Пешта

поранешен град во Унгарија, денес дел од Будимпешта
Оваа статија е за поранешниот самостоен град, денеска дел од Будимпешта. За округот видете Пешта (округ).

Пешта (унгарски: Pest) претставува поранешен самостоен град во Унгарија кој во 1873 година заедно со Будим се обединиле во еден град - денешната престолнина на модерната унгарска држава Будимпешта. Пешта се наоѓала источно од Будим, на левиот брег на реката Дунав која ги разделувала двата града. Површински Пешта зафаќа две третини од целата површина на Будимпешта. Мостовите кои денеска ги спојуваат Будим и Пешта се едни од најубавите европски мостови.

Поглед на брегот на Пешта.

Пешта со векови била политички и културен центар на Унгарија. Исто така Пешта низ историјата долго време била главен град на Унгарија.

На територијата на Пешта се наоѓаат: унгарскиот парламент, Плоштадот на хероите како и булеварот Андраси.

Поврзано

уреди

Дополнителна литература

уреди
  • Gustáv, Beksics: Magyarosodás és magyarositás. Különös tekintettel városainkra. Budapest, 1883
  • A Pallas nagy lexikon. [1]

Надворешни врски

уреди

47°30′19.67″N 19°05′31.02″E / 47.5054639° СГШ; 19.0919500° ИГД / 47.5054639; 19.0919500