Симонe Падоин (роден на 18 март 1984) — италијански фудбалер, играч од одбраната или од средниот ред, на Каљари.

Италија Симоне Падоин
Лични податоци
Роден на 18 март 1984(1984-03-18)(40 г.)
Роден во Гемона дел Фриули, Италија
Висина &100000000000001770000001,77 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Каљари Каљари
Број 20
Младинска кариера
Аталанта Аталанта
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2003–2007 Виченца Виченца 122 (8)
2007–2012 Аталанта Аталанта 151 (17)
2012–2016 Јувентус Јувентус 84 (3)
2016– Каљари Каљари 0 (0)
Репрезентација
2006-2007 ИталијаИталија 21 6 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 21 септември 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 6 септември 2011

Клупска кариера уреди

Падоин е производ на академијата на фудбалскиот клуб Аталанта, но во 2003 година Симоне и се приклучил на екипата на Виченца во ко-сопственост договор (тој е разменет со Давиде Бривио). Целосна сопственост на Виченца тој станал една година подоцна. На почетокот на сезоната 2007-08, тој се вратил во Аталанта кога клубот го ангажираше назад во неговиот јуниорски тим. Тој додаде уште три години во неговиот договор во мај 2009 година, кога го продолжи договорот до јуни 2013.

По завршувањето на сезоната 2009-10 во Серија А, тој е позајмен од страна на Јувентус за време на нивната подготвителна американска турнеја, заедно со 3 други играчи. Тој одигра неколку натпревари за Јувентус во пред-сезонската турнеја и потоа се враќа во Аталанта за почетокот на новата сезона.

На 31 јануари 2012 година Падоин доаѓа вторпат во Јувентус, но овој пат потпишува постојан договор со клубот за сума од 5 милиони евра. Своето деби во дресот на Јувентус го има на 8 февруари 2012 во мечот од полуфиналето на италијанскиот куп против Милан што заврши со победа на неговата екипа од 2-1. Следниот викенд тој дебитира и во Серија А за Јуве откако го почна натпреварот во почетните 11 во победата над Катанија од 3-1. Својот прв гол за Јувентус, Падоин го постигна на 17 март (еден ден пред својот 28-ми роденден) 2012 кога Бјанконерите ја декласираа екипата на Фиорентина со 5-0 нагости. Дело на Падоин беше 5-тиот погодок во 72-ата минута од мечот. На крајот од сезоната Падоин го освојува своето прво Скудето во кариерата откако Јувентус по 28-ми пат стана шампион во Серија А.

По четири сезони во Торино, на 4 јули 2016 Падоин потпишал за новопромовираниот член на Серија А Каљари за сума од 600.000 евра.

Титули уреди

  Јувентус уреди

Надворешни врски уреди