Дамијано Кунего

друмски велосипедист

Дамијано Кунего (италијански: Damiano Cunego; р. 19 септември 1981 во Черо Веронезе, Венето) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за италијанската професионална континентална екипа Нипо-Вини Фантини-Фезане.[1] Негови најголеми победи се Џиро д’Италија 2004, Амстел Голд Рејс 2008 и Џиро ди Ломбардија во 2004, 2007, 2008. Тој завршил втор на Светските друмски првенства во 2008 и на UCI ProTour 2008. Првенствено специјалист за искачување, тој ги подобри неговите хронометарски способности и се карактеризира со големи спринтерски можности, необично за еден искачувач.

Дамијано Кунего
Лични податоци
Цело имеДамијано Кунего
ПрекарМалиот принц (Il Piccolo Principe)
Роден19 септември 1981 (1981-09-19) (38 г.)
Черо Веронезе, Италија
Висина1,69 м
Маса59 кг
Податоци за клубот
Мом. клубОАЕ Тим Емирати
Дисциплинадрумски велосипедист
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за класици и искачување
Професионални клубови
2002–2004

2005–2014
2015-
Саеко Машине пер Кафе-Лонгони Спорт
Лампре-Кафита
Нипо-Вини Фантини
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
Генерален пласман (2004)
4 поединечни етапи (2004)
Тур де Франс
Пласман за млад возач (2006)
Вуелта а Еспања
2 поединечни етапи (2009)

Етапни трки

Џиро дел Трентино (2004, 2006, 2007)
Копи е Бартали (2006, 2009)

Еднодневни трки и класици

Џиро ди Ломбардија (2004, 2007, 2008)
Амстел Голд Рејс (2008)
Јапонски куп (2008)
Последна промена
3 септември 2018

КариераУреди

Кунего започнал со велосипедизмот како тинејџер, откако имал успешни настапи во крос-кантри.[2] Тој бил откриен од Џузепе Мартинели, кој исто така работел со Марко Пантани.[3] Кунего станал професионалец во 2002 на возраст од 20 години, со Саеко Машине пер Кафе-Лонгони Спорт. Кунего ги освоил Џиро д’Оро и Џиро Медио Брента во неговата прва сезона како професионалец со Саеко во 2002. Во 2003, ја освоил седмата етапа и генералниот пласман на Трката околу езерото Кингај.[4]

Станал познат во мај 2004, освојувајќи ја Џиро д’Италија на возраст од 22 години со Саеко Машине пер Кафе, кој подоцна станал Лампре-Кафита во 2005. Силата на Кунего дошла како удар за неговиот капетан Џилберто Симони. Односите помеѓу двајцата во текот на трката биле заладени, кога Кунего го отспринтал Симони за победа на 18. етапа по соло-бегството на Симони. Ла Газета дело Спорт објавила дека кога Симони бил поминат од Кунего, кој бил опкружен од новинарите, Симони го покажал неговиот прст кон 22-годишниот носител на розовата маичка и луто кажал „Ти си копиле...ти си навистина глуп“.[5]

Во текот на 2004, тој ја освоил Џиро ди Ломбардија во октомври, неговата 13. победа во сезоната. Тој ја завршил првата сезона во Светскиот друмски куп како прв, најмлад возач кој успеал во тоа, на возраст од 23. Исто така, тој бил последниот возач рангиран како прв на Светскиот ранкинг, бидејќи од 2005 ова било заменето со UCI ProTour.

На Џиро д’Италија 2005, Симони и Кунего, двајцата биле предводници на Лампре-Кафита. Кунего не претставувал закана за Симони. Тој отпаднал во текот на првото искачување на Доломитите, губејќи шест минути на етапата и воедно секоја шанса за победа. Во тоа време, неговата екипа загубата ја објаснила како последица на „психолошка криза“, додека Кунего изјавил „голема тежина е симната од мене со овој пораз“. По трката, тој открил дека го има Епстајн-Бар вирусот. Не се натпреварувал на Тур де Франс 2005.

Во 2006, Кунего завршил трет на Лиеж-Бастон-Лиеж губејќи од Алехандро Валверде и Паоло Бетини во спринтерската завршница. На Тур де Франс 2006 Кунего бил најдобриот млад возач. Тој завршил втор на етапата 15 на Алп д’Ез, откако изгубил од Френк Шлек, кој се одвоил во последните 2 километри. Исто така, завршил трет на етапата 17.

Во 2007, Кунего повторно го освоил Џиро дел Трентино и неговиот втор Џиро ди Ломбардија.

Во 2008, ги освоил Класика Примавера и Амстел Голд Рејс,[6] каде се борел со двајца силни спринтери Алехандро Валверде и Френк Шлек; со победата на Амстел Голд се искачил на врвот во пласманот на UCI Pro Tour,[6] и исто така завршил втор на Светското друмско првенство 2008.[7] Тој бил сметан за еден од победниците на Тур де Франс 2008, но не успеал во тоа и отпаднал од трката за победник на крајот на трката. До крајот на годината, Кунего ја освоил по третпат Џиро ди Ломбардија и потоа ја завршил сезоната со победа во Јапонскиот куп, потврдувајќи се себеси како еден од најдобрите специјалисти за класици во светот.

Во 2009, ја освоил Копи е Бартали преку две етапни победи; подоцна освоил и две планински етапи на Вуелта а Еспања станувајќи фаворит на Светското првенство, каде завршил осми.

Во јули 2013, тој бил еден од 27. поранешни возачи и службеници поврзани со екипата Лампре-Мерида кои се обвинети за допинг во италијански суд, чие судење било закажано за 10 декември 2013 година.[8]

Во октомври 2014 година било објавено дека Кунего ќе го напушти Лампре-Мерида и во 2015 година ќе вози за Вини Фантини-Нипо.[1]

ДостигнувањаУреди

1999
1.   Светско јуниорско друмско првенство
2002
1. Џиро д’Оро
1. Џиро дел Медио Брента
2003
1.   Краен пласман Трка околу езерото Кингај
1. Етапа 7
4. Краен пласман Трка Бриксија
6. Јапонски куп
2004
1.   Генерален пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 2
1. Етапа 7
1. Етапа 16
1. Етапа 18
1. Џиро ди Ломбардија
1.   Краен пласман Џиро дел Трентино
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Џиро дел’Апенино
1. ГП Индустрија & Артиџанато
1. ГП Нобили Рубинетерие
1. Меморијал Марко Пантани
2. Јапонски куп
4. Џиро дел Венето
6. Класика Примавера
9. Светско друмско првенство UCI
2005
1. ГП Нобили Рубинетерие
1. Трофео Мелинда
1. Јапонски куп
2. Краен пласман Тур де Романди
1. Етапа 3
3. Тре Вали Варезине
7. Џиро дел Венето
9. Лиеж-Бастон-Лиеж
2006
1.   Краен пласман Џиро дел Трентино
1.   Краен пласман, Копи е Бартали
1. Етапа 3
1. Џиро д’Оро
1. ГП Индустрија & Артиџанато
2. Џиро дел Лацио
2. Класика Примавера
3. Лиеж-Бастон-Лиеж
4. Краен пласман Џиро д’Италија
1.   Пласман за млад возач Тур де Франс
2007
1. Џиро ди Ломбардија
1.   Краен пласман Џиро дел Трентино
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 4 Трка околу Германија
1. ГП Бегели
5. Краен пласман Џиро д’Италија
4. Краен пласман Трка околу Баскија
5. Џиро дел’Емилија
2008
1. Џиро ди Ломбардија
1. Амстел Голд Рејс
1. Класика Примавера
1. Краен пласман, Јапонски куп
2.   Светско друмско првенство UCI
3. Флеш Валон
3. Тре Вали Варезине
3. Краен пласман Трка околу Баскија
1. Етапа 5
1.   Бодовен пласман
4. Краен пласман Тур де Свис
2009
Вуелта а Еспања
1. Етапа 8
1. Етапа 14
1.   Краен пласман Копи е Бартали
1. Етапа 2
1. Етапа 3
3. Флеш Валон
5. Амстел Голд Рејс
6. Класика Примавера
5. Краен пласман Трка околу Баскија
6. Краен пласман Тур де Свис
7. Лиеж-Бастон-Лиеж
8. Светско друмско првенство UCI
2010
5. Флеш Валон
6. Амстел Голд Рејс
10. ГП де Квебек
2011
1. Џиро дел’Апенино
1. Етапа 2 Тур де Романди
2. Краен пласман Тур де Свис
3. Монтепаски Страде Бјанке
3. Краен пласман Џиро ди Сардења
1. Етапа 2
6. Краен пласман Тур де Франс
8. Краен пласман Тирено-Адријатико
2012
2. Краен пласман Џиро дел Трентино
1. Етапа 2
2. ГП ди Лугано
4. Краен пласман Трка околу Баскија
6. Краен пласман Волта а Каталуња
6. Краен пласман Џиро д’Италија
2013
1.   Планински пласман Тирено-Адријатико
2. Краен пласман Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали
1. Етапа 3
1.   Бодовен пласман
3. Јапонски куп
2014
4. Гран Премио ди Лугано
4. Страде Бјанке
2015
3. Џиро дел’Апенино
4. Џиро дел’Емилија
5. Краен пласман Џиро дел Трентино
6. Милано-Торино
8. Тре Вали Варезине
9. Класик Волта Лимбург
10. Гран Премио ди Лугано
2016
6. Гран Премио ди Лугано
2017
7. Краен пласман Трка околу езерото Ќингхај
1. Етапа 6

Распоред на резултатите на големите тркиУреди

Голема трка 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016
  Џиро 34 1 18 4 5 17 11 6 19 СО 44
  Тур 11 СО 28 6 55
  Вуелта 15 СО СО СО 33 76

СО = се откажал; — = не учествувал

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 Бери Рајан (2 октомври 2014). "Кунего потпиша за Нипо-Вини Фантини". Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 3 октомври 2014.
  2. "Дамијано Кунего - Приказна". damianocunego.it. 17 јуни 2011. Посетено на 17 јуни 2011.
  3. Браун, Грегор. "Интервју на Дамијано Кунего: Во Каса Кунего". cyclesportmag.com. Посетено на 17 јуни 2011.
  4. Фаранд, Стивен (2009-02-23). "Дамијано Кунего: Профил на возач". cyclingweekly.co.uk. Посетено на 2009-01-27.
  5. "Дамијано Кунего: Профил на возач". cyclingnews.com. 2004-05-30. Посетено на 2009-01-27.
  6. 6,0 6,1 "Кунего со спринт до победа на Амстел Голд". BBC News. 2008-04-21. Посетено на 27 април 2009.
  7. "Светски друмски првенства 2008". BBC News. 2008-09-28. Посетено на 27 април 2009.
  8. "Поранешниот победник на Џиро Дамијано Кунего и 26 други обвинети за допинг". The Guardian. Лондон. 19 јули 2013.

Надворешни врскиУреди