Џејмс Гарфилд
Џејмс Абрам Гарфилд (англиски: James Abram Garfield; 19 ноември 1831 – 19 септември 1881) бил 20 претседател на САД, кој служел кратки 200 дена од 4 март 1881 година до неговата смрт на 19 септември 1881 година Тој го имал вториот најкраток претседателски мандат после Вилијам Хенри Херисон (William Henry Harrison). Тој исто така бил еднинствениот титулар од Претставничкиот Дом на САД избран за претседател. Гарфилд е роден во Морленд Хилс, Охио и дипломирал во 1856 година на колеџот Вилијам. Се оженил за Лукрециа Рудолф во 1858 година Во 1860година тој бил примен во Комората додека служел како државен сенатор на Охио (1859 година – 1861 година). Гарфилд бил командир во армијата на САД за време на граѓанската војна и се борел на Битката кај Шилох. Тој влегол во Конгресот како републиканец во 1863 година, спротивставувајќи се на ропството и сецесијата. Следејќи ги компромисите заедно со Јулисе Грант, Џејмс Блеин и Џон Шерман, Гарфилд бил номиниран од страна на Републиканската партија за претседателските избори во 1880 година и успешно го победил демократот Винфилд Хенкок. Гарфилд постигнал многу малку затоа што поминал малку време како претседател. Во неговото пристапно обраќање тој изразил желба за реформата во државната служба, што била на крајот усвоена од неговиот наследник Честер Артур во 1883 година како закон за реформа во државната служба. Неговото претседателство било скратено откако му бил извршен атентат од Чарлс Гуто додека влегувал на железничката станица во Вашинктон на 2 јули 1883 година Гарфилд бил вториот претседател на САД над кого бил извршен атентат. После неговата смрт тој бил наследен од заменик-претседателот Честер Артур.
Потекло
уредиЏејмс Абрам Гарфилд е роден на 19 ноември 1831 година, од шкотско потекло, во Оринџ Тауншип денешно Морланд Хилс, Охио. Неговиот татко, Абрам Гарфилд починал во 1833 година кога Џејмс Абрам имал само 17 месеци. Тој бил израснат од неговата мајка Елиза Балоу, сестрите и неговиот вујко. Во родното место Гарфилд посетувал претходник на училиштето Оринџ. Од 1851 година до 1854 година тој го посетувал „Western Reserve Eclectic Institute“. Потоа Гарфилд се префрлил на колеџот Вилијам каде што бил член на братството Делта Ипсилон. Тој дипломирал во 1856 година како извонреден студент, кој ги обожавал сите предмети освен хемија. По краток период на проповедање во христијанска црква (1857 година – 1858 година), Гарфилд аплицирал за директор на средно училиште во Њујорк. Откако не бил примен на тоа работно место аплицирал во институтот за електрика. Гарфилд предавал класични јазици во академската 1856-1857година и бил унапреден во директор на институтот од 1857 година до 1860 година На 11 ноември 1858година се оженил со Лукрециа Рудолф. Тие имале седум деца: (пет сина и две ќерки)
- Елиза Арабел Гарфилд (1860 – 1863)
- Хенри Агустус Гарфилд (1863 – 1947)
- Џејмс Рудолф Гарфилд (1865 – 1950)
- Мери Гарфилд (1867 – 1947)
- Ирвин Гарфилд (1870 – 1876)
- Абрам Гарфилд (1872 – 1951)
- Едвард Гарфилд (1874 – 1876).
Еден од синовите, Џејмс Гарфилд, ги следел неговите чекори, влегол во политиката и станал внатрешен секретар за време на претседателот Теодор Рузвелт. Во средина на шеесеттите Гарфилд имал афера со Луциа Колхун, која подоцна ја признал на својата жена и таа му опростила. Гарфилд одлучил дека академскиот живот не е за него и приватно студирал право. Во 1860 година бил примен во Комората на Охио. Дури и пред примањето во Комората тој влегол во политиката. Бил избран за државен сенатор на Охио во 1859 година и служел до 1861 година Гарфилд бил републиканец целиот свој политички живот.