Хандан Султан (околу 157426 ноември 1605[3]) била мајка на османлискиот султан Ахмед I и Валиде султан во периодот од 21 декември 1603 до 26 ноември 1605 година. Таа е родена под името Елена[1][2] и имала грчко потекло[1][2].

Хандан султан
Роден(а)Елена[1]
1574
Починал(а)26 ноември 1605
Цариград
НародностГрци[1][2]
Познат(а) поВалиде султан
Вераправославие, подоцна Ислам
СопружникМехмед III
ДецаАхмед I

Таа имала големо влијание во решението на Ахмед да не му го одземе животот на својот брат Мустафа I. Со тоа бил укинат и законот за задолжително убивање на браќата на султаните, кој бил воведен од Мехмед II. За разлика од нејзините претходнички, Хандан султан немала големо влијание кај својот син и Ахмед I ги игнорирал нејзините совети[4]. Според ова, таа не успеала и да добие големи финансиски средства. Нејзината плата била само 1.000 акче, додка пак Сафије султан имала 3,000 плата и тоа во текот на истиот период.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Ali Kemal Meram, Padişah Anaları, Öz Yayınları, 1977, p. 244. (турски)
  2. 2,0 2,1 2,2 Günseli İnal, Filiz Özdem, Mary Işın, Semiramis Arşivi, Semiramis: Sultan'ın Gözünden Şenlik, Yapı Kredi Yayınları, 2005, p. 27. (турски)
  3. E.J. Brill's First Encyclopaedia of Islam, 1913–1936, Martijn Theodoor Houtsma, 1987 [се бара страница]
  4. Imperial Harem : Women and Sovereignty in the Ottoman Empire 1993, Oxford University Press, ISBN 0-19-508677-5 [се бара страница]