Лука Иванушец

Лука Иванушец (хрватски: Luka Ivanušec); (роден на 26 ноември 1998 во Вараждин) — хрватски фудбалер, играч од средниот ред на Динамо Загреб и на хрватската репрезентација.

Лука Иванушец
Luka Ivanušec 2021.jpg
Лични податоци
Полно име Лука Иванушец
Роден на 26 ноември 1998 (1998-11-26) (23 г.)
Роден во Вараждин, Хрватска
Држава Хрватска Хрватска
Висина &100000000000000017500001,75 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Динамо Загреб Динамо Загреб
Број 7
Младинска кариера
Flag of None.svg Нови Мароф
Вараждин Вараждин
Локомотива Локомотива
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2015-2019 Локомотива Локомотива 78 (9)
2019- Динамо Загреб Динамо Загреб 78 (14)
Репрезентација
2015 Хрватска Хрватска 17 5 (1)
2015 Хрватска Хрватска 18 6 (1)
2016-2017 Хрватска Хрватска 19 13 (2)
2017-2019 Хрватска Хрватска 21 28 (10)
2017- Хрватска Хрватска 10 (1)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 10 јули 2016.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 10 јули 2016

Клупска кариераУреди

Својата кариера ја започнал во екипата од својот роден град, НК Вараждин, каде останал до 2015 година, кога на возраст од 17 години се преселил во Локомотива Загреб. Иако првично бил дел од младинскиот тим, на 20 декември 2015 година тој дебитирал за првиот тим на Локомотива, во победата со 3-0 над Славен Белупо. Својот прв гол за загрепската екипа го постигнал на 3 декември 2016 година против Цибалија. Вкупно за Локомотива одиграл 78 натпревари и постигнал 9 гола.

На 19 август 2019 година, Иванушец потпишал петгодишен договор со Динамо Загреб.[1] За модрите дебитирал на 31 август 2019 година, во дербито против Хајдук на Пољуд, кое неговата екипа го загубила со 1-0. Својот прв погодок за Динамо го постигнал во натпревар против Риека.[2] Во сезоната 2019-2020, со клубот го освоил хрватското првенство - првиот трофеј во неговата кариера.

Репрезентативна кариераУреди

За хрватската сениорска репрезентација дебитирал на 11 јануари 2017 година против Чиле на Чајна купот, на кој Хрватска настапила со речиси целосен состав од домашната лига. Својот прв погодок за репрезентацијата го постигнал на истото натпреварување во поразот од Кина во натпреварот за третото место.[3]

Во летото 2021 година, Иванушец се нашол на списокот со играчи за Европското првенство 2020 кој го објавил хрватскиот селектор Златко Далиќ.[4] На првенството забележал два настапи во групната фаза и играл во осминафиналето против Шпанија, после кое неговата репрезентација била елиминирана.

ТитулиУреди

  Динамо ЗагребУреди

2019-2020, 2020-2021, 2021-2022
2020-2021
2019

НаводиУреди

  1. IVANUŠEC POTPISAO ZA DINAMO!, gnkdinamo.hr, 19. kolovoza 2019., pristupljeno 2. kolovoza 2020.
  2. VIDEO: BRUTALNI DINAMO! MODRI U POLA SATA RAZBILI RIJEKU, ZABILI ČETIRI KOMADA, DVAPUT UZDRMALI I PREČKU! U NASTAVKU ORŠIĆ STIGAO DO HAT TRICKA..., https://sportske.jutarnji.hr, 10. studenog 2019., pristupljeno 2. kolovoza 2020.
  3. Ponovo kobni penali! Hrvatskoj posljednje mjesto na Kina kupu, 24sata.hr, 14. siječnja 2017., pristupljeno 2. kolovoza 2020.
  4. Izbornik Dalić potvrdio popis putnika za EURO 2020, hns-cff.hr, 1. lipnja 2021., pristupljeno 7. srpnja 2021.