Артур Вишо

француски велосипедист

Артур Вишо (француски: Arthur Vichot; р. 26 ноември 1988 во Коломбје-Фонтен) — француски професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Б&Б Хотелс п/б КТМ.

Артур Вишо
Артур Вишо (2015)
Лични податоци
Цело имеАртур Вишо
Роден26 ноември 1988(1988-11-26)(36 г.)
Коломбје Фонтен,  Франција
Висина1,83 м
Маса70 кг
Податоци за клубот
Мом. клубБ&Б Хотелс п/б КТМ
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Аматерски клубови
2008–2009 ЦР4Ц Роан
Професионални клубови
2010–2018
2019-
Франсес де же
Витал Консепт-Б&Б Хотелс
Значајни победи
Еднодневни трки и класици
Национален друмски првак (2013, 2016)
Последна промена
21 јануари 2019

Тој е внук на Фредерик Вишо, кој освоил етапи на Тур де Франс во 1984 и 1985.

Професионална кариера

уреди

Постои традиција на Тур Даун Андер обожавателите да изберат еден непознат возач и да му обрнуваат внимание како на светска ѕвезда, со пратење по хотели и испишувајќи го неговото име на патот. Возачот мора да биде странец од земјите надвор од англиското говорно подрачје, кој најверојатно нема да добие старт на некоја голема трка и едноставно ова за него ќе претставува вистински почеток на кариерата. Во 2010, на неговата прва професионална трка, бил избран Артур Вишо.

 
Вишо во текот на хронометарот на Тур де Романди 2010.

Ја започнал сезоната 2011 со освојување на петтото место на Гран при д’Увертур ла Марселеза. Следниот месец заминал на победа во Букл ду Суд Ардеш и бил избран да вози на Париз-Ница.[1] Го следела лоша среќа на трката и доживеал силен пад, спречувајќи го од настап на арденските класици. Бил избран да вози за екипата на Тур де Франс 2011.[2] Ја завршил трката како 104. откако ја одиграл улогата како помошник. Во септември постигнал соло победа близу неговиот дом на Тур ду Дуа.[3] Исто така завршил во првите десет на Гранд при Монтреал, завршувајќи како осми.[4]

Во 2012, Вишо ја остварил најголемата победа во неговата кариера на петтата етапа на Критериум ду Дофине, планинска етапа која ги водела возачите низ Кол де ла Коломбјер. Бил дел од бегството кое се создало на почетокот на трката и опстојало до крајот. На 6 километри пред крајот, Вишо се оддалечил од останатите во водечката група, заработувајќи ја својата прва победа.[5]

Во 2013 и во 2016, Вишо го освоил националното друмско првенство, а со тоа го добил правото да ја носи трибојната маичка на Тур де Франс.

Достигнувања

уреди
2010
1. Етапа 2 Париз-Корез
2011
1. Ле Букл ди Сид Ардеш
1. Тур ду Ду
8. Гран при Монтреал
2012
1. Етапа 5 Критериум ду Дофине
2. Ле Букл ди Сид Ардеш
3. Гран при д’Увертир ла Марселеза
2013
1.   Национално друмско првенство
1.   Краен пласман Тур ду Хаут Вар
1.   Бодовен пласман
1.   Пласман за млад возач
2. Гран при Квебек
4. Гран при де Плимелек-Морбијан
9. Краен пласман Етоал де Бесеже
10. Средоземна трка
2014
3. Краен пласман Париз-Ница
1. Етапа 8
3. ГП Западна Франција
5. Краен пласман Етоал де Бесеже
5. Гран при д’Увертир ла Марселеза
2015
7. Гран при де Валони
8. Вуелта а Мурсија
8. Краен пласман Сиркут Сиклист Сарт
2016
1.   Национално друмско првенство
1.   Краен пласман Тур ди От Вар
1. Етапа 2
3. Класик Ла Дром
5. Краен пласман Етоал де Бесеже
7. Гран при д’Увертир ла Марсејез
7. Трофео Лаигвелја
  Награда за борбеност на етапа 11 на Тур де Франс
2017
1.   Краен пласман Тур ди От Вар
1.   Бодовен пласман
1. Гран при д’Увертир ла Марсејез
2. Класик Ла Дром
4. Гран при де Плимелек-Морбијан
6. Класик Сид-Ардеш
7. Трофео Лаигвелја
2018
1.   Краен пласман Тур де л’Ен
1. Етапа 3
2. Букл де л’Олн
4. Гран при де Плимелек-Морбијан
5. Класик Ла Дром
7. ГП Квебек
10. Краен пласман Тур де Свис

Распоред на резултатите на големите трки

уреди
Голема трка 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
  Џиро
  Тур 103 94 66 СО 78 СО 41
  Вуелта СО

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

уреди
  1. „Vichot : « La physionomie parfaite pour moi »“. velochrono.fr (француски). Архивирано од изворникот на 2012-07-22. Посетено на 28 април 2011.
  2. „La FDJ sans Pierrick Fédrigo“. cyclismactu.net (француски). Посетено на 26 јуни 2011.
  3. „Vichot à domicile“. lequipe.fr (француски). Посетено на 4 септември 2011.[мртва врска]
  4. Фратини, Кирстен (11 септември 2011). „Кошта победа на ГП Монтреал“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 11 септември 2011.
  5. „Вигинс ја задржа жолтата маичка на Дофине додека Вишо дојде до победа на етапата пет“. MailOnline. Associated Newspapers Ltd. 8 јуни 2012. Посетено на 22 октомври 2012.

Надворешни врски

уреди