Твиги (родена 19 септември 1949, со нејзиното вистинско име Лесли Хорнбај) е англиски модел, глумица и пејачка, денес исто така позната под името Твиги Лоусон, презиме кое го добива од сопругот. Како тинејџерка, на свои 16 години, таа стана првиот истакнат модел. Таа беше позната по нејзината Андрогенија, големите очи, долгите трепки, витата става и кратката коса .Од страна на магазинот “Дејли Експрес” во 1966, таа беше прогласена за “Лице на 1966год.”и Британците ја прогласија за жена на годината. До 1967 Твиги работеше како манекенка во Франција, Јапонија и Америка, појавувајќи се на насловните страници на “Вог” и “Татлер”. Нејзината слава почна да се шири низ целиот свет.

Откако се прослави како манекенка, Твиги започнува успешна кариера и као медиска личност застапена во повеќе проекти. Таа ја водеше својата емисија “Луѓето на Твиги” во која таа интервјуираше познати личности и исто така се појави како судија на реалното шоу “Идниот Американски топ модел”. Нејзината автобиографија “Твиги во Црно и Бело” (1998) влезе во списокот на бестселери. Од 2005 таа како манекенка работеше за “Маркс и Спенсер”, за да ги промовира нивните најнови брендови, појавувајќи се на ТВ реклами и печатените медиуми, заедно со Мајлин Клас, Ерин О’ Конор, Лили Кол и др.

Ран живот уреди

Твиги порасна во северозападен Лондон, во предградие на Низден. Таа е ќерка на Хелен (Нели) Лидија Хорнбај, работничка во печатница, и Вилијам Норман Хорнбај, мајстор столар. Мајката на Твиги ја научи да шие уште на млади години и таа сама си ја шиеше својата облека. Твиги учеше во средното училиште “Брондесбури и Килбурн” во Килбурн. Таа е најмладата од трите сестри. Ширли има 15 години а Вивијан е 7 години постара.

Личен живот уреди

Твиги се омажи со Американскиот глумец Мајкл Витни во 1977. Тие добија ќерка, Карли која се роди во 1978. Во 1978 нејзиниот маж умира од срцев удар. Во 1984 Твиги го запознава Ли Лоусон со кого во 1988г. заедно играат во филмот “Мадам Сузатска” и се венчаа истата година во Саг Харбор, Лонг Ајленд. Лоусон ја прифаќа ќерката на Твиги, Карли, давајќи и го своето презиме. Тие живеат во Лондон. На својата официјално мрежно место таа се опишува себеси како голем поддржувач на борбата против рак на дојка, заштитник на животните, како и поддржувач на кампањи кои се против убивањето на животните заради искористување на нивното крзно во изработка на облека.

Манекенска кариера(1965-1970) уреди

Податотека:Twiggy promo.jpg
Twiggy in 1967, at the height of her modelling career, showing the look that made her famous.

1965-1967 уреди

Твиги е запеметена како една од првите меѓународни супермодели и модна икона на 60-тите и 70-тите. Најголемо влијание на Твиги има Жан Шримптон која ја смета за првиот светски супермодел. Твиги се смета за најзина наследничка. Во јануари 1966год. Таа ја бои и ја скратува косата во Мејфер во студиото на познатиот фризер Леонард. Нему му биле потребни модели на кои ќе ги покаже своите способности во создавањето на кратки фризури. Професионалниот фотограф Бари Лејтган направи неколку фотографии за Леонард кои тој ги истакнал во своето студио. Мек Шери, моден новинар за “Дејли Експрес”, ги видела фотографиите и посакала да ја запознае таа личност. Откога се случило тоа биле направени уште неколку фотографии кои неколку недели подоцна беа објавено во магазинот заедно со статија, прогласувајќи ја Твиги за “Лице на 1966год”. Во магазинот пишуваше: “Детето од Лондон кое поседува илјадници ликови а има само 16 години”-Дејли Експрес 23 февруари 1966.

Наскоро кариерата на Твиги стагнираше. Таа е висока 168 cm (ниска за модел) и тежеше едвај 41 кг со димензии 31-22-32 со аеродинамична и андрогена привлечност. Нејзиното момче Нигел Дејвис кој по професија е фризер, стана нејзин менаџер и го промени неговото име во Џастин Де Виленеув. Тој ја убеди и неа да си го промени името во Твиги(според нејзиниот прекар од детството “Твигс”). Де Виленеув си ги припишува заслугите за нејзиниот успех. Постар од нејзе 10 години, тој успева да и обезбеди профитабилна кариера 7 години, надгледувајќи ги нејзините финансии, и нивните фирми во времето на најголемите достигнувања во нејзината кариера.

Наскоро Твиги се појави во сите водечки модни магазини,а нејзиниот хонорар изнесувал 80 фунти на час. Со нејзината модна линија наречена “Фустаните на Твиги”таа го освојува модниот свет. Таа еднаш рече : Си го мразам изгледот и мислам дека на никој не му се допаѓам. Прекрасниот изглед на Твиги се должи на : нејзината витка става, кратката фризура во машки стил и извнредно долгите и темни трепки. Опишувајќи како ги добила нејзините извонредни трепки таа рече : “Порано ставав три пара лежни трепки над моите”.

Еден месец по објавувањето на статијата во магазинот “Дејли Експрес”, Твиги позираше за нејзината прва фото-сесија за “Вог”. Една година подоцна таа се појави во 13 фото-сесии во меѓународните изданија на “Вог”.

1967-1970 уреди

Твиги пристигна во Њујорк во март 1967 на Аеродромот Џон Ф. Кенеди – настан медиумски покриен од страна на печатот. Магазините “Њујоркер”, “Лајф” и “Њусвик” објавија статии за “феноменот” Твиги во 1967год, каде што првонаведениот и посвети приближно 100 страници. Истата година таа стана меѓународна сензација, работејќи како манекенка во Франција, Јапонија и Америка, појавувајќи се на насловната страница на: парискиот Вог во мај, американскиот Вог трипати- во април, јули и ноември. Во март 1967 во 15-тото издание на “Вог” на стр.63 Твиги беше опишана како “модна икона која ги одбележува 60-тите”.

Во 2009, во каталогот на Музејот “Метрполитен” Твиги беше прикажана како модна муза која е олицетворение на модата како и нејзината адолесцентска фигура која е совршена рамка за андрогенскиот стил кој се појави во 60-тите. Трендот се манифестираше со : фустани во А-линија со јаки и вратоврски, костуми и фустани со детали во воен стил, или во стилот на Ив Сен Лорaн - машки смокинг за жените. Истовремено во рамките на рубриката “Унисекс” беа објавени дизајни кои се минималистички, вклучувајќи ги Нехру костимите (индиски стил) и фустани во футуристички стил, препорачани од страна на дизајнери како “Пјер Карден”, “Андре Куреж”, и најпознатиот во Америка Руди Гернрих. Твиги е фотографирана од познати фотографи како: Сесил Битон, Ричард Евдон, Мелвин Соколоски, Роналд Тригер, Берт Штерн, Норман Паркинсон, Ени Лебовитс и Стивен Мејсел.

Реакција уреди

Твиги и магазините во коишто беа објавени нејзини фотографии и статии, беа подложени на критика уште од самиот почеток. Нејзината екстремно витка става беше критикувана заради промовирање на фигура која отстапува од тогашните стандарди за женска става. “Твиги дојде заедно со времето кога тинејџерската популација трошела значителни средства за облека.” рече Сју Далглиш, моден кореспондент за лондонскиот “Дејли Меил”, “Со нејзината недоволно развиена машка фигура, таа беше идол на тинејџери од 14 и 15 години. Таа ги поттикнува пороците на адолесцентската популација”. Во зенитот на нејзината кариера, Марк Кохен, сопственик на продавница за висока мода даде уште построга критика : “Нејзините нозе ми личат на црви”. Сепак Твиги имаше и свои поддржувачи. Дијана Вриленд од “Вог” изјави: Нејзиниот сјај не доаѓа до израз кога носи панталони. Таа е девојка од ерата на мини-модата. Прекрасно изгледа”. Во последните години Твиги зборува против трендот на енормно слаби модели, објаснувајќи дека нејзината витка фигура во тинејџерските години не е последица на нередовна исхрана : “Јас бев многу слаба,но мојата природна градба е таква. Јас секогаш јадев разумно- да бидам слаба ми беше во гените”.

На 10 Декември 1969, и покрај тоа што имаше 20 години, таа беше избрана за специјален гостин во една од првите емисии на Британското документарно шТВ шоу “Ова е твојот живот”.

Сцена, филм, телевизија и пејачка кариера уреди

1970–1979 уреди

По 4 години посветени на манекенството, Твиги се повлече во 1970, тврдејќи : “Не може цел живот да се биде закачалка за облека!”. Ја раскина љубовната врска со Џастин де Виленеув, кој ги водеше нејзините бизнис работи од 1966, и го ослободи од должностите како нејзин менаџер изјавувајќи дека многу позначајна е нејзината фотографија и натписот “Лице на 1966” во “Дејли Експрес” отколку неговите напори да ја промовира.

Твиги започнува успешна кариера како пејачка која снима албуми, и глумица која игра различни улоги на сцената и ТВ екраните. Во 1971 таа го направи нејзиното прво филмско деби во филмот на Кен Расел “Ѓаволите”. Истата година таа ја доби првата главна улога играјќи го ликот на Поли Браун во адаптацијата на мјузиклот “Момче” во режија на Кен Расел - музичко дело од англискиот композитор Сенди Вилсон. Ова ја означи нејзината почетна соработка со Томи Тјун и успеа да освои: 2 “Златни Глобуси” во 1972год. (нова глумечка ѕвезда на годината ) и Златен Глобус за најдобра главна улога во мјузикл или комедија. Во 1974 таа го направи нејзиното прво деби на сцената на театарот “Вест Енд” во “Пепелашка”. Таа глумеше и во трилерот “W” заедно со нејзиниот иден сопруг Мајкл Витни, а ја водеше и нејзината емисија “Твигс” (подоцна преименувана во “Твиги”).

Во октомври 1975, таа имаше настап во “Ројал Алберт Хол”и тој настап беше ставен на албумот “Бал на пепрутки и фестивал на штурци ” од Роџер Гловер.Концертот беше режиран од страна на Тони Клингер.

Во Ноември 1976 таа се појави во “Мапет Шоу” каде што ја пееше пената “Во мојот живот” од “Битлси”. Во 1976 потпиша договор со “Меркјури Рекордс” и ги објави албумите “Твиги” и “Разбери правилно го моето име ”. Двата албума содржат поп и кантри-музика и бележеле одлична продажба , рангирајќи се на 33-тото место на британската топ листа и таквиот рејтинг и донесе сребрен диск. Албумот ги содржи 20-те најголеми хитови на Твиги : “Еве ме повторно” и “Разбери го правилно моето име” го достигна 35-тото место во 1977.” Во 1978, филмската продукција “Американ Интернејшнал Пикчарс”, за да го зголеми својот рејтинг направи промена во музичкото шоу “Надзвучно” кое се емитуваше на ”Лондон Викенд ТВ” заменувајќи ја продукцијата “Мајк Менсфиелд” со Твиги, со што оваа емисија беше пренасловена во “Џубоксот на Твиги” и доживеа успех на американските ТВ пазари во текот на 1978 година. Во септември 1976, Твиги на ова музичко шоу ги изведе нејзините нумери “Еве ме повторно”и “Венила Оле” и нејзините изведби беа вклучени во обновената емисија. По првата сезона, Твиги ја напушти емисијата и американската телевизија продолжи со емитување на “Џубоксот” со Брит Екланд и со емитување на стандардни музички спотови а не со спотови од шоуто „Надзвучен“.

1980-1999 уреди

Во 1980 Твиги се појави кратко во филмот “Браќата Блуз”. Во 1981 таа ја играше улогата на Елиза Дулитл заедно со Роберт Повел во забавната комедија “Пигмалион”, и во 1983 таа го направи своето прво деби на Бродвеј во мјузиклот “Моја една и единствена”, каде глуми заедно со Томи Тјун, а за нејзината глума беше номинирана за “Тони Награда”. Во 1986 таа играше наспроти Робин Вилијамс во комедијата “Клуб Рај”. Во 1987 играше во “Девојчето со кибритчињата” а 1988 имаше споредна улога во “Мадам Сузатска” заедно со нејзиниот втор сопруг Ли Лоусон. Во 1989 таа се појави во улогата на Хана Чаплин, мајка на Чарлс во Британскиот филм “Младиот Чарли Чаплин”.

Во 1991 таа имаше главна улога во “Принцези” која беше емитувана на Американската телевизија ”Си-Би-Ес”. Од 9 снимени епизоди беа емитувани само 5. Една година подоцна таа ја играше улогата на Гертруда Лоренс во “Ноел и Герти” во театарот во Саг Харбор, Лонг Ајленд. Во 1999 г. Таа се врати на Њујоршката сцена меѓутоа не на Бродвеј и учествуваше на обработената верзија на Ноел и Герти напишана и режирана од Ли Лоусон. Таа се појави во улогата на Гертруд Лоренс наспроти Ноел Кауард.

2000–2009 уреди

Во 2001 Твиги зеде учество во Тв серијата “Ова утро”. Во 2003 таа објави уште еден албум “Темносино”. Седумнаесет од вкупно 20-те песни не биле пуштени во етер во периодот од 1982-1990, вклучувајќи во дуетот со Лео Сејер, “Последниот танц сочувај го за мене” и “Црвен Вторник”. Во 2005, таа учествуваше во шоуто ”Американскиот иден топ модел” како една од четирите судии од 5-тата до 9-тата сезона, и една година подоцна се појави на насловната страница на магазинот “Свиндл”. Твиги исто така му се врати на манекенството, учествувајќи во рекламирање на синџирот модни продавници во Британија “Маркс и Спенсер”. Оваа кампања била проследена и медиумиски покриена од страна на печатот и телевизијата. Нејзиното учество во оваа кампања е заслужно за обновувањето на оваа модна куќа. Во 2006, таа игра улога на 19 годишна девојка во радио емисијата “Појадок со Твиги” на Би-Би-Си. Таа не се врати во десеттата сезона на шоуто “Идниот модел на Америка”. Нејзина замена таму беше моделот Паулина Поризкова.

Исто така во 2007 продкукциската куќа Сепија Рекордс објави албум на твиги кој таа го снимаше во 1979. “Албумот Рај во моите очи” содржи 8 оригинални траки плус 4 ремикси. Во 2008 таа ја поддржа кампањата против рак на дојката заедно со други познати личности како што се : комедијантот Алан Кар , пејачката Натали Имбруглиа, глумицата Ана Фриел и ди-џејот Едит Боуман.

Филмографија уреди

  • The Diamond Trap (1988)
  • Sun Child (1988)
  • Young Charlie Chaplin (1989)
  • Istanbul (Keep Your Eyes Open) (1990)
  • Body Bags (1993)
  • Something Borrowed, Something Blue (1997)
  • Edge of Seventeen (1998)
  • Brand New World (based on the Jeff Noon play Woundings) (1998)

Сцена уреди

  • Blithe Spirit, Chichester Festival Theatre, (1997)
  • Noel and Gertie, Bay Street Theatre, Long Island, NY, (1998)
  • If Love Were All, Lucille Lortel Theatre, New York (1999)
  • Blithe Spirit, Bay Street Theatre, Long Island, NY (2002)
  • Mrs Warren's Profession, On Tour, England, (2003)

Телевизија уреди

  • Twiggs (1974)
  • Twiggy (1975)
  • The Muppet Show (1976) (1 episode)
  • Victorian Scandals (1976)
  • The Donna Summer Special (1980)
  • A Gift of Music (1981)
  • Princesses (1991) (2 episodes)
  • Tales from the Crypt (1992) (1 episode)
  • The Nanny (1994) (1 episode)

записи уреди

  • The Boy Friend (1971)
  • Twiggy And The Girlfriends (1972)
  • Cole Porter In Paris (1973)
  • Twiggy (1976)
  • Please Get My Name Right (1977)
  • Captain Beaky And His Band (1977)
  • Pieces Of April (1978)
  • My One And Only (1983)
  • The Doctor And The Devils (1985)
  • Technocolor Featuring Twiggy - Unchained Melody (1989)
  • The Boy Friend & Highlights From Goodbye, Mr. Chips (1990)
  • Twiggy And The Silver Screen Syncopaters (1995)

  • London Pride - Songs From The London Stage (1996)
  • Beautiful Dreams (1997)
  • Dead Man On Campus (1998)
  • The Best Of Twiggy (1998)
  • If Love Were All (1999)
  • Peter Pan (2000)
  • Midnight Blue (2003)
  • Twiggy (2004)
  • Twiggy & Linda Thorson - A Snapshot Of Swinging London (2005)
  • Gotta Sing Gotta Dance (2009)

книги и изложби уреди

Надворешни врски уреди

Претходник
Richard and Judy
Host of This Morning
with Coleen Nolan

2001
Наследник
John Leslie and Fern Britton

Предлошка:GoldenGlobeBestActressMotionPictureMusicalComedy 1961-1980 Предлошка:America's Next Top Model Предлошка:Mods