Нагорно-Карабах

Нагорно-Карабах или Горен Карабах (ерменски: Լեռնային Ղարաբաղ Հանրապետություն, Lernayin Gharabaghi Hanrapetut’yun) е де факто независна република во Јужниот Кавказ, официјално дел од Република Азербејџан, околу 270 километри западно од азербејџанскиот главен град Баку, и многу блиска до границата со Ерменија.

Нагорно-Карабах
Լեռնային Ղարաբաղ  (ерменски)
Знаме Грб
ХимнаԱզատ ու Անկախ Արցախ  (ерменски)
"Слободен и независен Арцах"

Местоположбата на Нагорно-Карабах
Местоположбата на Нагорно-Карабах
Главен град
(и најголем)
Степанакерт
39°52′N 46°43′E / 39.867° СГШ; 46.717° ИГД / 39.867; 46.717
Службен јазик ерменски
Народности  над 95% Ерменци
5% малцинства
Уредување унитарна претседателска република
 •  Претседател Арајик Харутјуњан
 •  Претседател на Народното собрание Артур Товмасјан
Законодавство Народно собрание
Независност од Азербејџан 
 •  Референдум 10 декември 1991 
 •  Прогласена 6 јануари 1992 
 •  Признавање непризната 
Површина
 •  Вкупна 4,400 км2 
Население
 •  проценка за март 2021 г. 120,000 
 •  Попис 2015 150,932 
БДП (ПКМ) проценка за  г.
 •  Вкупен 713 млн. долари 
 •  По жител 4,803 долари 
Валута Ерменски драм (AMD)
Часовен појас AMT (UTC+4)
Се вози на десно
НДД .am
Повик. бр. +374 47

Регионот е познат по повеќе имиња: рускиот назив е Нагорни Карабах и тој потекнува од советскиот период ("нагорни" означува висок или планински на руски), ерменскиот назив е Арцах (историска област што приближно соодветствува со денешниот регион), додека пак азербејџанскиот назив е Карабах (кој означува Црна градина, од турското кара = црна и персиското бах = градина).

Во 1923, Советскиот Сојуз го инкорпорирал регионот кој е претежно населен со Ерменци во Азербејџанската ССР и го именувал како Нагорнокарабашка Автономна Област (НКАО). На 10 декември 1991, како што Советскиот Сојуз се распаѓал, во НКАО и во соседниот округ Шахумијан бил одржан референдум на кој била прогласена независност од Азербејџан како Нагорнокарабашка Република (НКР), која не е призната од ниту една меѓународна организација или држава, вклучувајќи ја и Ерменија.

Верници во Нагорно Карабах
Ерменска Православна Црква
  
94,5 %
Методисти
  
0,37 %
Јеховни Сведоци
  
0,23 %
Руска православна црква
  
0,13 %
Атеисти
  
4,13 %
Без религија
  
0,41 %
Други
  
1,08 %

Во последните години на распаѓањето на Советскиот Сојуз, регионот станал причина за спор помеѓу Ерменија и Азербејџан, кулминирајќи со војната во Нагорно-Карабах. По примирјето постигнато со руска помош на 12 мај 1994, најголемиот дел од Нагорно-Карабах и неколку региони на Азербејџан околу него се под контрола на војската на Ерменија, а НКР се здобива и со де факто посебна влада. Од тогаш, страните водат мировни разговори со посредство на ОБСЕ Групата Минск.