Bratislava 1939–1945 – Mier a vojna v meste (Bratislava 1939–1945 – Peace and war in the town) (словачки) (1. изд.). Bratislava, Slovakia: Vydavateľstvo PT. ISBN 80-89218-29-6.
  • Kováč, Dušan; и др. (1998). Kronika Slovenska 1 (Chronicle of Slovakia 1). Chronicle of Slovakia (словачки) (1. изд.). Bratislava, Slovakia: Fortuna Print. ISBN 80-7153-174-X.
  • Kováč, Dušan; и др. (1999). Kronika Slovenska 2 (Chronicle of Slovakia 2). Chronicle of Slovakia (словачки) (1. изд.). Bratislava, Slovakia: Fortuna Print. ISBN 80-88980-08-9.
  • Lacika, Ján (2000). Bratislava. Visiting Slovakia (1. изд.). Bratislava, Slovakia: DAJAMA. ISBN 80-88975-16-6.
  • Špiesz, Anton (2001). Bratislava v stredoveku (Bratislava in the Middle Ages) (словачки) (1. изд.). Bratislava, Slovakia: Perfekt. ISBN 80-8046-145-7.
  • Varga, Erzsébet (1995). Pozsony (унгарски) (1. изд.). Pozsony: Madách-Posonium. ISBN 80-7089-245-5.
  • Jankovics, Marcell (2000). Húsz esztendő Pozsonyban (Twenty years in Bratislava) (унгарски) (2. изд.). Pozsony: Méry Ratio. ISBN 80-88837-34-0.

Надворешни врски

уреди
  Статијата „Братислава“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).