Кларис Лиспектор (португалски: Clarice Lispector) (Чечелинк, Украина, 10 декември 1920 - Рио де Жанеиро, 9 декември 1977) - бразилска писателка.

Кларис Лиспектор
Clarice Lispector
Лиспектор во 1969
Роден/аЧаја Пинкасовна Лиспертор
10 декември 1920(1920-12-10)
Чечелник, Украинска Народна република
Починат/а9 декември 1977(1977-12-09) (возр. 56)
Рио де Жанеиро, Бразил
ПсевдонимХелен палмер, Тереза Куардос
Занимањеписател
НационалностБразил
Сопруг/аМару Гаргел Валенте(м. 1943, раз. 1959)
Деца2
мрежно место
claricelispector.com.br

Животопис

уреди
 
Статуа на Кларис Лиспектор во Ресифе

Кларис Лиспектор е родена во еврејско семејство во Подолија, Украина, а во Бразил дошла како дете, по Првата светска војна. Во Рио де Жанеиро студирала право. Последната деценија од животот го поминала страдајќи од последиците на сообраќајната несреќа од 1966 година.[1]

Творештво

уреди

Лиспектор е плодна и почитувана бразилска писателка, која творела во најинтересниот период на бразилската книжевност. За време на студиите во Рио, таа започнала да објавува новинарски статии и раскази. Нејзиниот прв расказ, „Триумф“ бил објавен во 1940 година, во списанието „Пан“, а веќе на возраст од 23 година се стекнала со слава. Во декември 1943 излегол нејзиниот прв роман „Близу до дивото срце“, напишан како внатрешен монолог, со јазик и стил што во тоа време се сметале за револуционерни. Во октомври 1944 година, со оовј роман ја освоила книжевната награда „Граса Арања“, за најдобар дебитантски роман. Според тогашната книжевна критика, овој роман го ја означил промената на централниот интерес на бразилскиот роман и дека тој претставува длабоко навлегување во психолошката сложеност на модерната душа. Во 1946 година, Лиспектор го објавила романот „Опседнат град“, а во 1952 година се појавила збирката со шест раскази „Неколку приказни“, кои го претставуваат јадрото на збирката „Семејни врски“ од 1960 година, во која биле додадени нови седум раскази. Критиката ја оценила збирката како една од најдобрите што до тој момент биле објавени во Бразил. Во 1961 година се појавил романот „Јаболко во темнината“ за кого во следната година ја добила наградата „Кармен Долорес Барбоса“. Во 1964 година бил објавен нејзиниот најшокантен роман „Страст според Г. Х.“, додека во 1971 година излегува уште една збирка раскази, „Притаена радост“. Веднаш потоа следувал нејзиниот најдобар роман, „Жива вода“ којшто едногласно бил поздравен од критиката.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Антoлогија на бразилскиот расказ, Три, Скопје, 2012, стр. 279-280.