Ферена „Френи“ Шнајдер (родена на 26 ноември 1964 година) е поранешна скијачка од Швајцарија. Таа е најуспешна алпска скијачка во нејзината земја, и четвртата најуспешна скијачка во светот (по Линдзи Вон, Анемари Мозер-Прел и Микаела Шифрин) и билаизбрана за „швајцарска спортистка на векот“.

Приватен живот

уреди

Шнајдер е родена во Елм (Швајцарија), како ќерка на чевлар. Нејзината мајка умрела од рак кога Шнајдер била тинејџерка: затоа ја ставила својата скијачка кариера во мирување и го напуштила училиштето за да се грижи за семејството.

Скијачка кариера

уреди

Шнајдер дебитирала во Светскиот куп на 20-годишна возраст. Таа трипати го освоила Свeтски куп во алпско скијање во генерален пласман и единаесет пати победувала во Светскиот куп во слалом и велеслалом. Исто така, освоила пет медали на Зимските олимписки игри: 3 злата (слалом и велеслалом во Калгари во 1988 година и слалом во Лилехамер во 1994 година), и 6 медали на Светските првенства, вклучувајќи уште 3 злата (велеслалом во Кран-Монтана во 1987 година и Вејл во 1989 година; Слалом во Залбах во 1991 година).[1]

За време на сезоната 1988-1989 победила на 14 трки од Светскиот куп, рекорд за победи во една сезона кој го држела сè додека Шифрин не го соборила во сезоната 2018-19.

Во април 1995 година, по единаесет успешни сезони, објавила дека се повлекува од професионално скијање. Денес, Шнајдер има своја школа за скијање во нејзиното родно село Елм, како и продавница за спортска опрема во Гларус.

Наводи

уреди
  1. Evans, Hilary; Gjerde, Arild; Heijmans, Jeroen; Mallon, Bill; и др. „Vreni Schneider“. Olympics at Sports-Reference.com. Sports Reference LLC. Архивирано од изворникот на 2020-04-17. Посетено на 2022-04-22.

Надворешни врски

уреди