Љубомир Михајловски

Љубомир Михајловски (роден на 10 декември 1954 година во Скопје) — македонски политичар и правник. Во периодот од 17 декември 2004 до 26 август 2006 бил Министер за внатрешни работи на Република Македонија.

Љубомир Михајловски
Министер за внатрешни работи
На должноста
17 декември 2004 – 26 август 2006
Претседател Владо Бучковски
Претходник Силјан Аврамовски
Наследник Гордана Јанкулоска
Лични податоци
Роден(а) 10 декември 1954(1954-12-10)(69 г.)
Скопје, НР Македонија, ФНРЈ
Националност Македонец
Партија СДСМ
Вероисповед Православен христијанин

Михајловски дипломирал на Правниот факултет во 1980 година. Во периодот од 1981 до 1983 година работел како пазарен и трудов инспектор во Собранието на Општина Центар.

Од 1983 до 1999 година бил потсекретар во Министерството за внатрешни работи каде обавувал повеќе функции. Во МВР работел и како инспектор во Управата за оперативни работи во СВР - Скопје, самостоен инспектор за спречување криминал, виш инспектор за спречување криминал, виш инспектор за недозволена трговија со дрога, началник на Одделението за општ криминал, началник на Секторот за сузбивање на криминал, заменик на помошникот министер за криминалистичка служба во МВР и началник на Управата за внатрешни работи - Охрид, Кичево, Дебар и Струга.

Во периодот од 2000 до 2002 година работел како адвокат, а од 2 декември 2002 ја обавувал функцијата директор на Царинска управа.

Познат под прекарот Џанго, во 2006 година бил избран за личност на годината од страна на неделникот "Форум плус" [1]

Наводи

уреди
Политички функции
Претходник
Силјан Аврамовски
Министер за внатрешни работи на Македонија
2004–2006
Наследник
Гордана Јанкулоска