Андреј Жерновски

Политичар од Македонија

Андреј Жерновски (роден на 26 ноември 1968 во Скопје) — македонски политичар и градоначалник на Општина Центар во периодот од 2013 до 2017 година.[1] Тој исто така ја извршувал и претседателската функција во неговата поранешна партија ЛДП, а пред тоа бил нејзин потпретседател.[2] Во септември 2017 преминал во СДСМ.[3]

Андреј Жерновски
Градоначалник на Општина Центар
На должноста
2013–2017
Претходник Владимир Тодоровиќ
Наследник Саша Богдановиќ
Лични податоци
Роден(а) 26 ноември 1968(1968-11-26)(55 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонец
Партија ЛДП
СДСМ (2017-денес)
Сопружник Олгица Жерновска
Установа Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Професија Градежен инженер, политичар
Вероисповед Православен

Првото негово политичко искуство било како советник во Советот на Град Скопје (1996-2000). Следните две години бил советник на тогашниот градоначалник на Град Скопје, Ристо Пенов. Жерновски потоа бил пратеник во Собранието на Република Македонија во три мандати (2002-2006, 2006-2008, 2008-2011). По професија е дипломиран градежен инженер, а живее во Скопје. Оженет е и е татко на две деца.

Беше кандидат за градоначалник од опозицискиот „Сојуз за иднината“ на локалните избори 2013, каде бил прогласен за победник во Центар по четири изборни круга.[4] За противкандидат го имал Владимир Тодоровиќ, кој се тркал за втор градоначалнички мандат, а по прегласувањето Жерновски остварил победа со околу 3 илјади гласови разлика. Неговите симпатизери победата ја прославуваат со игра и со песна носејќи го на рамена до бараките на општината истата вечер.[5][6]

По преземањето на новата функција, Жерновски најавил ревизија на проектот „Скопје 2014“ со цел да се истражат финансиските детаљи и склучени договори на општината.[7]

Неговиот избор за градоначалник, по неколку повторувања на гласањето, не беше дочекан само како обична победа на градоначалник на локални избори. Не направи ревизија на проектот „Скопје 2014.“ Според неделникот Фокус до крајот на градоначалничкиот мандат тој станува близок со тогашната власт.[8]

Пред крајот на неговиот мандат како градоначалник партиите од коалицијата која го поддржуваше му замерува дека „нему поважно му е да реализира проекти, отколку да произведува политики.“[9]

Пред крајот на 2017 тој преминува во СДСМ[10] во надеж дека од оваа партија ќе биде кандидиран за градоначалник.[11] Истовремено Либерално-демократската партија го исклучува од нејзините редови.[11] Како член на СДСМ тој веднаш станува член и на Централниот одбор на партијата.[8][11] Оваа одлука предизвикува негативни реакции кај некои членови на СДСМ.[12] При правата реконструкција на Владата на Заев тој станува заменик министер за надворешни работи.[13]

Занимливости

уреди

Во текот на локалните избори во 2013 година кога неколкупати се прегласуваше во општина Центар некогашниот портал Кирилица (kirilica.com.mk) објави дезинформации во кој тврдеше дека Жерновски прегазил човек.[14]

Наводи

уреди
  1. „Андреј Жерновски го освои Центар“. МКД.mk. 23 април 2013. Архивирано од изворникот на 2013-04-11. Посетено на 2013-04-23.
  2. „Андреј Жерновски“. Мојот Избор.мк. Архивирано од изворникот на 2013-05-12. Посетено на 2013-04-23.
  3. ЛДП ќе настапи заедно со СДСМ на локалните избори, Макфакс, 14 септември 2017
  4. „Жерновски победи во Центар, ВМРО-ДПМНЕ го призна поразот“. Радио Слободна Европа. 23 април 2013. Посетено на 2013-04-23.
  5. „Сојузот за иднината прослави со зурли и тапани“. А1он. 2013-04-22. Посетено на 2018-10-25.[мртва врска]
  6. „ДИК: Жерновски победник во Центар“. НОВА. 2013-04-08. Архивирано од изворникот на 2013-04-11. Посетено на 2013-04-23.
  7. „Жерновски објавува почеток на ревизијата на „Скопје 2014". НОВА. 2013-05-18. Архивирано од изворникот на 2016-03-06. Посетено на 21 мај 2013.
  8. 8,0 8,1 „„АРХИВА Како Жерновски потроши над милион евра за хортикултурно уредување преку тендери со еден понудувач?". Фокус. 2018-05-24. Посетено на 25 октомври 2018.
  9. „„Што го поврзува Жерновски со Црвенковски и Мијалков?". Фокус. 2018-06-22. Посетено на 25 октомври 2018.
  10. „„Жерновски исклучен од ЛДП". NOVATV. 2017-09-14. Архивирано од изворникот на 2022-08-18. Посетено на 25 октомври 2018.
  11. 11,0 11,1 11,2 „„Жерновски и Саздовски влегуваат во органите на СДСМ". Фокус. 2018-03-25. Посетено на 25 октомври 2018.
  12. 12,0 12,1 „„Очајнички потег на Заев: Членови и аналитичари вака го коментираат внесувањето на Саздовски и Жерновски во раководството на СДСМ". Курир.мк. 2018-03-26. Архивирано од изворникот на 2018-06-18. Посетено на 25 октомври 2018.
  13. „„Денеска ќе се бираат новите министри: Ова се предлозите на Заев ". Курир.мк. 1 јуни 2018. Посетено на 25 октомври 2018.[мртва врска]
  14. 14,0 14,1 Ексклузивно: Жерновски прегазил полицаец. https://a1on.mk/archives/131158[мртва врска]

Надворешни врски

уреди