Давид Вејо

велосипедист

Давид Вејо (француски: David Veilleux; р. 26 ноември 1987) — поранешен канадски професионален друмски велосипедист, кој настапувал како професионалец од 2011 до 2013.[1] Најголеми достигнувања му се победите на италијанскиот полукласик Тре Вали Варезине во 2012[2] и освојувањето на првата етапа на Критериум ду Дофине 2013.[3]

Давид Вејо
Лични податоци
Цело имеДавид Вејо
Роден26 ноември 1987(1987-11-26)(37 г.)
Кап-Руж, Квебек, Канада
Висина1,80 м
Маса70 кг
Податоци за клубот
Мом. клубТим ТоталЕнержи
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за хронометри
Аматерски клубови
2007
2008–2010
Д Џитери Џос Про Сајклинг Тим
Кели Бенефит Стратеџис–Медифаст
Професионални клубови
2011–2013 Тим Јуропкар
Значајни победи
Тре Вали Варезине (2012)
1 етапа, Критериум ду Дофине (2013)
Последна промена
18 јануари 2014

Професионална кариера

уреди

Во 2011 година ја освоил првата победа со знакот на Јуропкар[4], трката Ла Руе Туранжел. Се одвоил во последните 30 километри со Антони Делаплас од екипата Сор-Сожасен. Двоецот соработувал заедно и издржал пред нападите на групата, а Вејо на крајот го победил Делаплас во спринтот, додека групата стигнала само пет секунди подоцна.[5]

Во пролетта 2012 година, Вејо бил дел од долгото бегство на монументот Париз-Рубе, кое било составено од дузина возачи. Се одвоиле на 70. километар, а биле достигнати по 110 километри.[6] Пред Тур де Франс било објавено дека Вејо бил помеѓу кандидатите за екипата на трката, но на крајот не бил избран.[7][8]

Во август 2012 година, Вејо настапил на Ми-Аут Бретон. Ја освоил воведната етапа, откако ги напуштил останатите членови на бегството и ги возел последните 15 километри потполно сам. Тој и неговата екипа успешно ја одбраниле водечката маичка на преостанатите три етапи и го освоил генералниот пласман со 57 секунди разлика пред второпласираниот.[9] Истиот месец, Вејо направил голем чекор во неговата кариера со победата на Тре Вали Варезине, италијански полукласик. Вејо бил дел од бегството и се одвоил на 17 километри пред целта, победувајќи сам.[2]

Во 2013 година, Вејо ја освоил првата етапа на Критериум ду Дофине откако бил во бегството, кое се распаднало во текот на етапата.[3] Ја носел водечката маичка до хронометарот на четвртата етапа. Кратко по Дофине, Вејо бил потврден од Тим Јуропкар како учесник на Тур де Франс, со тоа станувајќи првиот возач во историјата роден во Квебек, кој учествувал на трката.[10] Во меѓувреме, Вејо го освоил генералниот пласман на трката Букл де ла Мајен.[11] На 11 септември 2013 година го објавил своето повлекување од професионалниот велосипедизам, тврдејќи дека сака да ги продолжи своите машински студии на Универзитетот Лавал и да основа семејство.[1][12]

Достигнувања

уреди
2005
1. Краен пласман Тур де л’Абитиби
2006
1.   Национално друмско првенство под 23 години
1.   Национално хронометарско првенство под 23 години
2007
1.   Национално хронометарско првенство под 23 години
2008
1.   Национално друмско првенство под 23 години
1.   Национално хронометарско првенство под 23 години
1. Краен пласман Трка околу Пенсилванија
1. Етапа 4
1. Етапа 5
1. Краен пласман трка Елк Гроув
1. Етапа 5 Гран при Нејчр Вали
2009
1.   Национално хронометарско првенство под 23 години
1. Бодовен пласман Трка околу Јута
6. Дуо Норманд (со Рајан Андерсон)
10. Светско хронометарско првенство под 23 години
2010
1.   Национално критериум првенство
1. Краен пласман Класик Фичбург Лонгсјо
2. Краен пласман Трка Елк Гроув
3. Гран при Нејчр Вали
2011
1. Ла Руе Туранжел
2012
1. Краен пласман Ми-Аут Бретон
1. Етапа 1
1. Тре Вали Варезине
1. Пролог Тур д’Алзас (ТТТ)
2013
1. Краен пласман Букл де ла Мајен
1. Етапа 1 Критериум ду Дофине

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Рајан, Бери (11 септември 2013). „Давид Вејо го објави своето повлекување“. Cyclingnews.com (англиски). Future plc. Посетено на 11 септември 2013.
  2. 2,0 2,1 Бен Аткинс (18 август 2012). „David Veilleux outruns the break to take Tre Valli Varesine“. Velo Nation (англиски). Velo Nation LLC. Посетено на 31 октомври 2012.
  3. 3,0 3,1 Аткинс, Бен (2 јуни 2013). „Давид Вејо победи на кратката воведна етапа“. VeloNation (англиски). VeloNation LLC. Посетено на 17 јуни 2013.
  4. Денет, Стивен (8 јануари 2012). „Teams 2012: Europcar“. Velochrono.fr (француски). Velochrono. Архивирано од изворникот на 2012-09-15. Посетено на 12 јануари 2012.
  5. Баптист Бутие (20 март 2011). „La Roue Tourangelle : Première pour Veilleux“. VéloChrono (француски). Посетено на 13 август 2012.[мртва врска]
  6. „PARIS-ROUBAIX: 4E TITRE POUR BOONEN“. rds.ca (француски). 8 април 2012. Посетено на 15 август 2012.
  7. „Veilleux est ignoré par Europcar“. RDS (француски). BellMedia. 25 јуни 2012. Посетено на 31 октомври 2012.
  8. Оливие Босе (25 јуни 2012). „David Veilleux ne sera pas du Tour de France“. LeSoleil (француски). La Presse, ltée. Посетено на 31 октомври 2012.
  9. „Mi-Août en Bretagne – Et. 4 : Classements“. directvelo.com (француски). Directvelo. 13 август 2012. Посетено на 13 август 2012.
  10. „Канаѓанецот Давид Вејо ќе стане првиот велосипедист роден во Квебек на Тур де Франс“. The Globe and Mail (англиски). 11 јуни 2013. Посетено на 17 јуни 2013.
  11. „David Veilleux remporte les Boucles de la Mayenne“. La Presse (француски). La Presse, ltée. 16 јуни 2013. Посетено на 17 јуни 2013.
  12. „Канадскиот велосипедист Давид Вејо најави повлекување“. The Globe and Mail (англиски). Phillip Crawley; The Globe and Mail Inc. The Canadian Press. 11 септември 2013. Посетено на 11 септември 2013.

Надворешни врски

уреди