Ашот Наданјан
Ашот Наданјан (ерменски:Աշոտ Նադանյան; руски:Ашот Наданян) (роден на 19 септември 1972 во Баку, Азербејџанска ССР, Советски Сојуз) е ерменски шаховски меѓународен мајстор, теоретичар и шаховски тренер. Во 1998 станал заслужен тренер на Ерменија, а во 2007 официјален ФИДЕ тренер.[1] Познат е и по неговиот придонес во развојот на шаховската теорија. Во 1996, Наданјан вовел нова варијанта во Гринфелдовата одбрана, која по него е наречена Наданјанова варијанта.[2]
Ашот Наданјан | |
---|---|
Целосно име | Ашот Сергеевич Наданјан |
Земја | Ерменија |
Роден | 19 септември 1972 Баку, Азербејџанска ССР, СССР |
Титула | меѓународен мајстор |
Ранг | 2436 (според ФИДЕ рејтинг листата во јули 2011) |
Најв. ранг | 2475 (според ФИДЕ рејтинг листата во јули 1997) |
Шаховска кариера
уредиНаданјан се натпреварувал на младинските шаховски првенства на Советскиот Сојуз во 1987,[3] 1988[4] и 1989[5] и на шаховските првенства на Ерменија во 1997, 1998 и 1999.[6] Тој исто така учествувал и на шаховската Олимпијада во 1996 во Ереван.[7] Во 1998, Наданјан настапил на меѓузонскиот турнир во Панормо, на кој завршил на делба од 7.-11. место, во конкуренција на 72 шахисти.[8] Првопласираните 4 шахисти од овој турнир, учествувале на светското првенство во 1999, кое се одржа во Лас Вегас. Во 2000, учествувал на првото европско првенство во шах во Свети Винсент[9]
Други значајни резултати:
- Ченстохова-опен, (Полска, 1992) — 1.-2. место;
- Тбилиси, (Грузија, 1996)[10] — 1-е место;
- Пасанаури-опен, (Грузија, 1997) — 1.-2. место;
- Њујорк-опен, (САД, 1998)[11] („Б“) — 4.-7. место;
- Аерофлот-опен (Москва, 2002)[12] („А“) — 35. место место од 132 натпреварувачи, од кои повеќе од 80 велемајстори;
- Меморијал Голдберг (Москва, 2004)[13] — 2.-3. место;
- Куала-Лумпур-опен, (Малезија, 2006)[14] — 6.-10. место;
- Куп АСЕАН (Таракан, Индонезија, 2008)[15] — 2.-3. место;
- Куала Лумпур-опен, (Малезија, 2008)[16] — 3.-7. место;
- Сеул-опен, (Јужна Кореја, 2008)[17] — 6.-10. место.
Рејтинг и стил на игра
уредиСпоред шахометриските методи, својот највисок ранг Наданјан го имал со игрите во октомври 2003, игра еквиваентна на рејтинг од 2568 бода, со што би бил на 216. место во светот. Сепак, својот врвен ранг Ашот го постигна во јули 1997, кога имаше рејтинг според ФИДЕ од 2475 бода. Својот најдобар резултат го постигнал на турнирот Аерофлот во 2002, на кој тој освои 5 од можните 9 бода (56% успешност), против противници со просечен рејтинг од 2628, остварувајќи проценет рејтиг од 2636 бода.[18]
Во јули 2009, според рејтинг списокот на ФИДЕ, Ашот Наданјан има рејтинг од 2441 бод. Тој има две велемасторски норми.
Наданјан има живописен и авантуристички стил на игра. Тој сака свежина во позициите, невообичаени линии и чудни маневри во остварувањето на своите цели.
Шаховски теоретичар
уредиa | b | c | d | e | f | g | h | ||
8 | 8 | ||||||||
7 | 7 | ||||||||
6 | 6 | ||||||||
5 | 5 | ||||||||
4 | 4 | ||||||||
3 | 3 | ||||||||
2 | 2 | ||||||||
1 | 1 | ||||||||
a | b | c | d | e | f | g | h |
Наданјан е познат по неговите придонеси во теориата на отворањата. Има две варијанти кои се наречени о него: Наданјанова варијанта во Гринфелдова одбрана (1.d4 Sf6 2.c4 g6 3.Sc3 d5 4.cxd5 Sxd5 5.Sa4)[20][21] и Наданјановиот напад во Отворање со дамски пешак (1.d4 Sf6 2.Sf3 h6 3.c4 g5).[22][23]
Постојат и други негови новинки, кои се вопведени во отворањата со дамски пешак. Некои од нив настануваат со потезите:
- 1.d4 d5 2.c4 e6 3.Sc3 Le7 4.Sf3 Sf6 5.Lf4 0–0 6.e3 c5 7.dxc5 Lxc5 8.Dc2 Sc6 9.a3 Da5 10.Ta2;[24]
- 1.d4 Sf6 2.c4 e6 3.Sf3 b6 4.g3 La6 5.b3 Lb4+ 6.Ld2 Le7 7.Lg2 c6 8.Lc3 d5 9.Se5 Sfd7 10.Sd3.
Шаховски тренер
уредиНаданјан дипломирал на Државниот институт по физичка култура во Ереван во 1994. Оттогаш, тој започнал да работи како тренер. Во 1998, тој станал најмладиот заслужен тренер на Ерменија, на само 26 години. Меѓу неговите студенти, најпознати се велемајсторите Саргисјан, Акобјан[25] и ред други меѓународни мајстори.
Од декември 1999 до август 2001, Ашот работел во Кувајт како национален тренер на оваа земја.[26] Од март 2005, тој е национален тренер на машката шаховска репрезентација на Сингапур.[27]
Антологиски шаховски партии
уреди- Ашот Наданјан-Габриел Саргисјан, првенство на Еменија 1999, Англиско отворање, Симетрчина варијанта (A30), 1-0
- Ашот Наданјан-Звиад Изорија, Аерофлот-опен, Кралско-индиски напад (A07), 1-0
- Виктор Бологан-Ашот Наданјан, Аерофлот-опен, Сицилијанска одбрана, Паулзен-Басманова одбрана (B40), 0-1
- Ву Шаобин-Ашот Наданјан, Сингапур, 2006, Будимпештански гамбит, Адлерова варијанта (A52), 0-1
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ World Chess Federation: Arbiters - Trainers (англиски)
- ↑ Bill Wall's list of chess opening names Архивирано на 28 октомври 2009 г. (англиски)
- ↑ „36th USSR Junior Chess Championship, Kapsukas, January 5-18, 1987“. RusBase. Посетено на 2009-07-31.
- ↑ „37th USSR Junior Chess Championship, Ivano-Frankivsk, January 5-18, 1988“. RusBase. Посетено на 2009-07-31.
- ↑ „38th USSR Junior Chess Championship, Pinsk, January 5-18, 1989“. RusBase. Посетено на 2009-07-31.
- ↑ Crowther, Mark (1999-11-01). „The Week in Chess 260: 59th Armenian Chess Championship“. London Chess Center. Архивирано од изворникот на 2007-11-07. Посетено на 2009-07-31.
- ↑ Bartelski, Wojciech. „Men's Chess Olympiads: Ashot Nadanian“. OlimpBase. Посетено на 2009-06-28.
- ↑ Crowther, Mark (1998-11-09). „The Week in Chess 209: Zonal 1.5 Panormo, Crete“. London Chess Center. Архивирано од изворникот на 2007-10-11. Посетено на 2009-07-14.
- ↑ „European Men Championship, Saint Vincent, July 3-14, 2000“. RusChess.com. Посетено на 2009-06-28.
- ↑ Tbilisi op 1996 - 365Chess.com Tournaments (англиски)
- ↑ Armenians Sweep 1998 New York Open Chess Tournament (англиски)
- ↑ Aeroflot Open 2002 Архивирано на 15 јануари 2006 г. (шпански)
- ↑ FIDE Chess Tournament report: 20th Goldberg Memorial (англиски)
- ↑ ChessBase.com - Report on the 3rd IGB Dato’ Arthur Tan Malaysia Open Chess Championship (англиски)
- ↑ FIDE Chess Tournament report: 1st Leg ASEAN Circuit Chess Tournament 2008 (GM Section B) (англиски)
- ↑ ChessBase.com - 5th Dato’ Arthur Tan Open (англиски)
- ↑ Chess-results.com - 1st Korea Open chess tournament 2008 (англиски)
- ↑ Sonas, Jeff. „Event Details: Moscow Aeroflot op, 2002“. ChessMetrics.com. Посетено на 2009-06-28.
- ↑ "Hack Attack", Kingpin, бр. 39, Spring 2007, стр. 43
- ↑ Wall, Bill. „Opening Names“. Bill Wall's Chess Page. Архивирано од изворникот на 2009-10-28. Посетено на 2009-06-28.
- ↑ Pope, Jacques N. „Openings classified under ECO D70-D99“. Chess Archaeology. Посетено на 2009-06-28.
- ↑ New in Chess Yearbook 78, 2006, стр. 6, стр. 17
- ↑ „SOS 5 - Contents - стр. 1“ (PDF). New In Chess. Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-05-16. Посетено на 2009-06-28.
- ↑ Hansen, Carsten (2002-02-09). „Checkpoint“ (PDF). ChessCafe.com. Посетено на 2009-06-28.
- ↑ „GM Varuzhan Akobian Biography“. The Official Site of GM Varuzhan Akobian. Архивирано од изворникот на 2009-09-01. Посетено на 2009-06-28.
- ↑ „Ashot Nadanian“. Kuwait Chess Federation. Посетено на 2009-06-28.
- ↑ „Intchess Asia Pte Ltd: Trainers“. Intchess Asia. Архивирано од изворникот на 2012-02-22. Посетено на 2009-06-28.
- ↑ „Arbiters and Trainers. Personal Card: Ashot Nadanian“. World Chess Federation. Посетено на 2009-06-28.
Надворешни врски
уреди- Ашот Наданјан — профил и партии на ChessGames.com (англиски)
- Ашот Наданјан на 365Chess.com.
- 224 партии и 2 прегледа Архивирано на 24 мај 2011 г. на New In Chess
- Податоци за рејтинг[мртва врска]
- Шахометричар:Ашот Наданјан