Ким Мехмети (Грчец, Скопје, 10 декември 1955 - ). Романописец, раскажувач, есеист, полемичар, публицист и преведувач кој објавува на мајчин – албански јазик и на македонски јазик.[1]

Еден е од основачите на неделникот на албански јазик „Лоби„, кој излегуваше во Скопје од 2001 – 2006 година. Бил уредник на списанието за култура на албански јазик „Јехона„ (Скопје) како и уредник за издавачката дејност при НИК „Флака е велазеримит (1991-1992). Во Институтот Отворено Општестсво – Македонија, работел како координатор за издавачка дејност. Потоа работел како извршен директор на „Центарот за мултикултурно разбирање и соработка“ (1997-2003) во Скопје, каде што бил творец на многу граѓански иницијативи за афирмирање на мултиетничките и мултикултурните концепти. Од 2003 – 2004, бил Заменик-генерален директор на МТВ, каде поднесе оставка заради неслагања со партизацијата на овој јавен информативен сервис. Ким Мехмети е иницијатор на повеќе граѓански иницијативи во Македонија и во регионот. Член е на повеќе совети на регионални граѓански организации. Од 1994 – 2004 бил главен и одговорен уредник на балканската Алтернативна информативна мрежа (АИМ) за Македеонија и координатор на истата за Јужен Балкан. Сега е Претседател на Граѓанското движење „Поинаку“ која се залага за афирмација на демократските вредности и заштита на човековите права.

Ким Мехмети пишува на албански и на македонски јазик. Тој е типичен двојазичен творец, и несомнено е дека денес претставува еден од најафирмираните албански писатели, и истовремено еден од најинтересните претставници на новиот бран во современата македонска проза. Своите први литературни творби ги објавил во почетокот на осумдесеттите години, во Хрватска. Мехмети е роден раскажувач, тој нема склоности кон тезите, туку се предава на ткаењето на раскажувачката материја. Затоа неговата проза е исклучително привлечна. Читателот едноставно се вовлекува во заводливата игра на одгатнување на тоа што го испретплетува неговата жива имагинација во распонот меѓу фантазмагоријата на вистинското и реалноста на имагинарното. Судбината, како мерило на животот, битно го означува сето негово прозно творештво.

Неговите творби се преведени на германски, англиски, француски, турски, хрватски и други јазици. Застапен е во повеќе антологии.

Библиографија

уреди

Романи и раскази:

уреди

“Прашината што никнува” (“Pluhuri që mbin”, Flaka e vëllazërimit, Shkup,1986.), раскази на албански јазик, “Тагување” (“Dënesje, Rilindja, Prishtinë, 1988.), раскази на албански јазик, “Поместени распсодии, ( Мисла, Скопје, 1989.), раскази на македонски јазик, “Седум ноќи тага” (“Shtatë netë dënesje”, Rilindja, Prishtinë, 1990.), роман на албански јазик “Седум ноќи тага” (Мисла, Скопје, 1990.), роман на македонски јазик, “Болеро” (“Bolero”, Rilindja, Prishtinë, 1991.), раскази на албански јазик, “Начек” (Култура, Скопје, 1991.), раскази на македонски јазик, “Судбина” (“Fati”, Flaka e vëllazërimit, Shkup,1992.), раскази на албански јазик, “Судбината на Фатуше” (“Fati i Fatushes, FI-GA, Tetovë, 1994.), раскази на албански јазик, “Смртта на маѓосницата” (“Vdekja e magjistares”, Shtëpia Botuese e Lidhjes së Shkrimtarëve, Tiranë, 1994.), раскази на албански јазик, “Рибата екстасис” ( Култура, Скопје, 1994.), раскази на македонски јазик, “Собирачи на овенати цвеќиња” (“Mbledhësit e luleve të vyshkura”, FI-GA, Tetovë, 1995.), раскази на албански јазик, “Нора” (ИК Феникс, Скопје, 1996.), избор раскази на македонски јазик, “Месечев цвет” (“Lulehëna”,Dukagjini, Pejë, 1997.), раскази на албански јазик, “Месечев цвет” ( Logos-A, Skopje, 1997.), раскази на македонски јазик, “Село на проколнатите деца” (“Fshati i fëmijve të mallkuar”, Dukagjini, Pejë, 1998.), роман на албански јазик, “Село на проколнатите деца” ( Зумпрес, Скопје, 1998.), роман на македонски јазик, “Село без гробишта” (“Fshati pa varreza”, Dukagjini, Pejë, 2000.), раскази на албански јазик, “Тамо и некогаш” (“Atje dhe dikur”, Dukagjini, Pejë, 2002.), роман на албански јазик, “Село без гробишта” ( Макавеј, Скопје, 2003.), раскази на македонски јазик, “Ритуалите на Нишане” (Ritet e Nishens”, Dukagjini, Pejë, 2004.), роман на албански јазик, “Ритуалите на Нишане” ( Макавеј, Скопје, 2006.), роман на македонски јазик, “Куќа на карјот од селото” (“Shtëpia në fund të fshatit”, Toena, Tiranë, 2006.), избор раскази на албански јазик, „Во џебот на елекот на баба ми„ („Në xhepin e jelekut të gjyshes”, Toena, Tiranë, 2007), раскази на албански јазик, „Така оди човекот„ (“Ashtu ecën njeriu”, Ideart, 2007, Tiranë), книга за Али Алиу

Објавени дела на други јазици:

уреди

“Das Haus am Ende des Dorfes” (Zeitgenössische Erzählungen aus Mazedonien) („Куќа на крајот на селото“ (Современи раскази од Македонија)), Drava Verlag, Klagenfurt, 2001., антологија на современа македонска проза на германски јазик, “Das Dorf der verfluchten Kinder” (“Село на проколнатите деца”, Drava Verlag, Klagenfurt, 2002.), роман на германски јазик, “Balkan Beauty, Balkan Blood” (Modern Albanian Short Stories, 2006.), антологија на албанскиот расказ на англиски јазик

Преводи:

уреди
  • Исмаил Кадаре: “Ескил-големиот губитник” ( Култура, Скопје, 1993.), превод од албански јазик (Ismail Kadare: “Eskili-ky humbës i madh”)
  • “Канонот на Лек Дукаѓини” ( FI-GA, Tetovo, 1994.), превод од албански јазик (“Kanuni i Lekë Dukagjinit”)

Награди:

уреди
  • Националната награда за најдобро прозно дело за книгата “Fati i Fatushes” - Tirana, 1994.
  • Расказот “Рибата екстасис” е избран медју 10 најдобри кратки прози во Европа на конкурсот во Арнсберг – Германија, 1994.

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 943. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.

Надворешни врски

уреди