Сунѓерот Боб Панталоновски

(Пренасочено од Сунѓерот Боб)

Сунѓерот Боб Панталоновски (англиски: SpongeBob SquarePants) — американска цртана серија и медиумска франшиза, емитувана низ целиот свет. Серијата ја има осмислено морскиот биолог и аниматор Стивен Хиленберг и настаната е во неговата продуцентска куќа “Јунајтед планктон пикчерс”. Серијата е сместена во Тихиот Океан, во измислениот град Бикини Дно, опкружено со лагуни. Сунѓерот Боб е пријателски и оптимистички морски сунѓер, кој е веројатно станарот што најмногу фантазира. Живее во ананас на дното на морето со своето куќно милениче, морскиот полжав Гери. Работи во Крастав Рака, морскиот ресторан. Неговата специјалност се плескавиците, чиј таен рецепт вешто го крие од својот најголем непријател, Планктон. Најдобар пријател на Сунѓерот Боб е Патрик. Тие двајца се неразделни другари, полни со интересни идеи.

Ликови уреди

  • Сунѓерот Боб Панталоновски (англ. SpongeBob SquarePants)
  • Патрик Ѕвездата (англ. Patrick Star)
  • Сенди (англ. Sandy Cheeks)
  • Лигња Пипалоски (англ. Squidward Tentacles)
  • Господинe Раковски (англ. Mr. Krabs)
  • Планктон (англ. Sheldon Plankton)
  • Карен Планктон (англ. Karen)
  • Господиѓа Паф (англ. Mrs. Penelope Puff)
  • Бисера Раковска (англ. Pearl)